На 7 декември 2023, претставници од ЦЕФЕ Македонија, заедно со партнерите на проектот ВИРТУАЛ, одржаа состанок за евалуација и планирање на фазите од проектот. Целта на состанокот беше да се разговара за успешна реализација на проектот и да се координира извршувањето на првата фаза од работата, која се состои од: испитување на моменталната и очекуваната побарувачка на пазарот на труд за работници во секторот туризам и прехранбени услуги, со особено внимание да се идентификуваат видовите на стручни вештини кои работодавците ги бараат и веројатно ќе бидат барани во иднина, а потоа нивно усогласување со понудата на V.I.R.Tu.A.L. Така, особено со оглед на влијанието на кризата со Ковид врз туристичкиот сектор и тешкотијата за пристап до искуствата од учење на работното место за младите луѓе вклучени во СОО. Визијата на проектот е дека технологојата може да го подобри нивото на вештини, можности и вработливост кај учениците од ВЕТ секторот Проектот ВИРТУАЛ има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0. Главните цели на проектот се: Да се развијат наставни методологии користејќи технологија и/или ИКТ алатки и да се развие способноста на наставниците да ги вметнат дигиталните технологии во наставата; Да се опремат студентите со компетенции за користење и пристап до алатки, софтвер и платформи; Да се зголеми интеракцијата помеѓу наставниците и учениците со помош на технологиите; Да се зголеми нивото на разбирање, а истовремено да се намали времето за разбирање и напорот што им е потребен на учениците за да научат информации користејќи 3Д концепти наместо 2Д; Да се воспостават мостови на соработка помеѓу туристичката индустрија и обучувачите како средства за обезбедување на правилна употреба на Образованието 4.0 на Стручните Образовни Институции од Западен Балкан. Овој проект ќе ги произведе следните резултати како нова вредност: Интерактивна мапа за дуалното образование и обука. Со тоа ќе се прикаже ситуацијата за туристичките ресурси во институциите за стручно образование и обука од Западен Балкан; Флексибилен дигитален пакет со алатки, способен да прикажува содржини преку технологии за зголемена и виртуелна реалност; Насоки за дигиталната методологија на настава (Образование 4.0) што треба да ги користат обучувачите/наставниците за да го имплементираат овој иновативен образовен пристап; Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу партнерите и други субјекти надвор од проектот за формализирање на соработката и комуникацијата помеѓу центрите за стручно образование и обука во областа на туризмот. Конзорциумот избран да го спроведе проектот V.I.R.Tu.A.L е составен од комплементарни, искусни и професионални организации кои се релевантни за проектот и неговата тема. Партнерството ги претставува следните перспективи и искуства кои се релевантни и неопходни за развој на проектот: (а) ВЕТ провајдери, исто така со специфична експертиза во анализа на системот на професии (ТУЧЕП – Италија, Професионален Колеџ Тирана – Албанија, Европска Едукативна Иницијатива – Албанија, Универзитет за Бизнис и Технологии – Косово; (б) Организации ангажирани во промовирање на искуственото учење и претприемнички компетенции (ЦЕФЕ Македонија) (в) Технолошки организации (АРТЕС Италија) Проектот се спроведува од 6 партнери од Албанија, Италија, Косово и Македонија. Овој проект започнува по препораката на советот за стручно образование и обука за одржлива конкурентност, социјална правичност и издржливост од декември 2020 година: Забележан е драматичен пад на бројот на места за обука за стажирање и тоа повлекува недостаток на можности за обука за младите, исто така, може да доведе до интензивирање на недостигот на квалификувана работна сила, во некои области, на среден рок. Покрај создавањето заедничка ЕУ платформа за стручно образование и обука, развој на системи за симулација на виртуелна реалност и други дигитални алатки за образование за стручно образование и обука со помош на истражувачки проекти и тест фази се препорачливи. Прекинот на обезбедување на Стручно Образование и Обука (ВЕТ) предизвикано од пандемијата COVID-19 има значително образовно и социјално влијание врз студентите од СОО, особено од обесправените средини, и претставува тешки предизвици за студентите кои најдобро работат под директно водство и во присуство на наставник; Времетраење на проектот: 1.01.2023 – 31.12.2025 ВИРТУАЛ е кофинансиран од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку клучната акција 2 – градење на капацитети во стручното образование, со фокус на партнерствата на земјите од Западен Балкан и Европска Унија.