Работна посета во Вору, Естонија во рамките на проектот “САПЕ“

Во периодот од 22.05-26.05.2023 година, претставници на ЦЕФЕ Македонија заедно со претставници од СОУ “Љупчо Сантов“-Кочани, OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид и  University of Information Science and Technology – St. Paul the Apostle  учествуваат на работна посета во областа Вору, Естонија во рамки на проектот “САПЕ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти“. 

Целта на посетата е размена на добри практики и искуства за поддршка и зајакнување на претприемачките вештини кај младите преку неформално образование.

Првиот ден од посетата започна со претставување на учесниците од сите партнерски организации и кратка презентација на Võrumaa Arenduskeskus кои воедно беа и домаќини на средбата. 

Истиот ден беше остварена посета на Võru Gümnaasium, каде беа презентирани активностите и програмите на оваа образовна институција во делот на претприемништвото, и успесите кои ги имаат постигнато на национално и меѓународно ниво.

Првиот ден заврши со посета на Фондот за Осигурување на невработени лица, како и посета на Võru HUUB, центар за развој и поддршка на млади претприемачи.

Вториот и третиот ден учесниците на работната посета имаа можност да го посетат Võrumaa Vocational Education Center,  центарот за компетенции Tsenter – Puidutöötlemise ja mööblitootmise kompetentsikeskus, фабриката за преработка на дрво Barrus , хотелот Кубија, како и областа Rõuge.

Учесниците се запознаа со начинот на работа на стручните училишта и со можноста за практична работа на учениците која им ја нуди самиот образовен центар, како и голем дел од приватниот бизнис сектор во областа Вору. Исто така, тие се запознаа и со образовниот систем и модел во Естонија, кој дава одлични резултати и ја рангира Естонија помеѓу водечките земји во делот на образованието во светски рамки.

Претприемништвото и ИТ вештините се суштински дел од нивниот образовен модел и се изучуваат од најмала возраст, што ја прави Естонија една од најнапредни држави во делот на дигитализацијата и начинот на основање и водење на сопствен бизнис.

Проектот “САПЕ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти“ е проект поддржан од Еразмус + програмата на Европската Комисија