Вести

Вести

Покана за дискусија со студенти од Универзитетот Case Western од Охајо за македонското претприемаштво

Проектот “Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата држава-Инвестирај“ продолжува со нови интересни активности.   На 17-ти ноември, 16.00 часот, во Американското Катче Битола ќе се одржи WebEx конференција во живо со студенти од Универзитетот Case Western од Охајо кои го следат онлајн курсот – Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies како дел од нивната настава. Во рамките на овој курс воден од професорот Michael Goldberg студентите ги проследија видеата од македонската претприемачка приказна снимена во рамките на проектот “Инвестирај“ финансиран од Амбасадата на САД во Македонија. На тој начин состојбите и активностите во македонското претприемаштво овој семестар се изучуваа како студија на случај на еден од познатите Американски Универзитети.   Секој кој е заинтересиран за дискусија со Американските студенти за претприемачките еко системи во САД и Македонија, да научи повеќе за видовите на поддршка за претприемачите кои се достапни во државата Охајо, да сподели свои размислувања за состојбите во Македонија, да се вмрежи, може да се придружи на ЦЕФЕ тимот на 17 ноември во 16 часот, на заедничката средба во Американското Катче.   Сите што ќе доаѓате во Американското Катче ве молиме известете не на info@cefe.mk   Доколку пак не сте во можност да дојдете, ви препорачуваме да се приклучите на следниов линк. Само логирајте се и ќе можете и од дома да дискутирате заеднички со сите нас.

Вести

Иновативни и несекојдневни модели на финансирање на мали и средни претпријатија

Сите светски експерти учат дека парите се ресурс кој што го има во најголеми количини на планетава. Прашањето е: Каде се? Како до нив? На кој начин да ги ставам во функција на мојата бизнис идеја? За таа цел Ве покануваме на 14 Ноември 2015 год. во просториите на Стопанската Комора во Скопје да земете учество на еднодневнен настан кој ќе содржи трибина и обука  на кои ќе се зборува за користа и достапноста на несекојдневните модели на финансирање за мали и средни претпријатија. Главна цел:  Да научите за над 30 некласични начини на финансирање кои им стојат на располагање на претприемачите, Да ве мотивира на проактивност во вашето барање и искористување на овие фондови, вмрежување на претприемачите со консултанти и институции кои би им помогнале во овај процес.   Досегашните многубројни обуки од оваа област акцент ставаат на банкарските кредити кои се разликуваат само по каматните стапки. На оваа обука ќе бидат презентирани преку 30 алтернативни модели на финансирање на стартапи, мали и средни фирми, фамилијарни бизниси (краудфандинг, бизнис ангели, акселератори, иновациски фондови, европски фондови, билатерални фондови, ризичен капитал и др.). Оваа обука ќе биде единствена не само во Македонија, туку и во целиот Балкански регион.   Дизајн на настанот: Осмислен да се реализира во еден ден, а целите ќе се постигнат во три сесии составени од: презентации, дискусии, студии на случај, практична работа. Видете ја агендата Кои се говорниците и обучувачите? Експерти докажани во бизнис секторот, кои со своето брилјантно искуство придонеле за  развој на финансискиот сектор и стопанството во Македонија. Сем Вакнин, претприемач, писател на светскиот бестеслер „Malignant self love – Narcissism revisited”. Косопственик на неколку странски компании од сферата на финансиите, економски аналитичар, поранешен советник во Минисерство за Финансии на Р. Македонија. Човек со брилијантен бизинс ум, огромно знаење и богато искуство во бизнис светот. Јанко Тренкоски – генерален директор и претседател на управен обор на КБ Прво Пензиско Друштво. Зоран Витанов – финансиски консултант, кососптвеник на Трејд Консалтинг и коосновач на ЦЕФЕ Македонија Ивана Најдоска – менаџер на Калуд Академијата на ЊуМенс Бизнис Акселератор – Скопје На обуката ќе се презентираат и практичен пример на успешно финансиран бизнис од Фондот за Иновации и Технолошки Развој.   Што добивам дополнително? Секој учесник се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; ПОДАРОК од ЦЕФЕ Македонија – видео курс во кој ќе најдете информации за грантови и поддршка за реализација на вашите бизнис идеи.   ВАЖНО: Обуката ќе биде на македонски јазик, освен делот на г-дин Сем Вакнин кој ќе зборува на англиски јазик. Колку треба да инвестирам? Реалната цена на чинење за овој тип на обука е повеќе од 7.000 денари по учесник. Благодарение на сите говорници и обучувачи, кои го донираат своето време и експертиза без надоместок, оваа обука ќе ви биде овозможена само со инвестиција од само 600 денари* во основни трошоци. Како да се пријавам? Пријавувањето се врши до 10 Ноември Петок 13ти, 2015 година со пополнување на електронската пријава со назнака “обука за финансирање” и потврдете го Вашето учество со уплата на банкарската сметка подолу. Контактите на организаторите на обуката од ЦЕФЕ Македонија се: 078/437-267 Јован Сталевски; 078/201-854 Елена Гагачева; info@cefe.mk Потврдувањето на пријавите ќе биде по принципот, прв пријавен – прв услужен. Потврдете го Вашето присуство со уплата на 600 денари на следната банкарска сметка: ЦЕФЕ Македонија НЛБ Тутунска Банка АД Скопје Жиро сметка број:  210 063 771 060 147   Адреса: ЦЕФЕ Македонија „Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје Република Mакедонија Цел на дознака: Обука за финансирање * Цената на чинење на обуката е по учесник, во група од 60 лица. ЦЕФЕ Македонија го задржува правото на одложување и комбинирање на термините во случај на недоволно пријавени учесници. Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.

