Создавање на првите онлајн ментори за потребите на Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС)

Тројца учесници од Македонија (Сања Тоневска, Дражен Котевски и Александар Алабаковски) учествуваа во проектот за создавање на онлајн платформа за обука на волонтери на евс (европскиот волонтерски сервис), а учесниците стануваат првите е-ментори на ЕВС.

Во проектот свои претставници имаа 11 земји: Грција, Романија, Франција, Македонија, Бугарија, Шпанија, Полска, Грузија, Тунис,Украина и Ерменија. До сега, во рамки на проектот, се одржаа обука од 09-20 јуни во Лефкада, Грција како и обука од 10-20 август во Романија. Последната обука е закажана за првата половина на Октомври во Лефкада, Грција.

 

 

Проектот е финансиран од Ерасмус +, а неговата цел беше креирање на онлајн курсеви за идните волонтери. Курсевите се поделени на 10 различни теми, во согласност со потребите и преференциите на потенцијалните волонтери. Целта на курсевите е младите кои сакаат да волонтираат во некоја од земјите членки на ЕВС, да се здобијат со информации и предзнаења за активностите. На пример, еден од курсевите е насловен „Работа со лица со попреченост“. Во него се вклучени информации за различни видови на попреченост (физичка, психичка, слепи, глуви лица и тн). Исто така има и различни вежби и прашања кои потенцијалниот волонтер треба да ги одговори и да се здобие со сертификат за успешно завршената обука. На тој принцип се создадени и останатите 9 курса кои опфаќаат работа со стари лица, меѓукултурна соработка, евс и кариера итн.

Вториот дел од проектот кој вклучува тестирање и евалуација на курсевите се одржа во Романија од  10-20 август. Завршните подготовки, пред финалното пуштање во употреба се во октомври, исто така на Лефкада.

Проектот нуди многу бенефиции за сите инволвирани. Од една страна, тука се учесниците кои имаа можност да запознаат  различни култури и  секако да го дадат својот максимален придонес, секој во својата стручна област. Од друга, тука се сегашните и идни волонтери,. Тоа се млади луѓе кои најчесто одат во земји каде што се им е непознато, јазикот, културата, навиките, а дополнително треба да работат со одредена популација, па  овие информации им се од  огромно значење. И трета страна се партнерските организации, меѓу кои и ЦЕФЕ Македонија, кои имаат зајакнати капацитети да одговорат на новите потреби на Евсопскиот Волонтерски Сервис.