Author name: CEFE

Вести

Работна посета во Вору, Естонија во рамките на проектот “САПЕ“

Во периодот од 22.05-26.05.2023 година, претставници на ЦЕФЕ Македонија заедно со претставници од СОУ “Љупчо Сантов“-Кочани, OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид и  University of Information Science and Technology – St. Paul the Apostle  учествуваат на работна посета во областа Вору, Естонија во рамки на проектот “САПЕ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти“.  Целта на посетата е размена на добри практики и искуства за поддршка и зајакнување на претприемачките вештини кај младите преку неформално образование. Првиот ден од посетата започна со претставување на учесниците од сите партнерски организации и кратка презентација на Võrumaa Arenduskeskus кои воедно беа и домаќини на средбата.  Истиот ден беше остварена посета на Võru Gümnaasium, каде беа презентирани активностите и програмите на оваа образовна институција во делот на претприемништвото, и успесите кои ги имаат постигнато на национално и меѓународно ниво. Првиот ден заврши со посета на Фондот за Осигурување на невработени лица, како и посета на Võru HUUB, центар за развој и поддршка на млади претприемачи. Вториот и третиот ден учесниците на работната посета имаа можност да го посетат Võrumaa Vocational Education Center,  центарот за компетенции Tsenter – Puidutöötlemise ja mööblitootmise kompetentsikeskus, фабриката за преработка на дрво Barrus , хотелот Кубија, како и областа Rõuge. Учесниците се запознаа со начинот на работа на стручните училишта и со можноста за практична работа на учениците која им ја нуди самиот образовен центар, како и голем дел од приватниот бизнис сектор во областа Вору. Исто така, тие се запознаа и со образовниот систем и модел во Естонија, кој дава одлични резултати и ја рангира Естонија помеѓу водечките земји во делот на образованието во светски рамки. Претприемништвото и ИТ вештините се суштински дел од нивниот образовен модел и се изучуваат од најмала возраст, што ја прави Естонија една од најнапредни држави во делот на дигитализацијата и начинот на основање и водење на сопствен бизнис. Проектот “САПЕ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти“ е проект поддржан од Еразмус + програмата на Европската Комисија

Вести

Потпишан меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. Целта на овој меморандум е преку взаемна соработка двете организации да иницираат активности кои ќе поттикнуваат претприемнички иницијативи во земјава, како и интерeс за наука, технологија и иновации кај младите. Студентите од универзитетот досега имаа една обука за развој на бизнис идеја преку ЦЕФЕ Методлогијата на која што обучувачи беа сертифицираните ЦЕФЕ тренери Валентина Тодороска и Елена Гагачева. Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија и професор д-р Устијана Речкоска Шикоска проректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

Изминати проекти, Проекти

Како да ја подобриме иновативноста кај учениците и студентите од стручното образование?

На 12.03.2023 во Скопје, Македонија се оддржа првиот транснационален состанок помеѓу партнерите од проектот SAPE – Strengthening Apprentices on Entrepreneurship. Главната тема на состанокот беше менаџирањето на проектот преку користење на различни алатки, а се зборуваше и се договорија датумите за идните активности и производи кои треба да произлезат од проектот. Следната активност која е предвидена во рамки на проектот се Обуки за обучувачи на тема претприемништво и меки вештини. По успешно завршената обука, самите обучувачи е потребно да извршат локални имплементации. За таа цел ЦЕФЕ Македонија ги повикува сите заинтересирани обучувачи кои сакаат да се пријават за обуката и да бидат дел од овој проект да се пријават на следниот линк: https://bit.ly/3mXK5GE Секој од избраните обучувачи ќе ги има следниве обврски: Да учествува на онлајн состаноци Да посети обука за обучувачи во Анкара, Турција (септември,2023) Да организира и имплементира локални работилници во периодот од октомври до декември 2023 Да изготви извештај за реализираната имплементација Да ги менторира учесниците на локалните работилници во подоцнежната фаза од проектот Главната цел на проектот е подобрување на иновативноста кај учениците и студентите од стручното образование преку зајакнување на нивните меки вештини и знаење за претприемништвото Координатор на проектот е МЕСВАК Турција, а парнери се АДНЕ – Директорат за национално образование Анкара, Турција, ЦЕФЕ Македонија и ВАК Естонија

