Како да ја подобриме иновативноста кај учениците и студентите од стручното образование?

На 12.03.2023 во Скопје, Македонија се оддржа првиот транснационален состанок помеѓу партнерите од проектот SAPE – Strengthening Apprentices on Entrepreneurship. Главната тема на состанокот беше менаџирањето на проектот преку користење на различни алатки, а се зборуваше и се договорија датумите за идните активности и производи кои треба да произлезат од проектот.

Следната активност која е предвидена во рамки на проектот се Обуки за обучувачи на тема претприемништво и меки вештини. По успешно завршената обука, самите обучувачи е потребно да извршат локални имплементации.

За таа цел ЦЕФЕ Македонија ги повикува сите заинтересирани обучувачи кои сакаат да се пријават за обуката и да бидат дел од овој проект да се пријават на следниот линк: https://bit.ly/3mXK5GE

Секој од избраните обучувачи ќе ги има следниве обврски:

  • Да учествува на онлајн состаноци
  • Да посети обука за обучувачи во Анкара, Турција (септември,2023)
  • Да организира и имплементира локални работилници во периодот од октомври до декември 2023
  • Да изготви извештај за реализираната имплементација
  • Да ги менторира учесниците на локалните работилници во подоцнежната фаза од проектот

Главната цел на проектот е подобрување на иновативноста кај учениците и студентите од стручното образование преку зајакнување на нивните меки вештини и знаење за претприемништвото

Координатор на проектот е МЕСВАК Турција, а парнери се АДНЕ – Директорат за национално образование Анкара, Турција, ЦЕФЕ Македонија и ВАК Естонија