Усогласени главните цели и фази на проектот „Социјално претприемништво за млади – SE4YOU”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство во областа на едукација на млади

На ден 16.09.2020 година, се одржа првата онлајн средба заедно со партнерите од Исланд, Грција, Кипар, Италија и Литванија во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади – SE4YOU”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство во областа на едукација на млади, со што и официјално беше означен почетокот на проектот.

На воведниот состанок помеѓу партнерите се дискутираше за главните целите и фази на проектот, за одговорностите на партнерите и за интелектуалните производи кои треба да произлезат од истиот.

Овој проект има за цел да ги поддржува младите луѓе кои што сакаат да се развиваат лично и професионално додека се грижат за другите суштества и нивната околина.

Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската комисија.