Author name: CEFE

Вести

ЦЕФЕ Македонија го одржа своето годишно Собрание

За да постигнете големи работи и да успеете потребно е да се има квалитетен тим, но не било каков. Потребен е тим од членови кои имаат иста визија и цел и кои сакаат навистина да направат нешто вредно во она што го работат. Горди сме што во нашиот тим имаме членови кои ја делат нашата визија и на тој начин одиме напред. На 21.01.2023 година, тимот на ЦЕФЕ Македонија го одржа своето годишно Собрание. На ова Собрание официјално се разговараше за неколку точки. Им кажавме добредојде на осум нови членови кои пристапија во ЦЕФЕ Македонија и со тоа здружението сега брои 15 челнови. За претседател на здружението е реизбран Јован Сталевски, за потпретседател на ЦЕФЕ Македонија е избран Благој Трајков и за секретар е Елена Гагачева. Разговаравме за програмата за работа за 2023 – 2027 и за нашите идни планови кои што сакаме да ги реализираме во периодот кој што ни следува. Навистина сме горди што во последните неколку години успеавме да го прошириме нашиот тим и нашата база на ЦЕФЕ обучувачи низ цела Македонија. Во следните неколку месеци започнуваме да ги активираме ЦЕФЕ обучувачите, бидејќи во периодот од февруари и март 2023 ќе започнеме со обуките за Агро Бизис Игрите и Развој на бизнис идеја. Линк за пријавување на обуки Агро Бизис Игри: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdr2CSDMgX…/viewform… Линк за пријавување на обуки за развој на бизнис идеја: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSeJD…/viewform

Вести

Повик за учесници на обуки: Како да водам агро-бизнис?

ЦЕФЕ Македонија, во соработка со своите партнери од Здружението на Агроекономисти на Македонија (ЗАЕМ), организира обука за финансиска писменост за водење на агро бизнис, наречени Фармерс Бизнис Гејмс. Обуката е структуирана според методологија на искуствено учење, односно предвидена е да се одвива преку игри и симулации, кои ќе бидат интерактивни, како и натпреварувачки и предизвикувачки. Фармерс Бизнис Гејмс е високо интерактивен тренинг за сопственици на мали фарми, потенцијални земјоделци и претприемачи од областа на земјоделието кои имаат за цел да ги подобрат своите вештини за успешно и оддржливо менаџирање на својата фарма. Добредојдени се сите млади, жени и фармери. Зошто? Кои придобивки ќе ги имате од обуката? Да се стекнете со знаење за процесот на избор на земјоделски култури и домашни животни и за различните системи во процесот на одгледување; Да се стекнете со разбирање на менаџирање на односите  помеѓу продавачите и купувачите; Да дефинирате, раководите и анализирате финансиски документи со цел зголемување на заработката, и на тој начин да обезбедите идни финансиски можности; Да направите разумни планирања на трошоци и инвестиции; Да научите за предностите на долгорочното планирање на бизнисот; Да бидете свесни за можностите за справување со ризиците поврзани со бербата, несигурности и сезонските непогоди; Да ги разберете можностите за справување со ризиците преку штедење, осигурување и позајмици; Дополнителни добивки: Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество); Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели; -> Кој? За кого е наменета оваа обука? Концептот на водење на бизнис веројатно веќе им звучи познато, но и страшно, на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите сегашни и потецијални земјоделци, средношколци и студенти кои планираат да се занимаваат со производство на храна и сите земјоделски претприемачи  кои сакаат да искусат колку е лесно или тешко да се води еден мал семеен агробизнис. Студенти, вработени, невработени, претприемачи од 16 години до 70 години. Единственото нешто што ви треба е: мотивација за учество; (запомнете дека нашата единствена цел на оваа планета е да учиме), десктоп или лаптоп компјутер со инсталирана апликација ZOOM; и интернет конекција. Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10-дневна обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung и нивните мастер обучувачи. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници. Имињата на фасилитаторите: Валентина Тодороска, Благој Трајков, Марија Чукниева Недевска од ЦЕФЕ Македонија; Ана Симоновска и Ивана Јанеска Стаменковска од Зружението на Агро Економисти на Македонија (ЗАЕМ) и Факултет за Земјоделски науки Скопје. -> Кога? Февруари – Март 2023, Обука 1) – на 09,10,11 Февруари, од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обчувачи) Обука 2) – на 15,16,17 Февруари од 16:30 до 20:30 часот (ЗАЕМ обучувачи) Обука 3) – на 20,21,22 Февруари од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обучувачи) Обука 4) – на 27,28 Февруари и 01 Март од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обучувачи) во соработка со Американско Катче – Штип Обука 5) – на 13,14 и 15 март 2023 од 16:30 до 20:30 (ЗАЕМ обучувачи) -> Каде?  Обуките ќе се одвиваат онлајн преку платформата ЗООМ, на македонски јазик. -> Колку? Програмата се состои од 15 часа или 4 фази – преку пристапот на учење базиран на искуство: Направи; – Рефлектирај; – Аплицирај; и -Имплементирај. -> Како да се пријавите и да учествувате? Погледнете ги предложените датуми и видете во вашиот календар кога сте слободни. Потоа, пополнете го формуларот за пријава на следниот линк, https://forms.gle/VA5EWf57PMoe2jhx6 и изберете за која од предложените датуми се пријавувате. Откако ќе се пријавите, ќе добиете известување од нас дали и за кој датум сте примени на обука. За секоја обука ќе избереме најмногу 15 учесници. Контакти за информации: Благој Трајков / Телефон: +389 71 324 959 blagoj.t@cefe.mk Јован Сталевски / Телефон: +389 78 437 267 info@cefe.mk Треба да знаете дека изборот се врши по принципот прв дојден – прв услужен. Што значи, не се двоумете премногу за регистрација. Само проверете ја вашата достапност на датумите за работилниците и инвестирајте 3 минути и пополнете го формуларот за пријава. Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија како партнерство на: Асоцијација на агроекономисти на Македонија и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија. Sparkassenstiftung für internationale Kooperation E.V. е заеднички ентитет на Финансиската групација на штедилниците во Германија. Од своето основање во 1992 година, Sparkassenstiftung ги поддржува финансиските институции во земјите во развој, новите и земјите во трансформација, кои го промовираат економскиот и социјалниот развој во нивните земји нудејќи финансиски услуги ориентирани кон потребите. Sparkassenstiftung ја следи целта да го подобри професионализмот на своите партнерски институции, овозможувајќи им на своите клиенти постојан пристап до финансиски производи. Германскиот Шпаркасен повеќе од 200 години дава доказ дека е можно одржливо и успешно микрофинансирање, но за тоа е потребна ефикасна организација и високо ниво на професионализам. Sparkassenstiftung ги пренесува овие основни фактори на успех на своите партнери во проектот. Денес, Sparkassenstiftung е една од најголемите приватни институции за развојна политика во Германија.

