Вести

Објавено на јуни 5th, 2022 | од admin

0

Успешно реализирани обуки за финансиска писменост

Во периодот април – јуни 2022, во Македонија се одржаа обуки за финансиска писменост преку едукација и вештини за штедење. Овие обуки беа организирани од страна на Асоцијација на агроекономисти на Македонија, Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и Македонија.

Обуките и работилниците поминаа во одлчина и опуштена атмосфера за учење и дискусии. Имавме вкупно 50ина учесници од Скопје, Кочани, Прилеп, Битола, Струга, Куманово, Радовиш, Струмица, Тетово, Охрид, Дојран и други градови од Македонија, што укажува дека онлајн рабтилниците даваат можност на сите без разлика на нивната локација.

Учесниците кажаа дека покрај интересната методологија на работа и финансиските термини, се запознаа и со дигитални вештини за работа како зоом, драјв и формс.

Учесниците на обуките се здобија со:

  • Разбирање на едонставните финансиски концепти како приход, трошок, заштеда, кредит, и инфлација.
  • Изработка, следење и анализа на личен и семеен буџет.
  • Способност да се идентификуваат тековни и идни желби и потреби.
  • Разбирање на целта и придобивките од штедењето.
  • Разбирање на различните форми на штедење, како и разликите помеѓу добри и лоши финансиски институции – ризик, бенефиции и сл.
  • Зголемување на квалитетот на живот на учесниците и нивните фамилии преку подобрена финансиска писменост.

Најважно од се е што сите учесници изјавуваа дека имаат одлично исксутво, прекрасно дружење и забавна едукација.

Обучувачи беа Елена Гагачева, Валентина Тодороска и Валентина Зафироска (од ЦЕФЕ Македонија). Катерина Мисиркова (од Џуниор Ачивмент Македонија), Ана Симоновска и Ивана Јанеска Стаменковска (од Здружението на Агроекономисти на Македонија). Тие инвестираа во 10 дена обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung Master Trainers. Тие сега се повеќе подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