Author name: CEFE

Изминати проекти, Проекти

Како до подобри обучувачи преку НЛП техники

ЦЕФЕ Македонија започна стратешки проект за креирање и подобрување на компетенциите на обучувачите во Македонија, Германија, Романија и Италија. Целта и фокусот на ова партнерство ќе биде да истражи и креира материјали за специфичен дел од невербалната комункација – фацијалните експресии. Зошто? Бидејќи само овој дел од нашето тело останал непроменет во еволуцијата на човекот, под влијание на културата, социјалното опкружување и географската положба. Што ќе испорачаме во следните две години? Книга наречена “Мимика”, како и софтвер за препознавање и учење на фацијалните експресии со помош на технологијата што забрзано доаѓа – огментирана реалност. Придобивките од овие производи се подобрување на обучувачките способности и самодоверба во формалното и неформалното образование. Партнери во проектот се: – тренинг и консалтинг центар “Трејнифик” од Букурешт, Романија, – конзорциум на експерти, обучувачи и консултанти “ИнфорЕлеа” од Торино, Италија, – ВЕТ центар “Соларис” од Лајпциг, Германија и – ЦЕФЕ Македонија, како организација која е мрежа на обучувачи и консултанти за искуствено учење по претприемништво во целиот свет. Во периодот од декември 2019 до декември 2021 ќе соработуваме со академици, обучувачи и НЛП експерти благодарение на Еразмус+ програмата на Европската Комисија и Романската Национална Агенција за Мобилост и Едукација. Мислите дека може да придонесете во овој несекојдневен проект, или сакате да ги надоградите Вашите компетенции? Пишете ни на info@cefe.mk

Вести

Успешните искуства на “Џојфул Лидершип” во Хрватска од нашите учесници

Една од учесничките на обуката на “Џојфул Лидершип” што се одржи од 9 до 17 ноември 2019 во Загреб, Хрватска, Олгица Илиевска, ги сподели искуствата од овој тренинг. Обуката траеше 7 дена и беше организирана од Udruga O.A.ZA. Имавме професионални тренери од Хрватска и Унгарија. Во текот на обуката имавме можност преку, практични примери, симулации, демонстрации и лично менторство да научиме како да ги развиеме вештините за да станеме лидери, како да ги искористиме тие вештини, како да бидеме инфлуенсери и да ги инспирираме и мотивираме другите. Зборувавме за видови на лидество и каква моќ поседуваат лидерите, како да ги поставиме нашите цели и како да ги реализираме, исто така како на ефикасен начин да ги претставиме нашите идеи пред другите. Освен тоа научивме како да го организираме нашето време за да бидеме поефикасни, како да бидеме дисцилинирани во остварување на нашите цели и како да успееме да го балансираме нашиот живот. Имавме практични примери и вежби кои ги правевме поделени во групи, каде се стекнавме со знаење и искуство како успешно можеме да ги извршиме задачите во групата. Бевме околу 30 луѓе од 10 различни групи, со кои станавме добри пријатели, и од кои научивме многу но исто така и споделивме наши искуства и знаења. Дефинитвно прекрасно искуство каде се стекнав со многу нови вештини и прекрасни пријателства. Изјава: Олгица Илиевска

Вести

Новите национални херои на државата се семејните бизниси

Со оглед на економските процеси низ кои изминативе 25 години минува Македонија, може да им се даде признание на семејните бизниси дека се новите национални херои, затоа што и покрај бројните предизвици на земјата, тие опстанале до денес и вработуваат и ги одржуваат локалните економии. Ова беше еден од заклучоците од Форумот за успешно наследување на семејните бизниси, кој на 21 и 22 ноември 2019 година се одржа во Битола. Наследниците на семеен бизнис, претставниците од институциите и од образовниот сектор, дискутираа и споделуваа мислења со цел да се дадат препораки за креирање на политики за поддршка на транзицијата на семејниот бизнис од една генерација во друга. Иако секој семеен бизнис е различен и не може да се аплицира единствен метод или модел за нивните предизвици, потреби и проблеми, сепак меѓу генералните препораки се: Да се прошири свесноста за добивките и за постоењето на семејните бизниси во една локална економија, преку негување на претприемачката култура во училиштата, институциите и семејството. Да се поддржат наследниците на семејни бизниси во градење на нивни компетенции и знаења, преку обука, коучинг и менторство. Да се инволвираат како посебна категорија во финансиска или техничка поддршка што се даваат преку оперативните планови на државните институции, Учесниците на форумот се изјаснија дека најсоодветен начин за стекнување со нови знаења и вештини кои ќе ги применат во успешно превземање на семејниот бизнис е преку обука, како и споделување на искуства со други претставници на семејни бизниси. Овој настан имаше цел да поттикне дијалог за креирање политики за економски развој и беше претставен и во светски рамки преку Глобалната недела на претприемништвото 2019, што се случува во Македонија од 18 до 24 ноември 2019 година, благодарение на организацијата која ги обединува поддржувачите на стартап екосистемот во државата – Стартап Македонија.

Вести

Истражување за поддршката на семејните бизниси во Македонија

ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот „Успешно наследување на семејни бизниси во Македонија“ поддржан од Епазмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  извршува истражување за поддршката на семејните бизниси во Македонија како и креирање на политики за нивна одржливост, напредок и интернационализација. За таа цел креирани се два прашалници за две целни групи: Првиот прашалник е наменет за локалните власти и креаторите на политики. Се однесува на  улогата и поддршката што ја даваат државните институции на семејните бизниси. Прашалникот ќе го најдете на линкот: https://forms.gle/LjkLBuVSkkV33Y5FA Вториот прашалник е наменет за да се испита јавното мислење на тема кои се потребите на семејните биснизи во Македонија. Прашалникот ќе го најдете на следниот линк: https://forms.gle/erwH32ws5PiwrMv46 Со пополнување и споделување на  прашалникот, придонесувате семејните бизниси во Македонија да добијат поддршка во однос на креирање на политики со кои ќе им се олени процесот на наследување, едукација, раст и развој на бизнисот, а истовремено ќе помогнете и во севкупниот развој македонската економија. Имајќи го ова во предвид, вашиот одговор нема да остане на хартија, туку навистина ќе им помогне на надежните и перспективни  лица да ги остварат своите претпреимачки цели и да дадат придонес кон градење на подобро општество за сите.  

Изминати проекти, Проекти

„Форум за успешно наследување на семеен бизнис во Македонија“

Настан кој што ќе ве инспирира, мотивира и вмрежи! „Форум за успешно наследување на семеен бизнис во Македонија“ (Образовниот, јавниот и приватниот сектор заедно за иднината на семејните бизниси) Датум: 21 и 22 ноември 2019 Локација: Хотел Милениум, Битола Контакт: Јован Сталевски j.stalevski@cefe.mk и Оливера Ефтимовска olivera.e@cefe.mk Економските актери и креаторите на политики во Македонија постојано бараат решенија за да создадат нови работни места и да го стимулираат економскиот раст. За таа цел најпотребно е креирањето на нови и иновативни компании, но секако и поддршка и раст на постоечките традиционални бизниси. Во Македонија семејните бизниси заземаат речиси две третини од вкупната бројка на компании и имаат голем удел во бруто домашниот производ, како и во понудата на работни места. Од тука може да се каже дека се клучни за македонската економија. Главна одлика на семејните бизниси, доколку се добро менаџирани, е нивната долготрајност, флексибилност и најважно од се, пренесувањето на капиталот, трансферот на вештините, знаењето и вредностите од една на друга генерација. За таа цел, ЦЕФЕ Македонија, во соработка со институциите за поддршка на претприемачите, како и претставници на семејните бизниси, го организираат „Форумот за успешно наследување на семејните бизниси во Македонија“. Целта на форумот е да промовира и стимулира дијалог помеѓу младите наследници на семејни бизниси и креирачите на политики за развој на економијата во државата, да идентификуваат политики и активности кои што ќе го олеснат процесот на наследување на бизнисот како и негов раст и интернационализација. Модераторите и гостите говорници преку дискусија со основачи и наследници на семејните бизниси, ќе ви ги пренесат добрите практики кои им овозможиле континуиран раст и развој на нивните компании, предизвиците со кои тие се соочуваат, како и решенија кои се покажале како најефикасни за надминување на предизвиците, политиките и активностите за поддршка на семејните бизниси во Македонија. Преку оваа конференција сакаме да придонесеме кон: – идентификување на сегашните и идните актери во екосистемот за поддршка на семејните бизниси – разбирање и дефиниција на семејните бизниси и нивната важност за македонската економија – потенцирање на некои од бариерите за одржлив развој и наследување на семејните бизниси и како да ги решиме – идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на семејните бизниси во државата – пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со развој, успешно наследување на семејните бизниси и нивна интернационализација – јакнење на младите наследници на бизниси со вештини за иницирање на дијалог и лобирање за креирање подобра клима за раст на семејниот бизнис Освен знаењето и практичното искуство кое ќе ви го пренесат нашите почитувани гости, дополнителна вредност на овој настан е што по завршувањето на официјалниот дел, предвиден е и коктел, каде во релаксирана атмосфера ќе имате можност да се запознаете и да се вмрежите со останатите претставници на семејните бизниси, како и претприемачи со кои би можеле да остварите понатамошна соработка и размена на искуства. Конференцијата е наменета за: Сопствениците на бизниси кои сакаат да им го предадат бизнисот на нивните наследници; Наследници кои имаат некакви вештини за водење и превземање на бизнисот; Оние на кои што родителите сакаат да им го предадат бизнисот, но не се во бизнисот и немаат основни вештини за водење и превземање на бизнис; претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото (финансиски институции, здруженија на граѓани, јавни институции за креирање на политики, лидери и претставници на бизнис инкубатори, акселератори, бизнис ангели, кредитни фондови). Млади, студенти, претприемачи Настанот ќе биде одржан на 21 и 22 ноември 2019 во Хотел Милениум, Битола, со времетраење од 09:00 до 18:00 часот. Бидејќи местата се ограничени на вкупно 60 учесници и гости, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.

