Обука за обучувачи

Обуките се важен дел од развојот на човечкиот капитал. За да бидат успешни обучувачите мора да бидат подготвени да ги применуваат техниките на обучување согласно барањата на целната група.

Секој обучувач мора да го има техничкото знаење за да може со помош на методите и техниките за обучување да го пренесе своето знаење и искуство на учесниците. Тој мора да ги знае меѓучовечките односи, а во текот на обуката ќе биде запознаен со групните процеси.

Оваа обука е дизајнирана да ве запознае со начините на работа со возрасни. Секој тематски дел е комбиниран со вежби и вие сами можете да ги применувате техниките.

Целта на обуката е да се обучат учесниците за методологија на испорачување на обука (структура на обука, енерџајзери, јавно говорење, употреба на практични вежби, држење на вниманието на учесниците и сл.)

Предвидените цели ќе се постигнат преку предложените модули:

Обуката ќе биде спроведена од Јован Сталевски, обучувач со домашно и интернационално искуство. Јован е интернационално сертифициран сениор обучувач од страна на ЦЕФЕ Интернационал. Поседува над 10 годишно искуство во обуки за претприемништво, кариерен развој, проектен менаџмент и обуки за обучувачи по светски признатата ЦЕФЕ Методологија. Во портфолиото на учесници се вбројуваат вработени во корпорации, државни институции, фондации, универзитети се до претприемачи, млади и едукатори од целиот свет. Кога станува збор за обуки и коучинг за обучувачи, неговата биографија освен бројни тренинзи во Македонија, вклучува и обуки за обучувачи во Турција, Македонија, Хрватска, Холандија, Јамајка и Филипини.

Начинот на кој што се изведуваат нашите обуки е по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која веќе 30 години континуирано дава резултати, се подобрува и иновира според добиен фидбек од клиентите.

ЦЕФЕ содржи разбирлив сет од инструменти за обука кои се базираат на акциски и искуствен пристап на учење. Се со цел да се зголемат бизнис и менаџмент капацитетите кај различни целни групи. Добивката најмногу се чувствува во зголемување на приходот, зголемување на вработливоста и економскиот развој.

Најпросто кажано, учесниците се ставаат во ситуација каде што се предизвикани од проблем или симулација на одредена средина. Обучувачот нема да ви држи предавања како големите компании Кока Кола, Епл или Форд ги решиле своите проблеми и се успешни, туку ќе ве води за да сами наоѓате заклучоци и решенија за настанатите ситуации. Преку искуствениот пристап ги чувствувате на своја кожа научените вештини и учите или од своите или од туѓите грешки и успеси.

Што кажуваат истражувањата на задоволството на учесниците после ЦЕФЕ обуки?

•За 30% им се зголемиле приходите на 98% од претприемачите со 1-2 вработени и 100% од претприемачите со 6-20 вработени после учество на ЦЕФЕ обуки;

• 93% тврдат дека обуките придонеле за нивен личен развој;

• 91% развиле претприемачки компетенции;

• 86% развиле сопствен бизнис;

Методите кои што се применуваат во обуките: структурирани вежби за искуствено учење, симулации, играње на улоги, студии на случаи, минимални предавања, групна работа, коучинг и работа на терен.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе добијат соодветен пакет со материјали кои се потребни за нивниот професионален развој:

• Прирачник за обука на обучувачи на 80 страници.

• Примери за: креирање на ППТ презентации, дизајн на курикулум, дизајн на агенди, буџети за обука, евалуација на обука, информативни листи за учесници и др.

• Сет со вежби за енергизирање и креативно поттикнување на учесниците.

• Истите може да ги прилагодуваат и применуваат потоа во тековното работење.

Контактирај нe за соработка

Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје

Ул. Руди Чајевац бр. 1/1-60, Аеродром – Скопје, Македонија

© Copyright - CEFE Macedonia™, 2024

Designed by: screensculptures.com