Вести

Вести

Онлајн средба помеѓу партнерите од проектот „Zooming Expression Unity Study – ZEUS”

На 07 и 08.10.2020 година, се одржа онлајн средба помеѓу партнерите од проектот „Zooming Expression Unity Study – ZEUS”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство за иновации и размена на добри практики, кој поради актуелната состојба со КОВИД-19 вирусот мораше да претрпи одредени промени. На состанокот помеѓу партнерите се дискутираа и испланираа активностите за проектот при што се креираше нова временска рамка. Исто така, се дискутираше и за одговорностите на партнерите, за успешното менаџирање и репортирање на проектот, како и за првиот интелектуален производ кој треба да произлезе наскоро од истиот. Овој проект има за цел да ги поддржува професорите и обучувачите преку креирање на образовни методи, развивање на нов курикулум и организирање на обуки од областа на неуро-лингвистичкото програмирање.

Вести

ЦЕФЕ Македонија овозможува учество во Еразмус + програмата за 200 лица

На ден 15.10.2020 година со почеток во 18:00 часот, ЦЕФЕ Македонија заедно со ЦЕФЕ Струмица и ЦЕФЕ Исток организираше онлајн настан под мотото “Преку Еразмус+ до нови животни хоризонти” кој беше во рамки на тродневниот глобален настан Денови на Еразмус+, каде паралелно во цел свет се акцентираат придобивките и бенефитите кои ги добиваат учесниците во таа програма.  Почетната цел  на овој настан беше како да им ја доловиме вистинската слика на учесниците за тоа што претставува оваа програма, какви промени може да предизвика самото учество во оваа програма како личност и како професионалец и сето тоа да биде споделено преку реални искуства на луѓе кои што веќе биле учесници во истата. На настанот се обратија пет искусни професионалци во своите области, кои со учесниците ги споделија своите искуства, како тоа ги има направено побогати како луѓе и како тоа им отворило пошироки хоризонти во животот и во нивната кариера. Како говорници кои споделија дел од своите лични искуства од Еразмус+ беа Константин Џиланов, Трајче Анастасов, Славица Јовческа, Стојне А. Димишкоска и Јаков Јовановски. Крајната цел на настанот беше да им понудиме на учесниците нешто реално каде и тие како и нашите говорници, доколку пројават интерес да можат директно да ги осетат благодетите од Еразмус + преку нивно вклучување во некои од тековните и идните проекти кои ги имплементира ЦЕФЕ Македонија. Беше понудена листа на Еразмус+ проекти, кои ги имплеметира ЦЕФЕ со основни информации за тоа што е проектот и какви активности следуваат во рамки на тој проект, а потоа беше дозволено на учесниците да изберат каде имаат најголем интерес да бидат вклучени. Вкупниот број на учесници кои ЦЕФЕ може да ги вклучи во своите проекти е 200 лица. Во прилог линк од самата листа: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe2xrWG3-Lno0hglOFMRn_HE0uQpSDUKbTYSdQv5rG1c9NWTw/viewform На настанот учествуваа вкупно 44 учесници кои беа регистрирани преку онлајн платформата ZOOM, а уште еден многу битен елемент околу настанот е дека целиот беше симултано преведуван на знаковен јазик па дел од учесниците беа лица со оштетен слух и се следеше од група на луѓе со оштетен слух во  O2 МР кафе барот место во сопственост на лице со оштетен слух. Овде ни помогна толкувачот Луиза Николовска која се успешно ги пренесе сите информации на лицата со оштетен слух. Сакаме да се заблагодариме на сите учесници и заинтересирани за програмата Еразмус+, надевајќи се на што поголем број на луѓе кои директно ќе ги искусат бенефитите од истата.

Вести

Коучинг на обучувачи за претприемништво

На 19 и 20 септември 2020 година, во хотел Изгрев, Штип се одржа коучинг на обучувачите за претприемништво, кои ја користат ЦЕФЕ Методологијата. Целта на дводневната обука и коучинг беше обучувачите да се подготват за подобро организирање и реализација на обуки за бизнис вештини за младите од Источна Македонија. На настанот обучувачите подготвуваа и реализираа вежби (бизнис симулации) на теми поврзани со претприемачките компетенции: идентификување и јакнење на лични претприемачки карактеристики, селекција и генерирање на бизнис идеја, околина на претприемачот и како да ја менаџира, поставување на бизнис цели, маркетинг план, производство и организација, финансиски план и реално водење на бизнис. Нема подобар учител од праксата, па така и обучувачите учеа од меѓусебната пракса, давањето и примањето фидбек, како и насочување од сениор обучувачите на ЦЕФЕ Македонија. После подолго време на работење онлајн, овој настан се одржа во живо, со почитување на протоколите од институциите и хотелот.  Протоколите за заштита се обезбедени и ќе се применуваат и на обуките за бизнис вештини за млади: простории кои обезбедуваат растојание од метар меѓу учесниците, обезбедивме маски за секој учесник, санитетски течности за дезифенкција, безконтактни топломери за мерење телесна температура. Обуката и коучинг се спроведува во рамки на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија”, кој што е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, Македонија. Настанот има за цел да придонесе кон јакнење на капацитетите на обучувачите од двата нови центри за претприемништво ЦЕФЕ Исток, Штип и ЦЕФЕ Струмица во Струмица.  После успешно завршување на обуките, учесниците ќе се стекнат со сертификат за бизнис вештини од ЦЕФЕ Македонија, додека обучувачите ќе ја потврдат способноста за национални обучувачи според ЦЕФЕ Методологија.

