Вести

Вести

Успешно реализиран настан во рамките на Глобалната Недела за претприемништво 2020

На 21.11.2020 година, во рамките на Глобалната недела за претприемништво се оддржа онлајн настан во организација на ЦЕФЕ Македонија, а во соработка со Startup Macedonia. Настанот се оддржа под насловот „ Competency based economies, through creation of entrepreneurs”. Целта на настанот беше да се прикаже влијанието на искуствените обуки врз градењето на компетенти претприемачи, а преку нив и на компетентни економии. Самиот настан беше официјално отворен од претставникот на Глобалната Недела за претприемништво за Р.Македонија и StartUp Macedonia , Симона Чаминска. Настанот беше интернационален и учество зедоа голем број на ЦЕФЕ обучувачи и претприемачи не само од Македонија, туку и од други земји во светот, како што се Филипини, Венецуела итн. Покрај презентацијата на добри пракси за креирање и промоција на претприемачка култура и придобивките од интелектуалната сопственост и бренд во водење на бизнис, самиот настан беше искористен и за промоција и инаугурација на новите ЦЕФЕ центри и обучувачи од Источна Македонија. Настанот се оддржа преку ЗУМ платформата и на истиот присуствуваа околу 30тина учесници.

Вести

Втор состанок во рамките на проектот „SE4Y –Социјално претприемништво за млади“ – Еразмус + KA205 – Стратешко партнерство за млади

На 17-ти ноември, 2020 година, се одржа втор состанок во рамките на проектот „SE4Y –Социјално претприемништво за млади“ – Еразмус + KA205 – Стратешко партнерство за млади. Средбата се одржа преку интернет преку платформата ЗООМ, а на состанокот беа присутни претставници од сите партнери на проектот. На состанокот беа дискутирани следните теми: Интелектуален резултат 1 „Патоказ за социјален бизнис за создавање социјално претпријатие во 10 чекори“ – обезбедување на заеднички обрасци, специфични упатства за финализирање на IO1. Дистрибуција на активности и задачи и преглед на изработениот материјал Рокови за спроведување на секоја активност Дискусија и прашања (за активностите на проектот или други релевантни прашања) Следен виртуелен состанок за имплементација на IO1 и следни чекори Сите партнери се согласија за следните активности, роковите и распределбата на задачите. Следниот состанок ќе се одржи на 15-ти декември 2020 година. Овој проект има за цел да ги оспособи младите со специфични компетенции и вештини за водење на сопствени социјални претпријатија.

Вести

Глобална недела на претприемништвото 2020

Во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2020 (GEW2020), која ќе се оддржи од 16.11.2020 – 22.11.2020, ЦЕФЕ Македонија организира онлајн настан на тема „Competency based economies through creation of entrepreneuers” (Преку компетентни претприемачи градиме конкурентни економии). Настанот ќе се оддржи на 21.11.2020 (сабота) во периодот од 17.00 – 20.00 часот, преку онлајн платформата ZOOM. Настанот ќе се реализира главно на македонски јазик, и делумно на англиски јазик. Говорници на настанот ќе бидат: Влатко Данилов – ЦЕФЕ тренер и консултант Rene Trex Resurreccion – Passion for Perfection, The Philippines Angelita B. Resurreccion – CEFE Philippines Juan Moya – CEFE Venezuela (Groupa Easy) Гого Рафајловски – IP консултант Емилија Митева Кацарки –  про декан на Економски факултет при УГД Штип и ЦЕФЕ тренер, ЦЕФЕ ИСТОК Модератори и говорници на настанот ќе бидат: Јован Сталевски – ЦЕФЕ тренер и консултант, ЦЕФЕ Македонија Благој Трајков – проектен менаџер и ЦЕФЕ тренер, ЦЕФЕ ИСТОК Настанот ќе се реализира по следнава агенда: Зошто искуствено учење во обуките за претприемништво? Кое е влијанието и добивките од ЦЕФЕ Методологијата во светот и Македонија Зошто се важни обучувачите за претприемништво во креирањето на компетентни економии? Презентирање на добра пракса за креирање и промоција на претприемачка култура во Македонија. Инагурирање на новите ЦЕФЕ обучувачи и центри во Источна Македонија. Сите заинтересирани учесници за овој настан ќе можат да го пријават своето учество на следниот линк: https://forms.gle/F2eYBNPD6zE5azPp7 Линк до платформата ZOOM: https://us02web.zoom.us/j/81418024209?pwd=Z1VsbUI0YWRSZnBBUDhHa3J6T0dqdz09

