Фасилитирани сесии на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”

Обучувачот и член на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски во текот на Ноември 2014 година беше фасилитатор на средбите во рамките на онлјан курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies” кои се одржуваа во Американското Катче Битола. Овој масовен онлјан курс беше понуден на платформата Coursera:
https://www.coursera.org/course/entpecon од страна на Професорот Michael Goldberg од Case Western Reserve University и го следеа над 20 000 лица од целиот свет. Во рамките на курсот беа разработени различни теми, односно како заедниците во транзиционите економии во светот функционираат, за да креираат раст на претприемаштвото кога ресурсите од приватниот сектор се лимитирани.

На неделните средби во Американското катче се дискутираше каква е улогата на владата, универзитетите, бизнис ангелите, акселераторите, итн. во поддршката и развојот на претприемаштвото, беа разработени примери од различни економии, како и од македонската и кои мерки треба да се преземат за да се воведат креативни начини на поддршка на претприемаштвото во нашата држава. Овие средби беа посетени од претставници од образованиот, бизнис и невладиниот сектор.