Вести

Објавено на октомври 25th, 2019 | од admin

0

Beyond Silicon Valley – онлајн курс за претприемачи

Мајкл Голдберг, претприемач и професор на  универзитетот Case Western Reserve од Кливленд, на 23.10.2019  беше домаќин на  Зум семинар на кој  учествуваа студенти од самиот универзитет како и гости говорници од различни држави: Фатос Аксеми од Центарот за иновации во Јакова, Косово, Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија и Касилда претприемач од Венецуела кој живее и работи во САД.

Главниот фокус на гостите и студентите беше темата: Како  војната/политичките кризи влијаат врз економијата и претприемништвото. Исто така се стави акцент на можностите за подобрување на Претприемачкиот Екосистем на Венецуалела, зголемување на неговата ефикасност и можностите за поддршка за старапи во пост-кризините периоди.

Пред семинарот студентите од Универзитетот CWR направија интервју со 14 претприемачи од Венецуела за тоа како би функционирал бизнис или претприемништвото во момент на криза.

Во 2018 година професорот Голдберг го претстави курсот  Beyond Silicon Valley пред група студенти од Сирија кои го следеа курсот рамо до рамо со група  негови студенти од CWRU. Студентите од двете групи заедно доставија предлог препораки до Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) наведувајќи ги можностите како претприемачите можат да бидат потпомогнати и поддржани во повоените области. Погледнете го краткото видео тука.

Искуството и активностите на ЦЕФЕ Македонија во овој семестар и есента 2018 година беа земени како пример во градењето и зајакнувањето на претприемничкиот екосистем во земјата, а исто така служат како пример за улогата и придонесите на една организација во поддршката на економскиот развој.

Видеата  за поддршката на македонските претприемачи можете да ги погледате тука. Исто така, книгата што ја промовира улогата на ЦЕФЕ Македонија во македонскиот екосистем може да ја превземете тука.

Професорот Голдберг го лансираше курсот  Beyond Silicon Valley на Coursera во април 2014 година и привлече  над 175.000 студенти од 190 земји во текот на изминатите 5 години. Beyond Silicon Valley  е преведен на 16 јазици (повеќето на платформата Coursera) вклучувајќи го и шпанскиот.

Повеќе семинари од ваков тип како и дискусии во живо ќе се одржат во одредени понеделници и среди од 12: 45-2 часот попладне, сметано по Каракаско време, во текот на есенскиот семестар на CWRU кој почнува кон крајот на август и трае до почетокот на декември. Сесиите ќе бидат снимени и ќе ги користат студенти кои не се во можност да присуствуваат на дискусиите во живо.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