Вести

Вести

Обучувачи од ЦЕФЕ Македонија ги реализираат обуките за самовработување на АВРМ и УНДП

Катерина Кимовска и Јован Сталевски се дел од тимот на обучувачи, ангажирани од УНДП Македонија да ги реализираат обуките за бизнис вештини и бизнис планирање од проектот „Креирање на можности за вработување за сите“. Проектот е партнерство помеѓу УНДП, Министерството за Труд и Социјална Политика (МТСП) и Агенцијата за Вработувае на Република Македонија (АВРМ) и се стреми кон ефективно осварување на националниот оперативен план и активните мерки за вработување на Р. Македонија. Програмата за обука се заснова на практични вештини и алатки за учесниците да се здобијат со потребното умеење за предизвиците на водењето на бизнис и ќе направат нацрт бизнис план и маркетинг план. Обучувачите се ангажирани да ги покријат сите делови од развивањето на успешен бизнис план: од развој на бизнис идеја, финансиски стратегии за мали бизниси, клучни маркетинг совети, па се до препораки како да се пребродат типичните потешкотии на пазарот. Секој обучувач работи во тим и ќе реализира по три обуки, кои траат по четири дена. Се одржуваат во Битола и Прилеп во Центрите на Агенцијата за вработување на Македонија.

Вести

ЦЕФЕ Македонија придонесува за професионален развој на младите

На 08 и 09 Април во организација на АИЕСЕК Прилеп, се одржа Семинарот за Лидерство (Leadership Inspirational Seminar) во просториите на Економски факултет ­ Прилеп. На овој семинар беа присутни студенти и средношколци за да ги научат чекорите за постанување на лидер кој е потребен на денешницата. Беа опфатени повеќе теми на дискусија, а како дел од нив беа превземање на ризик, лидерство во теорија и пракса, креативност и иновации, кариерна компетентност, управување со време и водење на тим, комуникациски вештини, претприемништвото како клучен фактор во самовработувањето, Преку пракса до искуство и стратешко планирање. Голема благодарност и оние кој беа дел од семинарот како предавачи и го пренесија своето знаење на една ентузијастичка група на учесници. Како предавачи се појавија: Јован Сталевски, Михаил Темелкоски­Дворчанец, Доц. д­р. Моника Ангелоска-­Дичовска, Христијан Божиноски, Ангела Реловска, Цвете Станојоска, Огнен Јанески, Борче Василевски и Влатко Шејкероски генерален менаџер на Tilla за сесијата за успешна приказна. Јован Сталевски зборуваше за мотивите и придобивките да се биде претприемач како и важноста на превземањето на ризик како една од важните претприемачки каактеристики. #‎LIS‬#‎DARETOLEAD‬   [Best_Wordpress_Gallery id=”12″ gal_title=”Ekonomski AISEC Prilep”]

Вести

Покана за глобален бизнис форум во Скопје

Тимот на ЦЕФЕ Македонија ве поканува на „Глобален бизнис форум“ во Скопје кој ќе се одржи на 20.04.2016 год. со почеток од 16 часот и ќе трае до 20 часот, во Бизнис центар Хипериум во Скопје. На настанот говорници ќе бидат, нашиот добро познат економски и финансиски аналитичар г-дин Сем Вакнин, како и наши гости претставници од ЦЕФЕ Јамајка, ЦЕФЕ Филипини, ЦЕФЕ Чиле и ЦЕФЕ Интернешнал – Германија. Што ќе добиете: – Економски можности за соработка меѓу организациите од државите гости и учесниците на форумот; – Г-дин Сем Вакнин ќе ни претстави алтернативни начини на финансирање за реализирање на нашите идеи за соработка или јакнење на бизнисот; – Бизнис вмрежување и аперитив Настанот е наменет за: претприемачи, менаџери, иноватори, студенти, професори, претставници на граѓански заедници, вработени во институции за поддршка на претприемништвото и економски развој. Тема на разговор ќе бидат можности за соработка на глобално ниво, каде што нашите гости ќе зборуваат за начинот на работа и предизвиците со невработените луѓе во нивните земји, како и нивните перспективи за соработка. Додека во вториот дел г-дин Сем Вакнин ќе ни претстави неколку алтернативни начини на финансирање за реализирање на нашите идеи. Целиот настан воедно ќе биде олична можност за вмрежување и подобро запознавање со работата на глобалните ЦЕФЕ партнери. Инвестицијата за ваква можност изнесува 500 денари.  Со пополнување на електронската пријава  и уплата на банкарската сметка на ЦЕФЕ Македонија вие си резервирате место за одлично искуство, збогатено со многу нови и корисни информации. Важно: Целиот настанот ќе биде на англиски јазик. *Информации за местото на настанот ќе истакнеме дополнително.   Тука може да ја погледнете агендата на настанот. Банкарски податоци: ЦЕФЕ Македонија НЛБ Тутунска Банка АД Скопје Жиро сметка број:  210 063 771 060 147 Адреса: ЦЕФЕ Македонија „Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје Република Mакедонија Цел на дознака: Глобален ЦЕФЕ бизнис форум   Лице за контакт и повеќе информации Елена Гагачева, elena.g@cefe.mk, 075/257-075

Вести

Учество на Конференција „Можности и перспективи за економско јакнење на жени”

Претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски беше гостин спикер на конференцијата „Можности и перспективи за развој на женското претприемништво“ (24.03.2016), која беше организирана од женската иницијатива „Антико“ и Општина Битола во рамките на проект поддржан од Британска Амбасада. Во неговото обраќање ги претстави состојбите и потребите за развој на претприемачкиот екосистем во Македонија. Ги повика присутните претставници од локалната и народната власт, претставниците од Британската Амбасада и од бизнис и граѓанскиот сектор да помислат подлабоко за добивките од поттикнување и раст на повеќе стартапи во државата, кои ултимативно би довеле до нови вработувања и раст на БДП. Целта на Конференцијата беше да се презентираат резулатите од проектот, да се поттикне женското претприемаштво и економско јакнење на жените. Како говорници беа претставници на граѓанскиот сектор, национални и локални институции кои соработуваа со организацијата Антико. Вест на ТВ Орбис: http://tvorbis.com.mk/?p=31402

Вести

Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии Битола

Во март ЦЕФЕ Македонија и Факултетот за информатички и комуникациски технологии Битола потпишаа заеднички меморандум за соработка. Ова е почеток на заеднички активности во областа на обуки, проекти, едукативни материјали итн. за поттикнување и развој на претприемаштвото кај студентите.

Вести

ЦЕФЕ во Huffington Post

Веста за лансирањето на аудио приказните од серијата “Beyond Silicon Valley podcasts” беше објавена и во престижниот американски весник Huffington Post. Овие аудио записи се дел од проектот на Проф. Michael Goldberg од Универзитетот во Охајо за импактот од следењето на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley-Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”. Првиот аудио запис се однесуваше на Македонија, каде говореше тимот на ЦЕФЕ Македонија. Со промоцијата во Huffington Post, читатели од целиот свет имаа можност да прочитаат за достигнувањата на тимот на ЦЕФЕ Македонија. Веста ќе ја пронајдете на следниов линк: http://www.huffingtonpost.com/michaelgoldberg/introducing-the-beyond-si_b_9391464.html