Вести

Македонската претприемачка приказна се изучува на престижен универзитет во САД

Во 2015 година, тимот на ЦЕФЕ Македонија произведе видеа кои го претставуваат првиот масивен отворен онлајн курс за екосистемот за поддршка на претприемништвото во Македонија.  Во интервју за Форбс, во 2018 година, Нина Николиќ беше интервјуирана како се зароди и како се развива македонскиот претприемачки екосистем. Во друг артикл за претприемачкиот екосистем на Балканот пишува и порталот медиум.цом. Горди сме што ова се дел од материјалите кои студентите на Case Western Reserve University, Weatherhead School of Management ги изучуваат во есенскиот семинар SAGES Seminar – Fall 2020. Професорот Michael Goldberg, и неговите колеги Tiffany McNamara и Dr. John Higgins ги постигнуваат целите на овој семестар преку виртуелни работилници, дискусии, панели, студии на случај со реномирани гости, претприемачи и академици од целиот свет. На 20ти октомври (од 16ч до 17ч) на онлајн заеднички час се дискутираше Македонската претприемачка приказна помеѓу студентите од Weatherhead School of Management (САД), студентите од Економски Факултет – Штип, студенти од Јужна Африка и гостите говорници Проф. Ристе Темјановски, асистент Мила Митрева и Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија.  Покрај поддршката на македонските претприемачи во услови на криза, се дискутираше и за влијанието на ковид19 пандемијата врз македонските бизниси и можните решенија кои се бараат од бизнис секторот.  Соработката меѓу ЦЕФЕ Македонија и професорот Michael Goldberg од Case Western Reserve University – Охајо, САД, се одвива од 2014 година до денес, преку размена на искуства и практики во областа на претприемништвото, организирање на едукативни настани, криерање на литература за претриемачи, вмрежување со чинители од бизнис екосистемит насекаде во светот. 

Вести

Успешно реализрани обуки за бизнис вештини во Источна Македонија

Во рамките на проектот “Креирање на регионални цетри за претприемништво во Источна Македонија“, ЦЕФЕ Македонија во месец септември успешно реализираше 5 обуки за бизнис вештини во градовите Свети Николе, Струмица, Штип, Кочани и Радовиш. Обуките беа реализирани според ЦЕФЕ Методологијата, која што содржи практични вежби како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач. Сите обуки ги водеа 13 различни ЦЕФЕ обучувачи и ментори.  Особено не радува фактот што интересот за овие обуки беше навистина огромен. На нив присутвуваа потенцијални и постоечки претприемачи, вработени во организации кои го помагаат на претприемништвото, а уште поголемо задоволство беше и да се видат повеќе од 80 млади луѓе кои беа дел на обуките. Повеќе од 85% од учесниците изјавија дека се премногу задоволни од начинот и методологијата на самите обуки. Самото тоа покажува дека источниот регион на Македонија е спремен за развој на претприемништвото и создавање на нови можности, особено за младите луѓе.    Покрај досегашните пет обуки, во октомври е предвидена да се реализира уште една обука за бизнис вештини во Штип, па дури потоа ќе има официјална церемонија за сертифицирање на новите ЦЕФЕ обучувачи која што ќе се одржи на Глобалната недела за претприемништво во ноември.  Овој проект е поддржан од страна на Американската Амбасада во Скопје. 

Вести

Конгрес за Искуствено Учење – Истанбул 2020

ELCON’2020 https://www.elcongress.com/ ќе се организира како виртуелен настан на 23-24 октомври 2020 година во Истанбул, со почесното присуство на Алис Ј.Колб и Дејвид А.Колб (основоположник на моделот за исксутвено учење – на кој што се заснова и целосната ЦЕФЕ Методологија). Конгресот има за цел да ги собере водечките академици, креатори на политики, независни научници, истражувачи, едукатори и обучувачи за да ги споделат своите знаења, нови идеи, како и да разговараат за идниот развој во искуствено учење и образование. Дополнителна цел на ELCON’2020 е да обезбеди можност за академици, професионалци, невладини организации, истражувачи, наставници, дипломирани студенти и секој што се посветил на искуствено учење и образование да се сретнат и да комуницираат едни со други.  Обучувачи од ЦЕФЕ Македонија (Јован Сталевски) заедно со своите колеги од ЦЕФЕ Венецуела (Хуан и Лора Моја) и ЦЕФЕ Филипини (Ангелита и Рене Резорекшн) ќе го водат панелот за „придонесот на искуственото учење во развој на претприемачките компетенции“.  Панелот, според агендата ќе се одвива на 23ти октомври од 14 до 15 часот (турска временска зона). Или од 13 до 14 часот по Македонско време. За останатите временски зони може да го користите тајм зоун конвертор. Конгресот ќе биде на англиски јазик. Пријавете го вашето учество за конгресот најкасно до 19 октомври 2020 на следниот линк.