Повик за учесници на обуки: Финансиска писменост преку игри за штедење

Април – мај 2022 |онлајн, македонски јазик

Здраво! Ви благодариме за вашиот интерес за обуките кои имаат за цел да ги откријат предностите, целта и добивките од штедењето. 

За што се работи во програмата? Во текот на оваа програма, ќе учествувате во игра која е натпреварувачка и предизвикувачка. Играта се состои во управување на буџет од страна на едно семејство. Управувајќи со буџетот на вашето семејство, ќе се обидете да ги надминете сличните домаќинства во однос на финансиската писменост и заштедите – со цел да го достигнете највисокиот квалитет на живот. Ќе му помогнете на семејството во секојдневните избори додека минуваат низ различните важни фази од животот. Со оглед на тоа што секој член на семејството има индивидуални интереси, на вас како група зависи да одлучите што е најдобро за семејството за да го зголемите квалитетот на животот на семејството како целина.

Како ќе се одвива обуката? Главната методологија е искуствено учење преку симулации. Централниот дел на работилницата е игра конструирана да личи на типична ситуација во домаќинството. Како семејство, ќе бидете предизвикани да ги балансирате приходите и трошоците во семејното домаќинство, да одлучите како ќе го трошите вишокот и како да се справите со неочекуваните настани што можат да влијаат на вашиот буџет. Се состои од три рунди. Една рунда (круг, етапа) наликува на 5-7 години од животот на некое семејство. По секоја рунда од играта, ќе добивате повратни информации и ќе ги анализирате перформансите на вашето семејство во однос на другите семејства.

Програмата се состои од 2 компоненти:

  • Самата игра за заштеда, каде што ќе управувате со вашето семејство во текот на 3 круга-рунди, од кои секоја претставува околу 5-7 години во реалниот живот
  • 3 едукативни сесии, кои ќе ве информираат за различните аспекти на штедењето.

За кого е наменета оваа обука? Концептот на штедење веројатно веќе им звучи познато на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите заинтересирани. Студенти, вработени, невработени, претприемачи од 14 години до 70 години. Единственото нешто што ви треба е: мотивација за учество; (запомнете дека нашата единствена цел на оваа планета е да учиме), десктоп или лаптоп компјутер со инсталирана апликација ZOOM; и интернет конекција.

Што ќе добиете од обуката?

  • Зголемена финансиска писменост во смисла на штедење;
  • Потенцијален квалитетен живот за себе и вашето семејство;
  • Дневни навики за заштеда на пари;
  • Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество);
  • Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели;

Работен јазик: македонски

Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10 дена обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung Master Trainers. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници.

  1. Елена Гагачева, (економист, национален CEFE тренер);
  2. Валентина Тодороска, (проект менаџер, Национален CEFE тренер);
  3. Ана Симоновска (вонреден професор, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје);
  4. Ивана Јанеска Стаменковска (вонреден професор, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје);
  5. Катерина Мисиркова (канцелариски асистент, Јуниорски достигнувања Македонија, претседател на Алумни клуб ЈА Македонија);
  6. Валентина Зафировска, (наставник, Национален ЦЕФЕ тренер);

Кога и каде ќе се одржуваат обуките? Сите работилници ќе бидат онлајн, преку платформата за состаноци ZOOM. Начелните датуми за работилниците се:

  • Тренинг 1: 19-22 април 2022 година (од 16 до 19 часот секој ден)
  • Тренинг 2: 26-29 април 2022 година (од 16 до 19 часот секој ден)
  • Тренинг 3: 06-09 мај 2022 година (од 16 до 19 часот секој ден)
  • Тренинг 4: 27-29 април 2022 година (од 15 до 19 часот секој ден)
  • Тренинг 5: 04-06 мај 2022 година (од 15 до 19 часот секој ден)
  • Тренинг 6: 01-03 јуни 2022 година (од 15 до 19 часот секој ден)

Како да се пријавите и да учествувате? Погледнете ги предложените датуми и видете во вашиот календар кога сте слободни. Потоа, пополнете го формуларот за пријава на следниот линк, и изберете за која од предложените датуми се пријавувате. Откако ќе се пријавите, ќе добиете известување од нас дали и за кој датум сте примени на обука. 

Треба да знаете дека изборот се врши по принципот прв дојден – прв услужен. Што значи, не чекајте премногу за регистрација. Само проверете ја вашата достапност на датумите за работилниците и инвестирајте 3 минути и пополнете го формуларот за пријава.

За резултатот од изборот ќе бидете информирани од координаторите и организаторите на обуката од ЦЕФЕ Македонија неколку дена пред почетокот на обуката. За секоја обука ќе избереме најмногу 15 учесници.

Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија како партнерство на: Асоцијација на агроекономисти на Македонија, Junior Achievement Macedonia и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија.

Контакти за прашања:

г-дин Јован Сталевски / Телефон: +389 78 437 267 / Е-пошта: info@cefe.mk

г-дин Благој Трајков / Телефон: +389 71 324 959 / Е-пошта: blagoj.t@cefe.mk

Sparkassenstiftung für internationale Kooperation E.V. е заеднички ентитет на Финансиската групација на штедилниците во Германија.

Од своето основање во 1992 година, Sparkassenstiftung ги поддржува финансиските институции во земјите во развој, новите и земјите во трансформација, кои го промовираат економскиот и социјалниот развој во нивните земји нудејќи финансиски услуги ориентирани кон потребите. Sparkassenstiftung ја следи целта да го подобри професионализмот на своите партнерски институции, овозможувајќи им на своите клиенти постојан пристап до финансиски производи. Германскиот Шпаркасен повеќе од 200 години дава доказ дека е можно одржливо и успешно микрофинансирање, но за тоа е потребна ефикасна организација и високо ниво на професионализам.

Sparkassenstiftung ги пренесува овие основни фактори на успех на своите партнери во проектот. Денес, Sparkassenstiftung е една од најголемите приватни институции за развојна политика во Германија.