Проекти

Проекти, Тековни проекти

Да научиме како да се поттикнеме да учиме

Сите ќе се сложите дека светот во кој живееме рапидно се развива и менува. Едукативните институции имаат административна пречка за брзо да се адаптираат на постојано новите знаења што секојдневно произлегуваат. Затоа секој човек кој сака да биде успешен во денешниот свет треба да го прифати концептот на „учење додека си жив“ (Life Long Learning)  и да стекне вештини за „учење поттикнато од самиот себе“ (Self Directed Learning). За таа цел, ЦЕФЕ Македонија се вклучи на меѓународниот тим на проектот Self-Directed Learning Competencies for people neither in education, employment nor traininings – SDL4NEEET (Компетенции за поттикнување на лично учење за лицата кои не се во работен, обучувачки или едукативен процес).  Тимот на проектот се сретна во Рига, Латвија од 06 до 09 март 2023 да ја претстави големата слика до партнерите. Проектот SDL4NEET ја детектира потребата од промени на  начинот на учење и цели кон усвојување подобри вештини меѓу младите кои ќе придонесат за ефикасно, лесно и брзо учење. Перспективите и очекувањата поврзани со проектот, беа само дел од првиот состанок во организација на IELN од Естонија координатор на проектот, DeM од Турција, PRISMS од Малта.  Како претставници од ЦЕФЕ Македонија, присуствуваа Ј.Сталевски, и В.Тодороска.  Концептот на самопоттикнато  учење се состои од пренесување на компетенции до младите, кои ќе им помогнат да преземат поголема одговорност кон образовниот себеразвој, да постават цели и да пронајдат извори за учење кои вклучуваат соодветна стратегија но и евалуација на достигнувањата.  Ги покануваме да ни се приклучат едукаторите кои сакаат да им помогнат на барем 2-3 млади лица околу нив да се вратат или вклучат во процесот на едукација или обука. Добивките за вас се: стекнување на искуство и методологија за поттикнување на младите да се поттикнати да учат од самите себе, подобрување и компетитивност во вашето работење преку вмрежување со интернационални едукатори, размена на искуства и учество на две обуки за обучувачи во Малта и Турција,  лична сатисфакција, преку правење на добро дело доколку менторирате и им помогнете на некои млади околу вас да си го најдат патот на нивното учење, а со тоа и нивна себе реализација, интернационала препознаеноост на вашите активности во рамки на проектот преку учество на интернационални и национални конференции. хонорари за придонес во креирање на методологија за себепоттикнато учење. Исто ги покануваме и сите млади лица кои во периодот не се вклучени во формален образовен процес и се невработени да се приклучат во проектот за да добијат: вештини за како да се мотивираш да учиш на различни начини без некој да мора да те турка, вмрежување и учество на интернационален камп со уште 40 други млади од Естонија, Турција, Македонија и Малта, информации за твојот стил на учење и каде има можности да ги оствариш твоите кариерни и лични цели. Сите заинтересирани контактирајте не на info@cefe.mk Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку Естонската Национална Агенција за Европски Образвони Програми и Мобилности. The only person who is educated is the one who has learn how to learn…..and change – Carl Rogers

