Објавено на ноември 7th, 2019 | од admin
0Истражување за поддршката на семејните бизниси во Македонија
ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот „Успешно наследување на семејни бизниси во Македонија“ поддржан од Епазмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност извршува истражување за поддршката на семејните бизниси во Македонија како и креирање на политики за нивна одржливост, напредок и интернационализација.
За таа цел креирани се два прашалници за две целни групи:
- Првиот прашалник е наменет за локалните власти и креаторите на политики. Се однесува на улогата и поддршката што ја даваат државните институции на семејните бизниси. Прашалникот ќе го најдете на линкот: https://forms.gle/LjkLBuVSkkV33Y5FA
- Вториот прашалник е наменет за да се испита јавното мислење на тема кои се потребите на семејните биснизи во Македонија. Прашалникот ќе го најдете на следниот линк: https://forms.gle/erwH32ws5PiwrMv46
Со пополнување и споделување на прашалникот, придонесувате семејните бизниси во Македонија да добијат поддршка во однос на креирање на политики со кои ќе им се олени процесот на наследување, едукација, раст и развој на бизнисот, а истовремено ќе помогнете и во севкупниот развој македонската економија.
Имајќи го ова во предвид, вашиот одговор нема да остане на хартија, туку навистина ќе им помогне на надежните и перспективни лица да ги остварат своите претпреимачки цели и да дадат придонес кон градење на подобро општество за сите.