Вести

Обука за обучувачи за агро бизнис

Повторно патуваме во земјата наречена „Кулија“, но овојпат се селиме во прекрасните рурални предели каде живееме со семејството и управуваме семејна фарма, произведуваме храна и ја продаваме на локалното пазарче. „Кулија“ располага со плодно земјоделско земјиште, со многу сончеви денови во текот на годината и е рај за производство на најразлични земјоделски култури. Преку симулација наменаџирање на нашата фарма минуваме низ сите процеси на земјоделското производство, учиме да го планираме и да управуваме со нашиот посед и финансии, сами носиме одлуки за нашите инвестиции, а во исто време се соочуваме со неочекувани настани. Ова е воведот во обуката за обучувачи наречена „Бизнис Игри за Фармери“, каде што 9 учесници од Македонија и Албанија се во чевлите на фармерот опишан погоре и преку реална симулација во виртуелна средина се натпреваруваат како да го подобрат квалитетот на својата фарма, а во исто време и квалитетот на живот на своето семејство. Идните обучувачи за Бизнис Игрите за Фармери се од ЦЕФЕ Македонија и ЗАЕМ од Македонија и Баланс од Албанија. Тие се надоградуваат како во периодот февруари – март 2023 година да обучат потенцијални и постоечки мали земјоделски бизниси во Македонија и Албанија. Она што ќе научат да го пренесуваат на другите е: Зголемување на финансиското и претприемачкото знаење за започнување мал бизнис во земјоделие и негово водење со разбирање на основните сметководствени принципи и примена на едноставни финансиски алатки како што се прогнози за продажба, готовински текови, биланси и биланс на добивка и загуба. Да ја разберат улогата на различни деловни актери како што се добавувачите и клиентите, заемодавачите и регулаторите, дефинирајќи ги целите и стратегиите за справување со секоја заинтересирана страна Да идентификувате нови деловни можности со влегување на нови пазари или воведување дополнителни производи Управување со неочекувани настани и ризици, планирање на инвестиции и работете со финансиските институции и нивните производи Заедно со искусните тренери од Германија, сложените ситуации се разбиваат, опциите за одлуки и најдобрите решенија активно се дискутираат во групи и се поставуваат наспроти реалната деловна практика. Оваа обука за градење на капацитети за финансиска писменост во Македонија е овозможена преку German Sparkassenstiftung North Macedonia  за интернационална соработка. Доколку сакате на интерактивен и забавен начин да искусите и научите како да управувате со мала фарма пријавете се за обуките што следат во февруари и март на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdr2CSDMgXBZEkhkhMA1bTKhlsHzlp5XY7kYFluJS1cBMT18w/viewform