Вести

Проектот ИНВЕСТИРАЈ промовиран на ТЕДх Фулбрајт во Санта Моника, САД

„Амбасадата на САД во Македонија одлучи да организира средби со студентите кои го посетуваа онлајн курсот  Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies. Еден од средбите беше организирана во Битола. По стотици и стотици студенти со кои се сретнав, следуваша најмалата група со 4 студенти: Наташа, Елена, Јован и Искра. Отидов таму за да им доделам сертификати. Но, тие ми кажаа за нивната идеја да направат проект, односно видеа на истите теми како во MOOC. Со мојата поддршка тие добија грант од Амбасадата на САД, а сега нивните видеа дури се прикажуваат и на телевизија“, вели професор Мајкл Голдберг во својот TED Разговор за време на светската конференција во Санта Моника, САД што се одржа на 26ти септември 2015 година. Во 2012 година како Фулбрајт стипендист, професор Голдберг заедно со семејството се сели во Виетнам. Секој ден тој и неговите деца се восхитуваат на едно 23 годишно девојче што продава пилешко на улица. Неговата ќерка направила видео за тоа. Подоцна, видеото станува инспирација за подоцнежната работа на професорот, односно изработка на видеа за Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies, кои имаат интересен и документарен стил. Овој MOOC ја раскажува приказната за Кливленд, Охајо и сега е проследен во 90 земји, од околу 58.000 студенти, има и превод на 14 јазици. Овој MOOC беше инспирација за македонската приказна, односно проектот „Зошто да одите во странство кога можете да останете и да инвестирате во вашата држава“ имплементиран од ЦЕФЕ Македониа, во партнерство со ФОРУМ 16 и Центар за одржливо образование, а финансиски поддржан од  Амбасадата на САД во Македонија. „Лекциите од MOOC се применуваат во локалната заедница. MOOC инспирира локални херои од целиот свет.“, го завршува разговорот професорот Голдберг. Презентацијата на проф. Голдберг ќе ја објавиме следната недела.

Вести

Обука за проектни менаџери во Сицилија

Тројца претставници од Македонија учествуваа на тренинг за менаџирање на проекти “Turning Young People Needs into an Action Plan“ кој се одржа во Калтанисета, Сицилија , во периодот од  16 до 24 Септември. Обуката беше финансирана од Еразмус+ програмата на Европската Унија, а беше организирана од Prism, непрофитна организација која се занимава со промовирање на претприемачките способности на младите луѓе. Во тренингот зедоа учество 33 млади луѓе од 11 земји: Италија,Maкедонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Романија, Полска, Холандија, Естонија и Литванија. Целта на обуката беше низ неформално образование учесниците да се стекнат со знаење за PCM (Project Cycle Management – Циклусот на проектниот менаџмент), и да научат како да го применат тоа знање за успешно менаџирање на свои проекти. Но обуката беше и начин учесниците да се запознаат со културата на земјите чии учесници беа вклучени, и да споделат начини на работа во нивните организации, за нивните проекти. Оваа обука беше едно незаборавно искуство, преку кое на неформален и забавен начин беа претставени клучните чекори од менаџирањето на проект, но истовремено и да се запознаат со културата на Сицилија, и на организацијата Prism. Учесниците се стекнаа со вештини кои би ги поттикнале да земат учество во организација на проекти, и да помогнат за нивна успешна реализација.

