Единствена конференција на тема: „Јакнење на претприемачкиот екосистем во Македонија“

(Образовниот, јавниот и приватниот сектор заедно за иднината на претприемништвото)

investiraj - simplificirano logo www

Зошто баш ваква конференција? Економските актери и креирачите на политики во Македонија нон стоп бараат решенија за да создадат нови работни места и да го стимулираат економскиот раст. Во таа цел сметаме дека најпотребно е креирањето на нови и иновативни компании, но сеуште многу предизвици стојат при нивното креирање и развивање.

Преку нашата работа на проектот „Зошто да одите во странство, кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ видовме големи програми кои што го стимулираат претприемништвото во скоро секој регион во Македонија. Но постои и голем јаз помеѓу лидерите на јавните институции и нивните заложби за поддршка на претприемништвото, актуелните пазарни можности за водење бизнис и потребите и спремноста на претприемачите. Тој јаз е местото во кое има потреба да се работи на креирање на програми и процеси кои систематично и мерливо ќе го стимулираат економскиот раст.

Затоа постои и причина што поврзаноста и соработката меѓу институциите, околината, политиките и претприемачите го нарекуваме „претприемачки екосистем“.Како и секој екосистем, така и претприемачкиот екосистем означува средина во која нешто живее и се развива.

Претприемачкиот екосистем во Македонија не е посаден како во градина. Тој е многу комплексен и непредвидлив за да може да се изгради одеднаш. Затоа ние преку овој проект го мапиравме и претставивме во онлајн курс кој што може да го најдете на www.cefe.mk/Investiraj Она што го научивме и она што сакаме да го претставиме до гостите на конференцијата е тоа дека и овој екосистем, исто како и останатите, е полн со предизвици но многу значаен за да се одржува и подобрува.

Која е целта? Конференцијата е единствена до сега во државата на тема: „Јакнење на претприемачкиот екосистем во Р. Македонија“ и има за цел да придонесе кон вмрежување и промоција на постоечките начини за поддршка и развој на претприемништвото во државата, како и креирање на нови идеи и политики за функционирање во иднина.

Специфични цели: Во еден ден е невозможно да ги покриеме сите посебности и процеси на претпремачкиот екосистем во државата па затоа ќе се фокусираме на следните специфицчности:

– идентификување на сегашните и идните актери во претприемачкиот екосистем,

– потенцирање на некои од бариерите за креирање и развој на новите компании, и како да ги решиме,

– идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на претприемачкиот екосистем во државата,

– пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со висок раст на претприемништвото.

Кога? 19 јуни 2015 (од 11 до 16 часот) – видете ја агендата

Каде? Хотел Капри – Битола

Што ќе содржи конференцијата? – видете ја деталната програма

– Две клучни сесии 1) Клучни актери во Македонскиот претприемачки екосистем.

2) Политики за промовирање и јакнење на претприемачкиот екосистем во државата.

– Презентација на резултати од завршувањето на проектот.

– Доделување на благодарници за особен придонес во проектот.

– Коктел и вмрежување.

За кого е наменета конференцијата? Доколку сте: студенти, вработени, невработени со аспирации за самовработување, потенцијални и постоечки претприемачи, претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото, финансиски институции, здруженија на граѓани, јавни институции за креирање на политики, лидери и претставници на бизнис инкубатори, акселератори, бизнис ангели, кредитни фондови … тогаш треба задолжително да присуствувате.

Кој е организатор?

Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје кое функционира од 2008 година и работи на промоција и јакнење на претпиремништвото во земјата и регионот, како и оформувањето и креирањето на претприемачи и бизниси. Работиме според ЦЕФЕ Методологијата која веќе 30 години докажува врвни резултати во креирањето на економии засновани врз компетенции во преку 140 земји во светот.

Здружението за граѓански активизам Форум 16 од Битола кое им помага на граѓаните во Македонија во реализацијата на нивните сопствени идеи и ги мотивира во вклучувањето на граѓаните во други тековни програми, проекти и акции.

Кои се условите за учество?

– Сите учесници ќе добијат сертификат за учество на конференцијата. – За да се пријавите, ве молиме пополнете ја електронската пријава или контактирајте не на: info@cefe.mk или на телефонскиот број: 078/201854 најдоцна до среда 17ти јуни 2015 година.

– Совет од организаторите: пријавете го и потврдете го вашето учевство на време бидејќи местата се ограничени. Селекцијата на кандидатите ќе се одвива по принципот „прв пријавен – прв услужен“