Kако ЦЕФЕ Македонија се издига во светот?

Мислите се РЕАЛНИ и особено МОЌНИ кога се проследени со определена цел, истрајност и силна желба за нивно претворање во материјален облик. Пред неполна година (во летото 2014 година), со нашите ЦЕФЕ партнери од целиот свет, соработувавме и размислувавме за да креираме иновативна идеја која ќе ја подобри едукацијата за вработувањето на младите во светот … Сега сме горди да кажеме дека Европската Комисија ја препозна нашата визија и ни одобри средства таа идеја да ја реализираме во реалноста преку проектот „ГЕТ ЈЕС“.

Се работи за двегодишен проект од програмата Еразмус+ , Клучна Акција 2: Стратешки партнерства за градење на капацитетите на младите во светот, кој ќе биде во соработка со нашите партнери од 4 континенти: Platforma Aurea од Чиле, Филипинската CEFE Network Foundation INC, ЦЕФЕ Кариби – Business Work Ltd од Јамајка и CEFE International од Германија.

Ние решивме да сме пеперутки наместо гасеници 🙂