На 18.06.2016год. во хотел Капри Битола, ЦЕФЕ Макеоднија и Регионалната Стопанска Комора со седиште во Битола, организираа еднодневна обука на тема „Како да дојдете до пари за вашата идеја за 7 дена и помалку“. Главен акцент на обуката беа алтернативните извори на финансирање, кои стануваат се понеопходни за реализација на секоја (бизнис) идеја.
Обучувач беше Сем Вакнин, претприемач, писател и косопственик на неколку странски компании од сферата на финансиите, економски аналитичар, поранешен економски советник на влади и мултинационални компании на 3 континенти, вклучувајќи ја и македонската Влада и Министерството за финансии на Р.М.
Овој настин беше единствен од ваков вид во Македонија, а можеби и пошироко, затоа присуствуваа преку 90 учесници од цела Македонија. На обуката учествува претприемачи, сопственици на бизниси, студенти, вработени во државни институции, професори, вработени и членови во здруженија на граѓани, граѓански асоцијации, невработени.
Пред истите, Сем Вакнин, безрезервно презентираше 30 алтернативни модели на финансирање на стартапи, мали и средни фирми, фамилијарни бизниси како краудфанфинг, бизнис ангели, акцелератори, иновациски фондови, европски фондови, ризичен капитал и сл.
Најголем акцент на обуката се стави на краудфандинг (crowdfunding) или во слободен превод масовно финансирање како еден од најактуалните и најбрзо растечки модели за пристап до инвестициски капитал. Како релативно нов термин кој во последните две години бележи голем замав, во 2015 година бележи тренд на развој на ниво на индустриска гранка. Вкупната глобална crowdfunding индустрија по проценетата количина на прибирање финансиски средства во 2015 година изнесува околу 34 милјарди САД$ од кои:
- P2P или директно финансирање 25 милјарди САД $
- Награди и донации од crowdfunding 5,5 милјарди САД$
- Капитален crowdfunding 2,5 милјарди САД $
На обуката присутните се здобија со информации за преку 30 некласични извори на финансирање, знаење како да ги користат овие извори на средства, како да изготват апликација и изготвување на нивните проекти, мотивација и проактивност во искористувањето на овие фондови.