Проекти, Тековни проекти

Да научиме како да се поттикнеме да учиме

Сите ќе се сложите дека светот во кој живееме рапидно се развива и менува. Едукативните институции имаат административна пречка за брзо да се адаптираат на постојано новите знаења што секојдневно произлегуваат. Затоа секој човек кој сака да биде успешен во денешниот свет треба да го прифати концептот на „учење додека си жив“ (Life Long Learning)  и да стекне вештини за „учење поттикнато од самиот себе“ (Self Directed Learning). За таа цел, ЦЕФЕ Македонија се вклучи на меѓународниот тим на проектот Self-Directed Learning Competencies for people neither in education, employment nor traininings – SDL4NEEET (Компетенции за поттикнување на лично учење за лицата кои не се во работен, обучувачки или едукативен процес).  Тимот на проектот се сретна во Рига, Латвија од 06 до 09 март 2023 да ја претстави големата слика до партнерите. Проектот SDL4NEET ја детектира потребата од промени на  начинот на учење и цели кон усвојување подобри вештини меѓу младите кои ќе придонесат за ефикасно, лесно и брзо учење. Перспективите и очекувањата поврзани со проектот, беа само дел од првиот состанок во организација на IELN од Естонија координатор на проектот, DeM од Турција, PRISMS од Малта.  Како претставници од ЦЕФЕ Македонија, присуствуваа Ј.Сталевски, и В.Тодороска.  Концептот на самопоттикнато  учење се состои од пренесување на компетенции до младите, кои ќе им помогнат да преземат поголема одговорност кон образовниот себеразвој, да постават цели и да пронајдат извори за учење кои вклучуваат соодветна стратегија но и евалуација на достигнувањата.  Ги покануваме да ни се приклучат едукаторите кои сакаат да им помогнат на барем 2-3 млади лица околу нив да се вратат или вклучат во процесот на едукација или обука. Добивките за вас се: стекнување на искуство и методологија за поттикнување на младите да се поттикнати да учат од самите себе, подобрување и компетитивност во вашето работење преку вмрежување со интернационални едукатори, размена на искуства и учество на две обуки за обучувачи во Малта и Турција,  лична сатисфакција, преку правење на добро дело доколку менторирате и им помогнете на некои млади околу вас да си го најдат патот на нивното учење, а со тоа и нивна себе реализација, интернационала препознаеноост на вашите активности во рамки на проектот преку учество на интернационални и национални конференции. хонорари за придонес во креирање на методологија за себепоттикнато учење. Исто ги покануваме и сите млади лица кои во периодот не се вклучени во формален образовен процес и се невработени да се приклучат во проектот за да добијат: вештини за како да се мотивираш да учиш на различни начини без некој да мора да те турка, вмрежување и учество на интернационален камп со уште 40 други млади од Естонија, Турција, Македонија и Малта, информации за твојот стил на учење и каде има можности да ги оствариш твоите кариерни и лични цели. Сите заинтересирани контактирајте не на info@cefe.mk Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку Естонската Национална Агенција за Европски Образвони Програми и Мобилности. The only person who is educated is the one who has learn how to learn…..and change – Carl Rogers