Вести

Beyond Silicon Valley – онлајн курс за претприемачи

Мајкл Голдберг, претприемач и професор на  универзитетот Case Western Reserve од Кливленд, на 23.10.2019  беше домаќин на  Зум семинар на кој  учествуваа студенти од самиот универзитет како и гости говорници од различни држави: Фатос Аксеми од Центарот за иновации во Јакова, Косово, Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија и Касилда претприемач од Венецуела кој живее и работи во САД. Главниот фокус на гостите и студентите беше темата: Како  војната/политичките кризи влијаат врз економијата и претприемништвото. Исто така се стави акцент на можностите за подобрување на Претприемачкиот Екосистем на Венецуалела, зголемување на неговата ефикасност и можностите за поддршка за старапи во пост-кризините периоди. Пред семинарот студентите од Универзитетот CWR направија интервју со 14 претприемачи од Венецуела за тоа како би функционирал бизнис или претприемништвото во момент на криза. Во 2018 година професорот Голдберг го претстави курсот  Beyond Silicon Valley пред група студенти од Сирија кои го следеа курсот рамо до рамо со група  негови студенти од CWRU. Студентите од двете групи заедно доставија предлог препораки до Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) наведувајќи ги можностите како претприемачите можат да бидат потпомогнати и поддржани во повоените области. Погледнете го краткото видео тука. Искуството и активностите на ЦЕФЕ Македонија во овој семестар и есента 2018 година беа земени како пример во градењето и зајакнувањето на претприемничкиот екосистем во земјата, а исто така служат како пример за улогата и придонесите на една организација во поддршката на економскиот развој. Видеата  за поддршката на македонските претприемачи можете да ги погледате тука. Исто така, книгата што ја промовира улогата на ЦЕФЕ Македонија во македонскиот екосистем може да ја превземете тука. Професорот Голдберг го лансираше курсот  Beyond Silicon Valley на Coursera во април 2014 година и привлече  над 175.000 студенти од 190 земји во текот на изминатите 5 години. Beyond Silicon Valley  е преведен на 16 јазици (повеќето на платформата Coursera) вклучувајќи го и шпанскиот. Повеќе семинари од ваков тип како и дискусии во живо ќе се одржат во одредени понеделници и среди од 12: 45-2 часот попладне, сметано по Каракаско време, во текот на есенскиот семестар на CWRU кој почнува кон крајот на август и трае до почетокот на декември. Сесиите ќе бидат снимени и ќе ги користат студенти кои не се во можност да присуствуваат на дискусиите во живо.