Вести

Објавено на септември 29th, 2015 | од admin

0

Проектот ИНВЕСТИРАЈ промовиран на ТЕДх Фулбрајт во Санта Моника, САД

„Амбасадата на САД во Македонија одлучи да организира средби со студентите кои го посетуваа онлајн курсот  Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies. Еден од средбите беше организирана во Битола. По стотици и стотици студенти со кои се сретнав, следуваша најмалата група со 4 студенти: Наташа, Елена, Јован и Искра. Отидов таму за да им доделам сертификати. Но, тие ми кажаа за нивната идеја да направат проект, односно видеа на истите теми како во MOOC. Со мојата поддршка тие добија грант од Амбасадата на САД, а сега нивните видеа дури се прикажуваат и на телевизија“, вели професор Мајкл Голдберг во својот TED Разговор за време на светската конференција во Санта Моника, САД што се одржа на 26ти септември 2015 година.

Во 2012 година како Фулбрајт стипендист, професор Голдберг заедно со семејството се сели во Виетнам. Секој ден тој и неговите деца се восхитуваат на едно 23 годишно девојче што продава пилешко на улица. Неговата ќерка направила видео за тоа. Подоцна, видеото станува инспирација за подоцнежната работа на професорот, односно изработка на видеа за Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies, кои имаат интересен и документарен стил. Овој MOOC ја раскажува приказната за Кливленд, Охајо и сега е проследен во 90 земји, од околу 58.000 студенти, има и превод на 14 јазици. Овој MOOC беше инспирација за македонската приказна, односно проектот „Зошто да одите во странство кога можете да останете и да инвестирате во вашата држава“ имплементиран од ЦЕФЕ Македониа, во партнерство со ФОРУМ 16 и Центар за одржливо образование, а финансиски поддржан од  Амбасадата на САД во Македонија.

„Лекциите од MOOC се применуваат во локалната заедница. MOOC инспирира локални херои од целиот свет.“, го завршува разговорот професорот Голдберг.

Презентацијата на проф. Голдберг ќе ја објавиме следната недела.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