Проекти

Објавено на декември 17th, 2019 | од admin

0

Како до подобри обучувачи преку НЛП техники

ЦЕФЕ Македонија започна стратешки проект за креирање и подобрување на компетенциите на обучувачите во Македонија, Германија, Романија и Италија.

Целта и фокусот на ова партнерство ќе биде да истражи и креира материјали за специфичен дел од невербалната комункација – фацијалните експресии. Зошто? Бидејќи само овој дел од нашето тело останал непроменет во еволуцијата на човекот, под влијание на културата, социјалното опкружување и географската положба.

Што ќе испорачаме во следните две години? Книга наречена “Мимика”, како и софтвер за препознавање и учење на фацијалните експресии со помош на технологијата што забрзано доаѓа – огментирана реалност.

Придобивките од овие производи се подобрување на обучувачките способности и самодоверба во формалното и неформалното образование.

Партнери во проектот се:

– тренинг и консалтинг центар “Трејнифик” од Букурешт, Романија,

– конзорциум на експерти, обучувачи и консултанти “ИнфорЕлеа” од Торино, Италија,

– ВЕТ центар “Соларис” од Лајпциг, Германија и

– ЦЕФЕ Македонија, како организација која е мрежа на обучувачи и консултанти за искуствено учење по претприемништво во целиот свет.

Во периодот од декември 2019 до декември 2021 ќе соработуваме со академици, обучувачи и НЛП експерти благодарение на Еразмус+ програмата на Европската Комисија и Романската Национална Агенција за Мобилост и Едукација.

Мислите дека може да придонесете во овој несекојдневен проект, или сакате да ги надоградите Вашите компетенции? Пишете ни на info@cefe.mk


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