Вести

Усогласени главните цели и фази на проектот „Социјално претприемништво за млади – SE4YOU”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство во областа на едукација на млади

На ден 16.09.2020 година, се одржа првата онлајн средба заедно со партнерите од Исланд, Грција, Кипар, Италија и Литванија во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади – SE4YOU”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство во областа на едукација на млади, со што и официјално беше означен почетокот на проектот. На воведниот состанок помеѓу партнерите се дискутираше за главните целите и фази на проектот, за одговорностите на партнерите и за интелектуалните производи кои треба да произлезат од истиот. Овој проект има за цел да ги поддржува младите луѓе кои што сакаат да се развиваат лично и професионално додека се грижат за другите суштества и нивната околина. Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската комисија.

Вести

Повик за учество на обуки за бизнис вештини во Источна Македонија

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија” ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и бизнис планирање. Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис. За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности! На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план. Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење. Теми кои ќе се разработат на обуката се: Лични претприемачки карактеристики Генерирање и селекција на идеи Поставување на цели и менаџирање на околина Организација и производство Маркетинг и истражување на пазар Финансиски менаџмент Бизнис планирање После оваа обука вие ќе бидете способни да: Го препознаете својот претприемачки капацитет; Воспоставите мрежа на бизнис контакти; Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање; Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија; Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот; Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа; Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата; Ги пресметате основните средства; Изготвите биланс на состојба; Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање. Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се: Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста Изработена СВОТ анализа Студија од пазарот Финансиски план Бизнис план Обуката е дизајнирана да се реализира во три дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање. Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори. КОГА ќе се одржуваат?  септември – октомври 2020 година. КАДЕ? Град Време на реализација Место на реализација Свети Николе 22/23/24 Септември   Ресторан Илинден – с.Црнилиште, Св.Николе Радовиш 23/24/25 Септември-комбинирана обука Microsoft Teams платформа, хотел Амбасадор, Радовиш Кочани 26/27/28/ Септември Хотел Брана Градче, Кочани Струмица 3/4/5 октомври   Ресторан Тивериопол, старо Под Оревчето, Струмица Штип Ќе биде дополнително потврдено ПСУ САБА- Штип   Штип 25,26,27 септември Хотел Изгрев – Штип ВАЖНО: Местата се ограничени на 15 учесници. ***Сите капацитети каде ќе се изведуваат обуките работат согласно протоколот и препораките на владата за заштита од КОВИД 19 Што добивам дополнително? Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; Освежување, кафе и храна за време на обуката; Што треба да инвестирам за себе? Време, посветеност, активно учество Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава со цел на дознака „Обука за бизнис вештини во ——–“ до 20 септември 2020 година. ***ИЗВЕСТУВАЊЕ – Повикот за учевство на обуките за бизнис вештини во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија” се продолжува до 23 септември за обуките во хотел Изгрев- Штип, ПСУ САБА Штип и за обуката во Струмица. Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Благој Трајков 071/324-959, Јован Сталевски 078/437-267 blagoj.t@cefe.mk, j.stalevski@cefe.mk * – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). – Нецелосните пријави ќе се разгледуваат последни. Организаторите го задржуваат правото на промени на датумите или локацијата со најава на учесниците.Организаторите го задржуваат правото на комбинирање на групите заради хомогеност или хетерогеност, во зависнот од целите на обуките. Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1021800674532646.1073741851.669733173072733&type=3 https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10150177029842465.265390.62185562464&type=3 https://www.facebook.com/media/set/?set=a.149198888596348.1073741832.106437769539127&type=3 https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk

Вести

Повик за учество на тркалезни маси кои се спроведуваат во рамките на проектот “Одржлив развој преку спорт”

Во рамките на проектот “Одржлив развој преку спорт” како дел од Еразмус+ програмата КА2: Стратешки партнерства во полето на едукација за возрасни, ЦЕФЕ Македонија спроведува повик за учество на тркалезни маси. Во перидот од 03.09.2020 до 04.09.2020 предвидени се две тркалезни маси кои ќе се одржат онлајн, на платформата ZOOM. Тркалезна маса – Одржлив развој преку спорт 03.09.2020 Оваа тркалезна маса е наменета за тренери, ментори или учители кои ќе работат со жени кои треба да бидат вклучени во процесот на едукација, развој или наоѓање на работно место преку спортот. Тркалезната маса ќе се одржи онлајн, на платформата ZOOM, а линк од истата ќе ви биде испратен на мејл адресата која ќе ја оставите при пополнување формуларот кој што можете да го најдете на следниот линк. Датумот на одржување ќе биде 03.09.2020 година со почеток во 18:00 часот. Тркалезна маса – Одржлив развој преку спорт 04.09.2020 Оваа тркалезна маса е наменета за учесници жени во рамки на старосната група од 20 до 34 години. Тркалезната маса ќе се одржи онлајн, на платформата ZOOM , а линк од истата ќе ви биде испратен на мејл адресата која ќе ја оставите при пополнување на формуларот кој можете да го најдете на следниот линк. Датумот на одржување ќе биде 04.09.2020 година со почеток во 18:00 часот ЗА ПРОЕКТОТ Овој проект има за цел да ги развие клучните компетенции на едукаторите/обучувачите за возрасни и да им даде на жените можности за вмрежување, учење и вработување преку користење на спорт. Исто така има за цел да го подигне знаењето за целите на Обединетите Нации за одржлив развој во светот!