ЦЕФЕ Македонија на европски семинар за вмрежување на претприемнички организации во Шпанија!

Сподели

Од 18 до 24 мај 2025 година, во Беналмадена, Шпанија, се одржува семинар за вмрежување на организации и компании посветени на развојот на претприемништвото во Европа. На настанот учествуваат повеќе од 25 претставници од 12 земји: Македонија, Србија, Шпанија, Летонија, Естонија, Германија, Норвешка, Полска, Грузија, Украина, Португалија и Шведска.

ЦЕФЕ Македонија е дел од оваа значајна иницијатива, претставена од Јован Сталевски и Весна Ефремова. Покрај можноста за нови партнерства и заеднички проекти, присутните разменуваат добри практики и алатки за поддршка на претприемачите.

Посебен акцент беше ставен на ЦЕФЕ Методологијата – искуствен пристап кон учење кој ги јакне клучните компетенции на претприемачите.

Настанот е дел од програмата Еразмус+ и е организиран од Costa Connect (Шпанија) и Life Zone Group (Естонија).