Проекти, Тековни проекти

Зајакнување на практикантите со претприемачки способности

Да ги поддржиме практикантите да влезат во претприемачките води. Ова е главната мисија на нов проект што ЦЕФЕ Македонија ќе го спроведува од февруари 2023 до октомври 2024 година.  Главната цел на проектот е да придонесе со новитети во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачкте компетенции на практикантите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите како и изработка на нови едукативни материјали.  Главен координатор на проектот е МЕСВАК од Анкара, Турција. Фондација која преку 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта за економски развој на Турција. Покрај ЦЕФЕ Македонија други партнери на проектот се Развојниот центар на Вору регионот од Естонија кои од 1999 година функционира како соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој, вклучително и поддршка на млади претприемачи во Естонија. Последниот партнер на проектот е Директоратот на Национална Едукација од Анкара (АДНЕ), кој е втора најголема институција за образование после министерството за образование на Турција која ги извршува сите активности во основното и средното образование (вклучително и стручното образвоание). Добивките за студентите се: подобрување и стекнување на меки вештини и претприемачки компетенции, учество на интернационални работилници, подобрување на јазичните способности, анализа и изработка на бизнис идеи, вмрежување со претприемачи, можност за финансирање на нивните идеи. Добивките за стручните училишта и нивните вработени се: развојна програма за градење на претприемачки способности кај практикантите и студенти, интернационално искуство на наставниот кадар, подобрување на едукаторските и обучувачки способности, вмрежување со институции, бизниси и органзиации од Европа, алатки за оценување на спосонбноста на учениците за претприемачки вештини и како да ги развиваат.  Ги покануваме стручните училишта и факултети кои сакаат да им овозможат на своите студенти интернационално и претприемачко искуство да не контактираат за соработка.  Од 10 до 13 март 2023, ЦЕФЕ Македонија ќе биде домаќин на првиот интернационален состанок каде што ќе се договорат натамошните активности, за кои што дополнително ќе ве известиме и ве покануваме да не следите. Проектот е кофинансиран од Еразмус + програмата и Турската Национална Агенција за Мобилност и Едукација. 

Изминати проекти, Проекти

SE4You – Социјално претприемништво за млади

Овој проект има за цел да обедини 6 партнерски организации од различни земји кои сакаат да го промовираат самовработувањето преку подигање на свеста за социјални теми, зајакнување на учеството на младите и помагање на нив да станат одговорни активни членови на нашето општество преку збогатување на нивните компетенции. SE4You (Социјално претприемништво за млади) има за цел да ги поддржи младите луѓе кои сакаат да учат и растат и професионално и лично, грижејќи се за другите и за нивната околина. Проектот ќе создаде онлајн заедница за охрабрување на младите за самовработување во нивните локални заедници, како и да ги зголемат своите претприемачки вештини со цел да се подобри социјалната економија на земјите учеснички и на Европа како целина. Целите на проектот се опремување на младите со специфични компетенции и вештини за водење на сопствени социјални претпријатија. Специфичните цели на проектот се: Да ги опреми и поддржи младите со знаење, клучни компетенции и алатки поврзани со социјалното претприемништво и социјалните иновации потребни за претворање на претприемачките идеи во социјални почетни компании, со цел справување со предизвиците и проблемите идентификувани во нивните заедници; Да разменат искуства и практики поврзани со социјалното претприемништво и социјалните иновации меѓу организациите не само активни во областа на младите, туку и во други сектори од различни социјални и културни контексти во Европа; Да се развие специфичен сет на алатки засновани на неформално учење со цел развој на трансверзални и основни вештини на младите со помалку можности; Главната целна група на проектот се млади луѓе кои имаат интерес за социјално претприемништво. Продукти на проектот: Патоказ за создавање на вашето социјално претпријатие во 10 чекори Курс за градење капацитети на самовработувањето за одржлив раст што ќе ги олесни иновативните практики на учење во образованието за социјално претприемништво преку развој на наставни програми и збир на упатства, етика и идеи Биро за социјално претприемништво, кое ќе обезбеди информации и дефиниција за помош што ќе работи на партнерски јазици. Очекувани резултати се следниве: Висок квалитет на материјал за обука за социјално претприемништво во иднина; Негување на професионалниот развој на младите што резултира во нивно економско учество во општеството; Подобрени нивоа на вештини за вработување кај младите; Влијание врз учесниците (млади): Стекнување нови вештини и способности во областа на социјалното претприемништво; Поттикнување на креативноста, иновативноста, учеството, различноста и социјалното вклучување на младите. Развој на самосвест за нивните природни таленти и способности; Развој на мрежата на европски социјални претпријатија (преку Бирото) преку запознавање со пристапите кон основање на социјални претпријатија; Влијание врз заедницата: Зајакнување на улогата на младинските организации во личниот развој на младите во животот на заедницата и економскиот раст; Идентификување на социјалните проблеми на заедницата и изнаоѓање решенија за овие проблеми; Подобрување и олеснување на дијалогот помеѓу младите и локалните власти / субјекти преку неформални методи; Влијание на национално ниво: Локалните власти ќе имаат можност да ги прошират своите стручни знаења со усвојување нови пристапи во нивните практики. Младински организации кои се активни на регионално / национално ниво ќе имаат пристап до Help Desk кој содржи материјали подготвени за употреба, кои можат успешно да се интегрираат во нивнито менторски програми или во нивните воннаставни активности со цел да им се обезбеди на младите потребна помош и поддршка при одлучување за нивната иднина. На ниво на ЕУ, влијанието на проектот ќе добие форма на вмрежување со други региони / земји. Преквалификација и подобрување на компетенциите на младите во областа на социјалното претприемништво Воспоставување ефективна методологија за обука во социјалното претприемништво за заинтересирани лица, што резултира во подобрување на нивните преносливи вештини и компетенции. Справување со невработеноста на младите и зајакнување на социјалната кохезија. Иновативноста и додадената вредност на проектот лежи во самиот факт дека тој не сака само да ги обучи и зајакне младите, туку и да го подобри разбирањето на феноменот на социјално претприемништво и неговиот потенцијал во областа на младите и неформалното образование во Европа.

