Вести

Вести

Нашите најнови достигнувања со V.I.R.Tu.A.L. Erasmus+ проектот

Ги споделуваме резултатите од нашата работа во рамките на V.I.R.Tu.A.L. Erasmus+ проектот! Во најновиот њуслетер ги опфативме сите активности што ги спроведовме во последниот период, фокусирајќи се на иновативни методологии и технологија во едукацијата и професионалниот развој. Што ќе најдете во њуслетерот: Ако сакате да дознаете повеќе за нашите активности или да се вклучите во проектот, ве охрабруваме да не контактирате.

Вести

Финансиски менаџмент: Како да го подобрите раководењето на вашата компанија

Обуката за финансиски менаџмент се спроведе на 21 и 22 декември 2024 година во просториите на Земјоделски Факултет Скопје. На дводневната обука учесниците понесоа потребни знаења и вештини кои што ќе им помогнат да ги спроведуваат основните финансиски концепти во раководењето на нивните фирми. По завршување на работилницата учесниците се стекнаа со следните знаења и вештини: Обуката беше од отворен тип и учествуваа претприемачи и менаџери од различни сектори, со што на крај ја оценија како 100% здоволни. Според евалуациите на учесниците најмногу впечаток им оставила енергијата и експертизата на обучувачот, како и ЦЕФЕ Методологијата, која направи обуката да биде микрокосмос од симулации, бизнис игри и примери од реалноста што им овозможи да ги развиваат своите бизнис вештини учејќи од своите и од туѓите грешки и успеси. На барање на претприремачите следна обука ви закажуваме за 1 и 2 февруари 2025 година на тема „Деловна комуникација и преговарање“. Пријавете го вашиот интерес со пополнување  на пријавата и нашите советници за едукација и обука ќе ве контактираат.Контакт и инфо: Елена Гагачева  Тел: 075 257 075   Емаил: elena.g@cefe.mk

Вести

Потпишан Меморандум за соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

На 6-ти декември 2024 година, ЦЕФЕ Македонија со гордост го официјализира своето партнерство со @СОСУ “Св. Кирил и Методиј”- Охрид преку потпишување на Меморандум за соработка. Честа да го потпише овој значаен документ ја имаше претседателот на ЦЕФЕ Македонија, г-дин Јован Сталевски. Оваа соработка ќе отвори нови можности за училиштето, обезбедувајќи пристап до бројни обуки, проекти, конференции и студиски посети, како во нашата земја, така и на меѓународно ниво. Со овој меморандум, ЦЕФЕ Македонија и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ се посветуваат на унапредување на искуственото учење преку иновативни пристапи, што ќе придонесе за личен и професионален развој на учениците и наставниот кадар. Заедно се стремиме кон градење на подобра иднина преку поттикнување на претприемачкиот дух и унапредување на образованието.

Вести

Претприемништвото се учи од најрана возраст

Изминатите три викенди, во просториите на ООУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош, Скопје се одржаа работилници за бизнис и претприемачки вештини во рамки на иницијативата за Интензивни бизнис вештини што ја спроведува CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија. Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје, имаа уникатна можност да ги истражат основите на претприемништвото преку интерактивни искуствени вежби, кои им помогнаа не само да научат нови вештини, туку и да развијат самодоверба и креативност. Главниот акцент на работилниците беше искуственото учење – процес во кој учениците активно учествуваат, експериментираат и ги применуваат своите идеи. Задоволството на учесниците беше на високо ниво, што докажува дека децата учат најдобро преку практични активности. Работилниците ги водеше наставникот ментор и интернационален ЦЕФЕ обучувач Александра Блажевска, која со својата стручност создаде инспиративна и продуктивна атмосфера. ЦЕФЕ Македонија останува посветена на интеграција на претприемачките вештини од најрана возраст, помагајќи им на младите да ги подготват своите идеи за иднината.

Вести

Економска соработка помеѓу Франција и Македонија

Со големо задоволство ви ја споделуваме возбудливата вест за економската соработка помеѓу Франција и Македонија! Од ноември 2024 до февруари 2025, заедно со г. Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија и експерт за обука за претприемништво, и г-ѓа Ламија Бенамар, посветен тренер за претприемачи и истражувач во областа на бихевиоралните науки, започнуваме инспиративна соработка преку програмата Erasmus for Young Entrepreneurs (EYE) Нашата соработка е синергија на сили: Крајниот резултат е програма за коучинг и обука на претприемачи која ќе се нуди на единствениот пазар на ЕУ и ширум светот. Она што ја прави оваа иницијатива навистина посебна е тоа што не се однесува само на професионален раст; станува збор за лична трансформација. Се работи за поврзување на луѓе од различни култури, усогласување на мисии и негување заеднички визии за претприемништвото како сила за позитивни промени. Заедно сме посветени на создавање средина за учење која ги поттикнува претприемачите, и веруваме дека можеме да направиме колективно влијание кое ќе одекнува далеку надвор од границите. Втемелено во заедничка визија за иновации и европско единство, ова партнерство е дизајнирано да ги оспособи претприемачите со вештини, алатки и самодоверба потребни за успешен пат во претприемништвото. Програмата Erasmus for Young Entrepreneurs, како дел од Single Market Programme (SMP) на Европската Унија, создава неверојатна можност за новите претприемачи да учат од искусни бизнис лидери во друга европска земја. Ова е повеќе од обична програма за размена—тоа е можност за проширување на хоризонтите, градење трајни мрежи и стекнување непроценливо, практично искуство.

Вести

Успешна подготовка на младите за претприемачки успеси

Во периодот од 04.11.2024 г. до 29.11.2024 г., во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, во рамките на меморандумот за соработка и иницијативата на ЦЕФЕ Македонија, се спроведоа обуки за „Интензивни бизнис вештини“ според ЦЕФЕ методологијата. Учесници во обуките беа 33 ученици од трета година економска струка, поделени во две паралелни групи, кои работеа по 4 дена интензивно развивајќи ги своите претприемнички компетенции потребни за основање и управување со бизнис. Обуките ги водеше Весна Ефремова, професорка по бизнис и претприемништво, која е сертифициран ЦЕФЕ обучувач за бизнис вештини. Учениците научија како да: Во следниот период, учениците под менторство на професорката ќе ги применуваат стекнатите знаења и вештини преку разработка на потенцијални бизнис-идеи. Овие идеи ќе им овозможат учество во следните активности организирани од ЦЕФЕ Македонија. Оваа обука претставува значаен чекор во развојот на практичните и претприемничките способности на учениците, кои ќе ги подготват за предизвиците на идниот пазар на трудот.