Во периодот од 18 до 22 август 2025 година, еден од обучувачите на ЦЕФЕ Македонија учествуваше на специјализирана обука за користење на алатката MILES – напредна платформа базирана на вештачка интелигенција, која овозможува структуриран пристап при подготовка на проектни апликации за програмите Erasmus+ и Horizon Europe.
Обуката беше насочена кон практична примена на алатката MILES, која ги води корисниците низ сите фази на проектен развој – од дефинирање на проблем и цели, до активности, резултати и очекувани влијанија. Целта е да се олесни процесот на подготовка на квалитетни и конкурентни апликации, усогласени со критериумите на европските повици.
Оваа активност е дел од стратегијата на ЦЕФЕ Македонија за постојано јакнење на професионалните вештини, примената на иновативни алатки и проширување на можностите за ефективно учество во европските програми.
















