Ресурси

Ресурси

Како да го смениме начинот на размислување кон поздраво и покорисно управување со парите?

Money Minds, одржан од 10-ти јуни 2024 до 17-ти јуни 2024 година, ни покажа како да го смениме начинот на размислување кон поздраво и покорисно управување со парите. Преку овој проект, успеавме да ја подигнеме свеста за нашите навики за трошење и како да влијаеме на нашата иднина и иднината на младите со кои работиме. Нашиот водич можете да го најдете на следниот линк: https://num.hr/wp-content/uploads/2024/08/The-Money-Minds-Guidebook.pdf

Ресурси

Водич за гејмификација како алатка за работа со младите

Game ON! обуката, која се одржа од 1 јули 2024 до 7 јули 2024 година, го зголемува знаењето и свеста за темата гејмификација како алатка за работа со младите, преку соба за бегство и методологија. За овој проект успеавме да направивме водич. Преку овој проект, успеавме да станеме посвесни за тоа како собите за бегство може да се користат во рамките на младинската работа за да се одржат сесии, па дури и да научиме како да изградиме соба за бегство што може да се користи во сесиите што се спроведуваат со младите. Нашиот водич можете да го најдете на следниот линк: https://num.hr/wp-content/uploads/2024/08/Game-ON-GuideBook.pdf

Ресурси

Како да ја искористиме природата за да се справиме со проблемите менталното здравје?

Steps of Wilderness, одржан од 20-ти до 27-ми април 2024 година ни покажа како да ја искористиме природата како алатка за да помогнеме на личноста да се справи со проблемите со менталното здравје низ кои поминува, сето тоа благодарение на „Wilderness Therapy”. Преку овој проект, успеавме да развиеме повеќе вештини при работа со млади и да создадеме прирачник за да им помогне на сите да работат подобро и да бидат поинклузивни кога работат со млади кои имаат тешкотии во менталното здравје. Нашиот водич можете да го најдете на следниот линк: https://num.hr/wp-content/uploads/2024/06/Steps-of-Wilderness-Guidebook.pdfПроверете го и искористете го добро!

Ресурси

Научно истражување за мапирање на активностите кои ги поддржуваат вештините за себенасочено учење

Со огромно задоволство сакаме да ве известиме дека нашата организација ЦЕФЕ Македонија активно учествуваше во научно истражување за мапирање на активностите кои ги поддржуваат вештините за себенасочено учење, со цел да се најде модел за поддршка на вештините за себенасочено учење кај NEET-младите (младите кои не се ниту вработени, ниту во образовен процес). Ова научно истражување претставува значаен чекор во нашите напори за разбирање и подобрување на процесите на индивидуално учење и саморазвој. Себенасоченото учење е од суштинско значење во денешниот брзоменувачки свет, каде што способноста за самостојно стекнување на нови знаења и вештини стана клучен фактор за успех. Преку нашето учество во ова истражување, имавме можност да придонесеме со нови сознанија кои можат да помогнат во подобрување на образовните методи и да поттикнат поширока примена на себенасоченото учење во различни контексти. Сакаме да изразиме благодарност до сите партнери кои беа дел од оваа истражување кое беше во рамките на Ерзмус + проектот “SDL competencies for NEET-youth”. Исто така, сакаме да се заблагодариме и на Елена Петковска и Валентина Тодороска кои беа истражувачкиот тим на ЦЕФЕ Македонија. Прочитајте го научното истражување на следниот линк: https://www.frontiersin.org/journals/education/articles/10.3389/feduc.2024.1433484/full

Ресурси

Водич за основање на социјален бизнис

После многу онлајн состаноци меѓу експерти, истражување меѓу социјалните претприемачи и истражување на добри пракси од светот на социјалното претприемништво, ви го претставуваме Водичот за основање на Социјален Бизнис. Водичот за основање на Социјален Бизнис содржи патокази од каде да се започне кога се има желба да се влезе во социјалното претприемништво, што да се истражи, што е потребно за основање, како да се најдат финансии, каква поддршка да се побара и какви легални аспекти треба да се имаат на ум. Водичот е произведен во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади“ и е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Проектот е партнерство меѓу ЦЕФЕ Македонија и организации и компании од Исланд, Кипар, Грција, Италија и Литванија. Тимот моментално подготвува тренинг материјали и програми за поддршка на младите кои сакаат да влезат во водите на социјалното претприемништво. Водичот можете да го најдете на англиски и на македонски јазик на следните линкови: Линк до македонската  веризја : https://issuu.com/cefemacedonia/docs/se4you-io1-roadmap-mkd-final-ab Линк до англиската верзија:https://issuu.com/cefemacedonia/docs/se4you-io1-roadmap-final_19.02.2020

Ресурси

VOCCESS – новата апликација која ќе ти даде насоки во твојата кариера

Здружението за професионални обуки и услуги од областа на претприемништвото –  ЦЕФЕ Македонија, заедно со уште четири експертски организации од Шпанија, Бугарија, Италија и Турција, ја создадоа својата прва онлајн алатка за кариерно профилирање и насочување на младите – апликацијата VOCCESS. Преку апликацијата VOCCESS – младите ќе можат да ги истражуваат своите интереси, страсти, таленти, способности и вредности поврзани со нивните идни кариери. Целта е да ве води чекор по чекор кон вашата кариера и да ве насочи на патотот кон она што навистина сакате да го работите во својот живот. До сега, таа е тестирана и користена од преку 200 млади од Бугарија, Шпанија, Турција и Италија. Во Македонија, алатката беше тестирана на онлајн работилници за кариерен развој. На нив учествуваа 60 средношколци во Кочани и Св. Николе, како и студенти на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. На тие работилници, откако младите добија претстава за нивната кариера, имаа можност и да направат план и стратегија за нивната посакувана кариера преку VOCCESS онлајн курс за кариерен развој. Креирањето на алатката е направено преку VOCCESS методологијата. За да ги создадат тестовите, прашањата и резултатите во VOCCESS апликацијата, експертите се служеа со: архетипите на Јунг, теоријата на многуте интелигенции, НЛП и кариерни техники за коучинг и професионална кариера. VOCCESS е веќе достапна и можете да ја превземете на Google Play за сите Android уреди, а многу наскоро и за IOS уредите. Апликацијата е преведена на 6 јазици: англиски, шпански, македонски, италијански, турски и бугарски. Со самото тоа таа е разбирлива за повеќе од 70% од советниците за кариера, наставници, родители и младите ширум светот. Апликацијата, методологијата и онлајн курсот се бесплатно достапни за сите заинтересирани едукатори, фасилитатори, обучувачи, советувачи, професори, наставници од Макеоднија, благодарение на проектот “VOCCESS ONLINE”, кој е финансиран од Еразмус + програмата за стратешки партнерства на Европската комисија.