Kick-Off состанок во Газиантеп, Турција

На 04 и 05 Април, 2018 година, во рамки на проектот “Experiental Pedagogy of the Oppressed for Adults”, се одржа првиот состанок на партнерите . На состанокот којшто се држа во Југо-Источниот, Турски град Газиантеп, освен ЦЕФЕ Македонија, учествуваа и партнерските организации од Турција, Грција, Италија и Бугарија.

Целта на овој проект е обука и истражување на потребите на едукаторите коишто работат со мигранти, со што би им помогнале при процесот на интеграција во општеството на земјите каде што се доселени.

Целта на состанокот беше запознавање на партнерите и подетална анализа на целите на проектот. Откако сите партнери ги претставија сопствените организации и со што тие најчесто работат, во која област се специјализирани, следна точка за дискусија беше проектот, со што остатокот од првиот ден и времето предвидено за состанок од вториот ден беа резервирани за дискусија и дефинирање на активностите кои треба да бидат остварени со цел реализација на целите на проектот. Беа договорени улогите на секоја од партнерските организации и временската рамка на проектот со сите активности поединечно. Како краен рок за реализација на целите на овој проект е предвиден Декември 2019 година.