Вести

Настан за вмрежување во областа на едукацијата и гемификацијата

Од 11 до 18 јануари 2023 година, во Жебжидовице, Полска се вмрежувавме со организации и компании од областа на искуственото учење и користењето игри во едукативниот процес. На настанот учествуваа 30 учесници од 19 земји од Европа и соседни држави. Целта на овој тип настани е претставниците од разлчини организации да се запознаат меѓу себе, да осознаат кои се нивните силни страни и интереси, кои се потребите на луѓето за коишто постојат, и да креираат заеднички проекти во програмата Еразмус+. ЦЕФЕ Македонија поттикна иницијатива за креирање на стратешки проекти од областа на финансиската писменост, промоција и едукација за агро бизниси, и јакнење на капацитети за проектен менаџмент на организациите од стручното образование. Се надеваме дека овие идеи ќе бидат финансирани од Еразмус+ програмата и ќе имаме можност да одговориме на потребите на населението во Македонија.

Вести

ЦЕФЕ обучувачите со нови финансиски вештини

Во 2022 година нашите ЦЕФЕ обучувачи Елена Гагачева, Валентина Тодороска, Маја Давкова, Валентина Зафироска и Јован Сталевски ги надоградија своите обучувачки и технички компетенции со две нови програми за финансиска едукација: Штедење и инвестиции (Saving Games) Финансии за мали бизниси (Micro Business Games) Овие програми беа овозможени преку соработката со Германскиот Шпаркасен стифтунг за интернационална соработка – German Sparkassenstiftung for International Cooperation https://www.sparkassenstiftung.de/en .  Нашите обучувачи инвестираа значителни ресурси во овој интензивен процес: Вупно 16 дена во активно учество на обука за обучувачи за двете програми, Околу 4 дена менторство и подготовка за реализирање на 7 самостојни обуки за преку 50 лица (претежно жени, млади и претприемачи), 5 дена во мониторинг и оценување на резултатите, како и во работилници за тестирање на знаењето и вештините, И нормално, лична мотивација, дисциплина, соработка, тимска работа, желба за професионална надоградба и посветеност кон мисијата за градење на претприемачки економии засновани на компетенции. Германскиот Шпаркасен стифтунг покрај капацитети на ЦЕФЕ Македонија, придонесе и за развој на нови обучувачи и за Џуниор Ачивмент Макеоднија, Здружението на Агроекономисти на Македонија, Асоцијацијата на сертифицирани менаџмент консултанти МКА 2000 и Импакт Фондацијата. Во овој процес тимот на ЦЕФЕ Македонија имаше координативна и менторска улога со што сме високо благодарни за довербата и соработката со тимот на Германскиот Шпаркасенстифтунг во Германија и Албанија. Во следниот период, јануари – март 2023, нашите ЦЕФЕ обучувачи ќе учествуваат и на обука за обучувачи за Farmers Business Games, за да се подготват да го подигнат нивото на свесност и подготвеност кај населението за започнување и водење на бизнис во областа на земјоделието.  Сите заинтересирани за започнување и подобрување на агро бизнис може да се пријават за следниот циклус на обуки што ќе биде во февруари – март 2023 година на овој линк.

Вести

ЦЕФЕ Македонија учествува на состаноците на КООРДИНАЦИСКО ТЕЛО ЗА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА И ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА

На 22 декември 2022 година (четврток), Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финаисиска инклузија (составена од претставници на регулаторните институции, претставници на приватниот сектор и невладиниот сектор) одржа работна средба бр. III/2022.  На средбата, која траеше 2 часа, се зборуваше за следно: Презентација за новиот Закон за заштита на потрошувачите – Нериман Џеладини, раководител на Сектор за внатрешен пазар, Министерство за економија; Презентација за отпорноста, финансиската едукација и финансиската инклузија на населението во Северна Македонија – Анета Крстевска, Главен економист, Народна банка;   Повик до приватниот и граѓанскиот сектор за доставување известувања за реализирани активности во областа на финансиската едукација и финансиската инклузија во 2022 година;   Претставници од ЦЕФЕ Македонија, во 2022 година активно се вклучија во работните состаноци. Во периодот октомври – декември 2022 ја промовиравме финансиската едукација до повеќе од 25.000 лица во Македонија. Со обучувачите и партнерските организации, во ноември-декември 2022 обучивме повеќе од 60 учесници, претежно жени со вештини и разбирање за финансиско работење на микро бизниси.