Обука за проектни менаџери во Сицилија

Тројца претставници од Македонија учествуваа на тренинг за менаџирање на проекти “Turning Young People Needs into an Action Plan кој се одржа во Калтанисета, Сицилија , во периодот од  16 до 24 Септември. Обуката беше финансирана од Еразмус+ програмата на Европската Унија, а беше организирана од Prism, непрофитна организација која се занимава со промовирање на претприемачките способности на младите луѓе. Во тренингот зедоа учество 33 млади луѓе од 11 земји: Италија,Maкедонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Романија, Полска, Холандија, Естонија и Литванија.

Целта на обуката беше низ неформално образование учесниците да се стекнат со знаење за PCM (Project Cycle Management – Циклусот на проектниот менаџмент), и да научат како да го применат тоа знање за успешно менаџирање на свои проекти. Но обуката беше и начин учесниците да се запознаат со културата на земјите чии учесници беа вклучени, и да споделат начини на работа во нивните организации, за нивните проекти.

Оваа обука беше едно незаборавно искуство, преку кое на неформален и забавен начин беа претставени клучните чекори од менаџирањето на проект, но истовремено и да се запознаат со културата на Сицилија, и на организацијата Prism. Учесниците се стекнаа со вештини кои би ги поттикнале да земат учество во организација на проекти, и да помогнат за нивна успешна реализација.