Потпишан меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. Целта на овој меморандум е преку взаемна соработка двете организации да иницираат активности кои ќе поттикнуваат претприемнички иницијативи во земјава, како и интерeс за наука, технологија и иновации кај младите.

Студентите од универзитетот досега имаа една обука за развој на бизнис идеја преку ЦЕФЕ Методлогијата на која што обучувачи беа сертифицираните ЦЕФЕ тренери Валентина Тодороска и Елена Гагачева.

Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија и професор д-р Устијана Речкоска Шикоска проректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.