Обука за претприемачи по ЦЕФЕ методологија

Суштината на ЦЕФЕ обуките е во тоа да им помага на учесниците во обуката да ги до/развијат компетенциите потребни за спроведување на бизнис активностите, им помага да ги развијат своите бизнис планови, студии, преку процес на активно учење и учење преку искусување. Се користат бројни бизнис игри, игри на улоги, симулации, теренски истражувања кои ја сочинуваат оваа единствена методологија за учење.

Во фокусот на обуката се учесниците, не предавачите.

Единственоста на ЦЕФЕ методологијата е во тоа што тренерите не ги клукаат учесниците со знаење, туку тие преку симулации на бизнис ситуации и вежби самите доаѓаат до поентите на бизнисот.

Преку серија на бихејвиористички вежби учесниците доаѓаат во можност самите да проценат кои се нивните силни страни а кои компетенции им се послаби и како да ги подобрат. Постојана и интерактивна комукација помеѓу тренерите и учесниците и помеѓу самите учесници овозможува единствено чуство на искусување на реални ситуации кои многу од учесниците ја имаат искусено, но многу од нив не ги искористиле да извлечат поука. Тренерите им помагаат на учесниците да ги согледаат последиците од нивните постапки а научените лекции ќе можат да ги применат во секојдневното работење.

Овде не се држи предавање како успеале КокаКола, Сони, Мерцедес, ФБ или други нетипични фирми. Ова е реалниот живот во кој живеат и работат претпримачите од мали и средни фирми и секојдневно се среќаваат со разни предизвици.

 

ИСПЛАНИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ОДМОР МУДРО

 

 

Обучувачи

Зоран Витанов

Влатко Данилов

 

Времетраење:  5 дена

Кога: 24-28 Јули

од 9.00 до 17.00

 

Пријава и уплата на котизација за обука – до 20 јули

 

Каде: БИТОЛА,

хотел Капри

 

Цена

Котизација за обуката – 7.000 денари

Уплата на сметка број 300000003055439

Фирма ЦКС доо Скопје

Со назнака за ЦЕФЕ обука

 

Сместување  и оброци – се плаќа директно на хотелот

 

  1. Опција со сместување во хотелот

Полн пансион 1.880 денари на ден, со вклучени 2 кафе паузи

 

  1. Опција без сместување

Ручек и 2 кафе паузи – според цените на хотелот

 

Пријава и дополнителни информации на адреса:

basme@basme.com.mk

 

Поради интерактивноста на обуката бројот на учесници е ограничен.

Изборот на учесници е по принцип прв уплатил прв услужен.

 

Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија не се јавува како организатор, но силно ја препорачува оваа обука која ќе биде реализирана по ЦЕФЕ методологијата, за сите заинтересирани.