Место: Јавна Соба
Датум: 26.06.2024
Времетраење: 11-15 часот
Зошто глобална конференција за претприемништво?
ЦЕФЕ Македонија по втор пат организира глобална конференција посветена на претприемништвото. Бидејќи живееме и работиме во свет кој е достапен со еден клик на нашите смарт уреди. Бидејќи нема подобро време од денешницата за развој на голбален бизнис и кариера. Бидејќи македонската економија има стратешка определба и насока кон единствениот пазар на Европска Унија (Single Market), каде компетенциите, производите и бизнисот се натпреваруват на пазар од 448 милиони корисници. Бидејќи сите ние сме жители на оваа планета, не само на Македонија.
Општа цел на конференцијата е да се промовира претприемништвото и потребата за негова застапеност во образовниот систем.
Подцели на настанот се:
- 16 години придонес на ЦЕФЕ Македонија во претприемачкиот еко систем на Македонија,
- 27 години ЦЕФЕ Методологијата гради компетентни претприемачи во Македонија,
- споделување на добри пракси и факти зошто е потребно претприемачкото учење во стручните училишта,
- согледување на методи на самостојно поттикнување за учење од страна на претприемачите,
- разбирање на потребите на туристичкиот сектор во државата и како може да се подобри образованието во туристичките училишта,
- споделување на алатки и програми за претприемачко учење создадени во Европски проекти,
- промоција на резултати од Еразмус+ проекти: Зајакнување на практикантите со претприемачки вештини, Виртуалени технологии во туризмот, Учење поттикнато од самите себе.
За кого е наменета конференцијата:
- Претставници од образование: едукатори, обучувачи, професори, фасилитатори, наставници, учители, ментори, ученици и студенти.
- Претприемачи кои сакаат да ги подобрат процесите на учење кај себе и кај нивните вработени.
- Претставници на туристички сектор.
- Претставници на јавни институции, поддржувачи на образованието и креирачи на политики.
- Сите останати кои се заинтересирани за претприемништво, бизнис и доживотно учење
Што ќе добиете од конференцијата:
- Нови информации, насоки и размислувања за развојот на претприемништвото,
- Знаења за нови трендови и методи на едукација и обука,
- Алатки и програми кои може да се користат во секојдневното работење на едукатори, претприемачи и претставници на организации,
- Дружење и вмрежување со истомисленици и потенцијални соработници,
- Сертификат за учество,
- Торта, ако останете до крај 🙂
Каде ќе се одржува:
Во салата за големи настани на трет кат во Јавна Соба. Улица 50та Дивизија бр.22, 1000 Скопје
Официјален јазик на конференцијата е Македонски.
Како да учествувате?
За пријавување и регистрација, ве молиме пополнете ја електронската пријава до 20ти јуни 2024 година и обезбедете си место на овогодишната конференција за претприемништво.
За сите информации и коментари слободно контактирајте го тимот за организација:
Валентина Тодороска +389 75 451926 office@cefe.mk
Елена Гагачева + 389 75 257075 elena.g@cefe.mk

