Одржана обука за обучувачи за претприемништво според ЦЕФЕ методологијата во Осијек

Сподели

Од 9 до 18 октомври 2024 година, во Осијек, Хрватска, се одржа обука за обучувачи за претприемништво според ЦЕФЕ методологијата. Обуката собра 32 учесници од осум земји: Македонија, Хрватска, Романија, Португалија, Шпанија, Литванија, Грција и Турција. Учесниците беа младински работници, наставници, обучувачи, проектни менаџери и претприемачи, со заедничка цел да го подобрат својот пристап кон претприемачката едукација и да ги стекнат потребните вештини за развој на бизниси.

Мастер ЦЕФЕ обучувач на оваа обука беше Јован Сталевски, додека од Македонија учествуваа Арбен Хоџа и Адријан Етеми од СОУ „Цветан Димов“ – Скопје и Славица Тасева, професионален консултант за кариерен развој од Скопје.

Главната цел на обуката беше учесниците да се запознаат со ЦЕФЕ моделот и да стекнат алатки за развој на претприемачки идеи и способности. Тие научија како да го пренесат моделот во своите заедници и да ги обучуваат идните претприемачи. Програмата вклучи сесии за развој на бизнис идеи, анализирање на бизнис околината, креирање на маркетинг план, финансиски план и изработка на бизнис план.

Учесниците изразија високо задоволство од обуката, со повеќе од 80% позитивни оценки по сите критериуми. Тестирањата на почетокот и на крајот од обуката покажаа значителен напредок во знаењето – од 36 поени на 54 од можни 70, што претставува подобрување од 46%.

На крајот на обуката, учесниците добија сертификати за учество и одобрение за користење на ЦЕФЕ алатките. Во наредниот период, тие ќе организираат самостојни обуки во своите држави, со што ќе добијат лиценца за користење на ЦЕФЕ методологијата на глобално ниво.

Со оваа обука, се придонесува кон градење на претприемачки ориентирани заедници, каде што претприемачите ќе имаат можност да ги развијат своите идеи и да го водат економскиот напредок.