Вести

Вести

Онлајн средба помеѓу партнерите од проектот “SE4Y – Социјално претприемништво за млади“

На 14.01.2021 се одржа онлајн средба помеѓу партнерите од проектот “SE4Y – Социјално претприемништво за млади“ , на кој го довршивме првиот интелектуален производ  „План за креирање на социјален бизнис“. Планот ќе биде објавен во месец февруари, 2021 год, и истиот ќе ги содржи следниве поглавја по кои ќе можеме да ве обучиме: Избери социјален проблем Истражи го проблемот Стекни глобално гледиште Разбери ги правните структури Изгради солиден бизнис план Истражи ги можностите за финансирање Побарај тековна помош од ментор Најми ги вистинските луѓе Изгради структура на компанијата Распространи се глобално Планот за креирање на социјален бизнис, покрај на англиски , очекувајте го и на македонски јазик. Покрај овој документ, ќе бидете во можност да погледнете и видеа со анимации, табели и итн. Целта на планот е: Да го подобри квалитетот и нивото на образование во однос на социјалното претприемништво Да се демонстрира моќта на самовработувањето преку едноставни чекори Да им биде обезбеден на младите процесот да планираат, започнат,менаџираат и успешно раководат социјални претпријатија. Проектот ”SE4Y – Социјално претприемништво за млади”  е дел од Еразмус + програмата, КА205 – Стратешко партнерство за млади и истиот има за цел да ги надгради младите со конкретни компетенции и вештини за водење на социјални претпријатија.

Вести

Агенда за курсот Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies

Од 12 до 28 јануари, 2021 година, ќе се одржи светскиот курс по претприемништво Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies. Овој курс го оргнизира професорот Мајкл Голдберг од Case Western Reserve University (CWRU), во соработка со Американската амбасада во Р. Македонија и ЦЕФЕ Македонија. Сите оние кои што се заинтересирани на темата за поддршка на развојот на претприемништвото ги повикуваме да се вклучат бидејќи ова е ексклузивна и единствена шанса да го следите овој курс и од кај нас.  Дискусиите во живо ќе се реализираат во вторници, среди и четвртоци од 18.00-19.00 часот почнувајќи од 12 јануари и завршувајќи на 28 јануари, 2021 година. Исто така, две сесии ќе бидат одржани во саботи ( 12ти и 23ти јануари,2021)  Сесиите ќе бидат снимени за студентите кои нема да бидат во можност да ги следат во живо. АГЕНДА ЗА КУРСОТ  12.01.2021 со почеток од 18 часот e првата сесија на која ќе имате можност да ги слушнете Мајкл Голдберг, Сузан Хили, Јован Сталевски и Нина Николиќ кои што ќе ве запознаат со целиот курс. Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот  https://cwru.zoom.us/j/92481132982…  Линк до ивентот на Фејсбук: https://fb.me/e/4Sl0SeaBS  13.01.2021 со почеток од 18 часот е втората сесија на која Лиза Делп, поранешен извршен директор на Ohio Third Frontier и Коста Петров, генерален директор на Фонд за иновации и технолошки развој на Македонија ќе зборуваат за улогата на владата во развој на претпримеништвото.  Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот: https://cwru.zoom.us/j/92481132982?pwd=T1lLZ1FNMFJsSnF1TzFtSjNvOEV4Zz09 Линк до ивентот на Фејсбук: https://fb.me/e/3oF2AO95F 14.01.2021 со почеток од 18 часот ќе започне третата сесија со Мери Мекхенри, директор на програмата во Фондацијата Бартон Д. Морган и Никица Кусиникова, извршен директор на Здружението Конект во Македонија. Тие ќе разговараат за улогата на филантропијата во градењето на претприемништво. Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот: https://cwru.zoom.us/j/92481132982?pwd=T1lLZ1FNMFJsSnF1TzFtSjNvOEV4Zz09  Линк до ивентот на Фејсбук: https://fb.me/e/1QfHI8y5t  16.01.2021 со почеток од 15 часот ќе се одржи четвртата сесија со Хејли Бурк, сениор менаџер за напредок во JumpStart Inc. во Кливленд и Марија Димовска, проект менаџер во Startup Macedonia. Тие ќе разговараат за улогата на посредничките организации во градењето на претприемништво. Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот: https://cwru.zoom.us/j/92481132982?pwd=T1lLZ1FNMFJsSnF1TzFtSjNvOEV4Zz09  Линк до ивентот на Фејсбук: https://fb.me/e/10B2M21Wg  19.01.2021 со почеток од 18 часот ќе започне сесијата со Алексис Комселис, соработник за предавање на претприемништво на Alba Graduate Business School и Гого Рафајловски, главен оперативен директор на SEEUTechPark. Тие ќе разговараат за улогата на институциите за прицврстување и како да ги искористат врз основа на нивните искуства. Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот: https://cwru.zoom.us/j/92481132982?pwd=T1lLZ1FNMFJsSnF1TzFtSjNvOEV4Zz09  Линк до ивентот на Фејсбук: https://fb.me/e/20tHszfnt  20.01.2021 со почеток од 18 часот ќе се одржи сесијата со Јозеф Скарантино, сениор програмски менаџер во Techstars Денвер и Весна Иваноска, програмски менаџер во Seavus Accelerator. Тие ќе разговараат за улогата на акцелераторите во зајакнувањето на претприемништвото. Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот: https://cwru.zoom.us/j/92481132982?pwd=T1lLZ1FNMFJsSnF1TzFtSjNvOEV4Zz09 Линк до ивентот на Фејбук: https://fb.me/e/7EyqhirRh  21.01.2021 со почеток од 18 часот ќе се одржи сесијата со Лин Ајлуни, соработник за инвестиции во North Coast Ventures и Пеце Ангелковски, ангел инвеститор и извршен директор во X3M Labs. Тие ќе разговараат за ангелските инвеститори. Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот: https://cwru.zoom.us/j/92481132982?pwd=T1lLZ1FNMFJsSnF1TzFtSjNvOEV4Zz09  Линк до ивентот на Фејсбук: https://fb.me/e/1ZhlR7rAo  26.01.2021 со почеток од 18 часот ќе се одржи сесијата со Луис Руано Марон (директор во RICARI), Ели Жабевска (сениор соработник во South Central Ventures) и Игор Маџовски (соработник за инвестиции на Западен Балкан – Swiss-EP). Тие ќе разговараат за улогата на ризичниот капитал во поддршката на претприемништвото.  Сите заинтересирани слободоно можете да го следите курсот преку платформата ZOOM на линкот: https://cwru.zoom.us/j/92481132982?pwd=T1lLZ1FNMFJsSnF1TzFtSjNvOEV4Zz09  Линк до ивентот на Фејсбук: https://fb.me/e/1162ohOqu  На 27.01 и 28.01.2021 година, ќе се одржат групни презентации и дискусии. 