Изминати проекти, Проекти

Проект за искуствено учење за образование преку спорт

Име на пректот: Искуствено учење за образование преку спорт Програма: Еразмус+ Спорт Кординатор на проектот: ДЕМ (Турција) Партнерски организации: ЦЕФЕ Македонија, Спортски клуб Фабрика за шампиони (Бугарија), Институт ОДТИЗ за образование и инклузија (Словенија), Спортски клуб ТЕД (Турција) ЦЕФЕ Македонија е дел од новиот проект Искуствено учење за образование преку спорт финанисран од Еразмус + програмата на Европската Унија. Проектот има за цел да придонесе за зајакнување на образованието во и преку спортот засновано врз методологија за искуствено учење со посебен фокус на развој на вештини.  Главните цели на проектот: Да се подобрат образовните капацитети засновани на искуствено учење на спортски и младински организации и нивниот персонал што го користат спортот како алатка. Да се развијат алатки и методи засновани на искуствено учење и методи за спортски активности со цел да се зголеми образовниот потенцијал на спортските активности. Целните групи на овој проект се младински и спортски организации кои го користат спортот во своите активности, нивниот персонал и млади со помалку можности кои учествуваат во овие спортски активности. ЦЕФЕ Македонија како организација која е дел од овој проект во својата методологија користи искуствени вежби и алатки кои имаат елементи на спортски игри преку кои се креираат претприемачки компетенции. 

Изминати проекти, Проекти

Повик за учество на обука за обучувачи по ЦЕФЕ Методологија во рамки на проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија”