Проекти, Тековни проекти

Зајакнување на практикантите со претприемачки способности

Да ги поддржиме практикантите да влезат во претприемачките води. Ова е главната мисија на нов проект што ЦЕФЕ Македонија ќе го спроведува од февруари 2023 до октомври 2024 година.  Главната цел на проектот е да придонесе со новитети во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачкте компетенции на практикантите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите како и изработка на нови едукативни материјали.  Главен координатор на проектот е МЕСВАК од Анкара, Турција. Фондација која преку 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта за економски развој на Турција. Покрај ЦЕФЕ Македонија други партнери на проектот се Развојниот центар на Вору регионот од Естонија кои од 1999 година функционира како соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој, вклучително и поддршка на млади претприемачи во Естонија. Последниот партнер на проектот е Директоратот на Национална Едукација од Анкара (АДНЕ), кој е втора најголема институција за образование после министерството за образование на Турција која ги извршува сите активности во основното и средното образование (вклучително и стручното образвоание). Добивките за студентите се: подобрување и стекнување на меки вештини и претприемачки компетенции, учество на интернационални работилници, подобрување на јазичните способности, анализа и изработка на бизнис идеи, вмрежување со претприемачи, можност за финансирање на нивните идеи. Добивките за стручните училишта и нивните вработени се: развојна програма за градење на претприемачки способности кај практикантите и студенти, интернационално искуство на наставниот кадар, подобрување на едукаторските и обучувачки способности, вмрежување со институции, бизниси и органзиации од Европа, алатки за оценување на спосонбноста на учениците за претприемачки вештини и како да ги развиваат.  Ги покануваме стручните училишта и факултети кои сакаат да им овозможат на своите студенти интернационално и претприемачко искуство да не контактираат за соработка.  Од 10 до 13 март 2023, ЦЕФЕ Македонија ќе биде домаќин на првиот интернационален состанок каде што ќе се договорат натамошните активности, за кои што дополнително ќе ве известиме и ве покануваме да не следите. Проектот е кофинансиран од Еразмус + програмата и Турската Национална Агенција за Мобилност и Едукација. 

Вести

Повик за учество на обуки за развој на бизнис идеја

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот Рекономи, поддржан од страна на Импакт Фондација,  ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и развој на бизнис идеја. Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис селекција и презентација на бизнис идеја,  како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис. За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки фриленсери (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои имаат идеја да започнат сопствен бизнис, едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени. Најважно – на обуките ќе им се даде предност за учество на лица со помалку можности! На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на бизнис идеи и презентирање на истите. Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење. Теми кои ќе се разработат на обуката се: Лични претприемачки карактеристики Генерирање и селекција на идеи Барање и презентација на бизнис идеи После оваа обука вие ќе бидете способни да: Го препознаете својот претприемачки капацитет; Воспоставите мрежа на бизнис контакти; Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање; Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се: Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста Разработена бизнис идеја Обуката е дизајнирана да се реализира во еден или два дена со вкупно траење од 8 час. Целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, фидбек сесии, работа во мали групи и минимум теоретско предавање. Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори за претприемништво кои ја користат ЦЕФЕ методологијата .  КОГА ќе се одржува?   Сесиите ќе траат 4 часа дневно доколку обуката трае два дена, или вкупно 8 часа доколку трае еден ден. Дополнително ќе биде утврден  временскиот распоред. Сесиите ќе се одвиваат во пладневните часови.  КАДЕ? Работилниците ќе се реализираат во Струга, Битола, Штип, Струмица и Свети Николе.  Битола – Градска Библиотека (04.03 од 11.00 -19.00 часот) Струга – Х. Солферино (25-26.02.2023, од 11:30 до 15:30 часот) Штип – МладиХаб (Дом на култура) ( 10.03.2023 од 16.00-20.00 и 11.03.2023 од 10.30-14.30) Струмица – Europe House (18.02.2023 – сабота, од 09 до 17 часот) Свети Николе – Градска Библиотека (11.03.2023, од 10 до 18 часот) ВАЖНО: Местата се ограничени на 20 учесници по обука, или вкупно 100 учесници. Приоритет ќе се дава на учесници со помалку можности (млади невработени лица, студенти, лица кои потекнуваат од рурална средина, млади лица со ниски примања, лица кои се соочуваат со социјална дискриминација, лица со физички или ментални бариери итн) Што добивам дополнително? Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; Освежување, кафе и закуски за време на обуката; Што треба да инвестирам за себе? Време, посветеност, активно учество Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Благој Трајков 071/324-959,  blagoj.t@cefe.mk  ;   * – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). – Нецелосните пријави ќе се разгледуваат последни. Организаторите го задржуваат правото на промени на датумите или локацијата со најава на учесниците. Организаторите го задржуваат правото на комбинирање на групите заради хомогеност или хетерогеност, во зависнот од целите на обуките. Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3451847588194597 https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3475862765793079 https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk Еве што кажаа дел од учесниците од претходни обуки: