Професионално напредување за испорака на висококвалитетни обуки

Сподели

Обуката за обувачи се одржа на Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје од 29 октомври до 02 ноември 2024 година а беше специјално дизајнирана за професионалци кои сакаа да се здобијат со комплетни компетенции (знаења, вештини, ставови и навики) потребни за ефикасна испорака на обука.

Учесниците се оспособуваа за планирање, дизајн, реализација и проценка на ефектите од обуката, преку богат и структуриран пристап кој се потпира на методи како искуствено учење, симулации, играње улоги, студии на случаи, групна работа, коучинг и теренски активности.

Учесниците беа поттикнати на соработка и практична примена на стекнатите знаења преку динамична групна работа и реални сценарија. Обуката ја предводеше Јован Сталевски, искусен и интернационално сертифициран мастер обучувач и советник од ЦЕФЕ Македонија.

Учесниците на оваа обука истакнаа дека се здобиле со:

  • Стручност во проценка на потреби од обука и дефинирање на цели
  • Вмрежување и соработка со други обучувачи
  • Прирачник за обука на обучувачи (80 страници) кој вклучува практични примери за изработка на ППТ презентации, дизајн на курикулум, агенди, буџети и евалуации на обука
  • Комплет со креативни вежби за енергизирање на учесниците
  • Подобрени вештини за јавно говорење и водење на дискусии
  • Знаење за избор на соодветни визуелни средства за обука
  • Вештини за дизајн и реализација на интерактивни обуки
  • Практични техники за фацилитација и справување со предизвици при интерактивно учење

На крајот од обуката, учесниците ја оценија програмата како исклучително корисна, истакнувајќи ги искуственото учење и професионалното дизајнирање на обуките како најголеми придобивки кои ќе ги применат во својата работа.

Следната обука за обучувачи ја планираме за крајот на февруари 2025 година, и доколку сакате да се професионализирате како обучувач во вашата организација, пополнете пријава за интерес и нашите советници ќе ве контактираат.