Објавено на ноември 18th, 2022 | од admin
0Повик за учесници на обуки: Како до профитабилен бизнис?
ЦЕФЕ Македонија, во соработка со своите партнери, организира обука за финансиска писменост за водење на мал бизнис, наречени Микро бизнис игри до профитабилен бизнис. Обуката е структуирана според методологија на искуствено учење, односно предвидена е да се одвива преку игри и симулации, кои ќе бидат интерактивни и симулативни, како и натпреварувачки и предизвикувачки.
Микро бизнис игри до профитабилен бизнис е високо интерактивен тренинг за микро-претпиремачи и за луѓе кои сакаат да научат како во пракса успехот и истрајноста на старт-ап компаниите и малите бизниси може да бидат подобрени.
-> Зошто? Кои придобивки ќе ги имате од обуката?
– Зголемување на знаењето и вештини за финансиите и претпримништвото при започнување на микро бизнис;
– Способност да се препознаат нови бизнис можности;
– Справување со неизвесни и непредвидливи настани и ризици, како и планирање на инвестиции;
– Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество);
– Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели;
-> Кој? За кого е наменета оваа обука? Концептот на водење на бизнис веројатно веќе им звучи познато, но и страшно, на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите заинтересирани кои сакаат да искусат колку е лесно или тешко да се води еден мал бизнис. Студенти, вработени, невработени, претприемачи од 14 години до 70 години. Единственото нешто што ви треба е: мотивација за учество; (запомнете дека нашата единствена цел на оваа планета е да учиме), десктоп или лаптоп компјутер со инсталирана апликација ZOOM; и интернет конекција.
Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10-дневна обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung и нивните мастер обучувачи. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници.
Имињата на фасилитаторите: Елена Гагачева, Валентина Тодороска и Маја Давкова од ЦЕФЕ Македонија; Катерина Мисиркова од Џуниор Ачивмент Макединија, Марија Велковска и Огнен Јанкулоски од Импакт Фондација; Јошко Ивановски и Петар Пандилов од Асоцијацијата на менаџмент консултанти МКА 2000.
-> Кога? Ноември – декември 2022,
Обука 1) Ноември 17, 18 и 19 од 16 до 20 часот секој ден (ЦЕФЕ Македонија)
Обука 2) Ноември 22, 23 и 24, од 17 до 20:30 часот секој ден (со фасилитатори од МКА 2000 и Џунио Ачивмент)
Обука 3) Ноември 24, 25 и 26, од 16 до 20 часот секој ден (ЦЕФЕ Македонија)
Обука 4) Декември 12, 13 ,14 ,15 од 12 до 15 часот секој ден (Импакт Фондација)
Обука 5) Декември 20, 21,22, 23 од 17 до 20 часот секој ден (Импакт Фондација)
Обука 6) 12-14 декември 2022, (од 16:30 до 20:30 часот) со обучувачи Петар Пандилов, Катерина Мисиркова и Јошко Ивановски. (МКА 2000 и Џунио Ачивмент)
-> Каде? Обуките ќе се одвиваат онлајн преку платформата ЗООМ, на македонски јазик.
-> Колку? Програмата се состои од 12 часа или 4 фази – преку пристапот на учење базиран на искуство: Направи; – Рефлектирај; – Аплицирај; и -Имплементирај.
-> Како да се пријавите и да учествувате?
Погледнете ги предложените датуми и видете во вашиот календар кога сте слободни. Потоа, пополнете го формуларот за пријава на следниот линк,
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf-ewmwNj4hkOtPA41fMOv2EZ9J_vvlWZbKyjUAuiUjuDIPPg/viewform
и изберете за која од предложените датуми се пријавувате. Откако ќе се пријавите, ќе добиете известување од нас дали и за кој датум сте примени на обука. За секоја обука ќе избереме најмногу 15 учесници.
Контакти за инфор0мации:
Сара Цветковска / Телефон: +389 78 714 993
Јован Сталевски / Телефон: +389 78 437 267
Е-пошта: info@cefe.mk
Треба да знаете дека изборот се врши по принципот прв дојден – прв услужен. Што значи, не чекајте премногу за регистрација. Само проверете ја вашата достапност на датумите за работилниците и инвестирајте 3 минути и пополнете го формуларот за пријава.
Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија како партнерство на: Асоцијација на агроекономисти на Македонија, Junior Achievement Macedonia, Асоцијацијата на менаџмент консултанти МКА 2000, Импакт Фондација и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија.
Sparkassenstiftung für internationale Kooperation E.V. е заеднички ентитет на Финансиската групација на штедилниците во Германија.
Од своето основање во 1992 година, Sparkassenstiftung ги поддржува финансиските институции во земјите во развој, новите и земјите во трансформација, кои го промовираат економскиот и социјалниот развој во нивните земји нудејќи финансиски услуги ориентирани кон потребите. Sparkassenstiftung ја следи целта да го подобри професионализмот на своите партнерски институции, овозможувајќи им на своите клиенти постојан пристап до финансиски производи. Германскиот Шпаркасен повеќе од 200 години дава доказ дека е можно одржливо и успешно микрофинансирање, но за тоа е потребна ефикасна организација и високо ниво на професионализам.
Sparkassenstiftung ги пренесува овие основни фактори на успех на своите партнери во проектот. Денес, Sparkassenstiftung е една од најголемите приватни институции за развојна политика во Германија.