Вести

Преку 400 претприемачи на лидерскиот семинар во Скопје

Кога нешто е поврзано со развој на претприемачите, ЦЕФЕ Македонија зема активно учество. Членови на ЦЕФЕ Македонија, Зоран Витанов заеднички со Лајонес мрежата на потрошувачи и трговци, успешно го организираа лидерскиот семинар кој имаше за цел да ги зацврсти лидерските способности на претприемачите. На семинарот учествуваа преку 400 претприемачи од цела Македонија кои се здобија со знаења за: улогата на психологијата во бзинисот – стравот како пречка за успех, важноста на проактивноста и продуктивноста во превземањето на акција, значењето на информациите во бизнис комуникацијата, практични приказни на успешни визионери и лидери кои користат технолошки напредни маркетинг алатки за развој на бизнисот, поттикнувањето на филантропијата и општествената одговорност на компаниите во развој на општествата во кои делуваат, бизнис можностите кои се на располагање преку Лајонес заедницата на потрошувачи и трговци. За овој настан да биде успешен како што беше придонесоа следните спикери и обучувачи: Радован Витошевич, Менаерски директор на Лајонес ДООЕЛ Марина Анчевска, НЛП тренер, Основач на НЛП Центарот за Бизнис Психологија, Професионален тренер, лајфстајл тренер и јога инструктор Леонард Каја, Тренер во мобилен оператор/корисничка услуга Тема: Важноста на информацијата Александра Стоилковска, Декан на Факултетот за Претприемаштво при Универзитетот за Туризам и Менаџмент Абдурахман Алили, Претприемач Игор Климпер, Магистер на: Институтот за политехнички студии во Париз и поранешен Генерален Секретар на ФФМ Артим Нагавчи, Претпримеач и јуниор амбасадор во Лајонес Дичо Мизовски, Претприемач Сем Вакнин, автор на светскиот бестселер: “Малигна самобендисаност-нарцисизам повторно посетен” Тема на предавањето: Менаџмент на страв, Зоран Витанов, Бизнис консултант и тренер, основач на ЦЕФЕ Македонија   На семинарот беше организирана и наградна игра во која беа поделени околу 200 награди во вредност од преку 4000 евра. ЦЕФЕ Македонија додели 4 ваучери за бесплатно учество на обуки организирани од нас во Македонија и странство. Останати спонзори на наградниот фонд беа: Еликсир Ексклузив Парфимерии, Екстрим Фит, ТНТ ИТ Маркет, Голд Мун аптеки, Здружение на возачи Скопје, Волфорд, Бализа, Мој Маркет Прилеп, Комбуха Живанов, Лјоки Комерц, Трејд книжарници Струмица, Монтерекс Струмица, Дион Ресторан, Вал Прилеп, Пјур Кафе Велес, Гарден Лимитлес, Риверсовт Струмица, ПЗУ Жан Струмица, Сарадент Тетово, Лаунџ Бар Еве, Слим Лајн Клуб, Биросеф Струмица Киоск 23 Струмица, Македонија Сообраќај, Гама Оил, Мотоцентар Груп, ФБ Компани, Кирјана Кавадарци.

Вести

Резултати од програмата за самовработување на УНДП, АВРМ, АППРМ и МТСП

Во 2015 година конуслтантите на ЦЕФЕ Македонија – Деан Стојановски и Јован Сталевски се приклучија на проектот за самовработување www.samovrabotuvanje.mk кој е реализиран од Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) со своите Центри за вработување, Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ). За потребите на проектот консултантите изработија 6 бизнис планови од кои сите добија грантови за реализација на бизнис идејата. Им честитаме на претприемачите и стоиме и понатаму во нивната поддршка. Циклус Бизнис План Претприемач Град Освоено место на бизнис план натпревар Консултант 2015/2 Фризерско – козметичко студио „Ема Плејс“ Емилија Костадиноска Прилеп 2 Јован Сталевски 2015/2 Автоелктричарски сервис „АвтоМото Зоки“ Зоран Петровски Прилеп 4 Јован Сталевски 2015/1 Веб дизајн „Аридура“ Никола Наумовски Битола 5 Деан Стојановски 2015/1 Бистро „Медрано“ Жанета Здравковска С. Новаци 7 Јован Сталевски 2015/1 Музичко студио „Драгор Мол“ Игор Темелковски Битола 15 Јован Сталевски 2015/1 Студио за реклама „Студио Кочов“ Влатко Кочов Битола 24 Деан Стојановски   Резултати од Циклус 1 најдете тука. Резултати од Циклус 2 најдете тука.