7, 8, 9 Февруари  2020 и 15, 16 Февруари 2020 Хотел Изгрев, Штип Обуката е наменета за создавање на компетентни лидери и обучувачи кои ќе бидат лиценцирани обучувачи за претприемништво што ќе користат искуствена обука за претприемништво базирана на  ЦЕФЕ методологијата која веќе 30 години придонесува во креирање на економии засновани на компетентност, иновации и решавање на проблеми. Обуката за обучувачи по претприемништво, ја препознава силната социјална потреба за градење на претприемачки општества низ целиот свет кои ќе им овозможат на младите луѓе да ги остварат своите идеи и професионални планови. Што е ЦЕФЕ? Германска методологија која претставува кратенка од англискиот акроним CEFE Competency based Economies, trough Formation of Enterprises (во превод: Економии базирани на Компетенции, преку Формирање на Претпријатие). Методологијата замислете ја како кутија полна со инструменти за обучување кои користат методи на учење базирани на практично искуство и се ориентирани кон акција. Создадена е со цел да ги развива и подобрува бизнис компетенциите, менаџерските и личните компетенции кај различни видови целни групи (претприемачи, менаџери, едукатори, студенти, невработени … се до бегалци, земјоделци, затвореници, лица во незавидна позиција и други). Главно придонесува кон економски развој преку поттикнување на зголемување на приходи и нови вработувања. Кој треба да присуствува? Обуката не е за туристи. Наменета е за луѓе кои се сериозни во нивната цел да ја започнат или подобрат нивната кариера како професионални обучувачи. Идеален профил на учесници се: младински работници, обучувачи, младински лидери, проектни менаџери, претприемачи, фасилитатори, професори и вработени во агенции за поддршка на претприемништвото.  Сите заинтересирани ве охрабруваме да се пријавите на онлајн апликацијата, со напомена дека при избор на учесниците ќе се даде предност на кандидати кои живеат или делуваат во источниот дел на Македонија. Кои се вашите придобивки? – Зголемени обучувачки компетенции при употреба на ЦЕФЕ методологијата; – Запознавање со најсовремените алатки и вежби како дел од оваа методологија; – Подготвени и светски тестирани програми за обука за претприемништво (социјално претприемништво, иновации, бизнис вештини…); – Можност да се работи како обучувач при реализација на пилот обуки во Источна Македонија и во други интернационални проекти; – Набљудување и сертификација на учесници кои се стекнуваат со лиценца за ЦЕФЕ обучувачи и кои ќе можат да работат на национално и мегународно ниво; – Зајакнување на капацитетите на организациите во процесот на превземање активности за еманципирање на младите луѓе во нивните региони, зголемување на нивниот капацитет за одржување на обуки за претприемништво, зголемување на приходот и отворање на можности за нови интернационални соработки на слични теми; – Зајакнување на мрежата на ЦЕФЕ организации низ светот; – Создавање на заеднички идеи и проекти за различни настани. Работен јазик : Македонски Услови за учество: Обуката и сместувањето (за учесниците што не се од градот на одржување на обуката), храна, пијалоци и сите материјали за обуката ќе бидат покриени од страна на организаторот. Пријавување и потврда на учество За да аплицирате на обуката ве молиме пополнете ја онлајн апликацијата и прикачете го вашето CV со конкретни информации во делот на обучувачко и претприемачко искуство. На датумот на селекција ќе испратиме информација до сите апликанти за статусот на вашата апликација. Краен рок за аплицирање: 31.01.2020 Селекција на учесници: 03.02.2020 Организатор: ЦЕФЕ Македонија (www.cefe.mk) Контакт: Благој Трајков / +389 71 324 959 / blagoj.t@cefe.mk Јован Сталевски / +389  78 437 267 / j.stalevski@cefe.mk ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБУКАТА МОЖЕ ДА НАЈДЕТЕ ВО БРОШУРАТА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Изминати проекти, Проекти

Како до подобри обучувачи преку НЛП техники

ЦЕФЕ Македонија започна стратешки проект за креирање и подобрување на компетенциите на обучувачите во Македонија, Германија, Романија и Италија. Целта и фокусот на ова партнерство ќе биде да истражи и креира материјали за специфичен дел од невербалната комункација – фацијалните експресии. Зошто? Бидејќи само овој дел од нашето тело останал непроменет во еволуцијата на човекот, под влијание на културата, социјалното опкружување и географската положба. Што ќе испорачаме во следните две години? Книга наречена “Мимика”, како и софтвер за препознавање и учење на фацијалните експресии со помош на технологијата што забрзано доаѓа – огментирана реалност. Придобивките од овие производи се подобрување на обучувачките способности и самодоверба во формалното и неформалното образование. Партнери во проектот се: – тренинг и консалтинг центар “Трејнифик” од Букурешт, Романија, – конзорциум на експерти, обучувачи и консултанти “ИнфорЕлеа” од Торино, Италија, – ВЕТ центар “Соларис” од Лајпциг, Германија и – ЦЕФЕ Македонија, како организација која е мрежа на обучувачи и консултанти за искуствено учење по претприемништво во целиот свет. Во периодот од декември 2019 до декември 2021 ќе соработуваме со академици, обучувачи и НЛП експерти благодарение на Еразмус+ програмата на Европската Комисија и Романската Национална Агенција за Мобилост и Едукација. Мислите дека може да придонесете во овој несекојдневен проект, или сакате да ги надоградите Вашите компетенции? Пишете ни на info@cefe.mk