Вести

Планот за социјален бизнис во завршна фаза

Изработката на Планот за креирање на социјален бизнис во рамки на  проектот ” SE4Y – Социјално претприемништво за млади”  е во финална фаза. На состанокот кој се одржа на 15.12.2020 год. преку видео платформата ZOOM, ЦЕФЕ Македонија заедно со партнерите во проектот ги договорија последните активности околу изработката на овој план, како прв ителектуален производ  кој се очекува да излезе во февруари следната година. На состанокот исто така се дискутираше и за дисеминација на активностите од проектот и поделба на одговорностите помеѓу партнер организациите. За подетални информии околу активностите во рамки на овој проект проектот можете да ја посетите  Facebook страната : SE4You Проектот ”SE4Y – Социјално претприемништво за млади”  е дел од Еразмус + програмата, КА205 – Стратешко партнерство за млади и истиот има за цел да ги надгради младите со конкретни компетенции и вештини за водење на социјални претпријатија.

Вести

Втор состанок со партнерите во рамките на проектот “GET YES 2”

На 10ти декември 2020 година, се одржа вториот состанок во рамките на проектот “GET YES 2” – Еразмус + КА2 – Градење на капацитети во областа на младите. Средбата се одржа онлајн преку платформата ZOOM, а на состанокот беа присутни претставници од сите партнери на проектот. На состанокот беа дискутирани следниве теми: Дискусија и почеток на првото истражување од WP2 – претприемачки екосистем и неговите актери. Одлука за логото на проектот за getyes2 Веб-страница на проектот www.getyesproject.com и потребни информации Дискусија и одлучување за соодветни канали за комуникација Главната мотивација зад овој проект е да се поттикне соработката, размената и надградбата на добрите практики помеѓу земјите од проектот со конечна визија – нови квалитетни работни места преку создавање на начин на размислување и култура на претприемништво меѓу економските чинители во општествата.

Вести

Соработка на два проекти за промовирање на социјално претприемништво во Македонија

На 04.12.2020 година, Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија, кој е претставник на проектот „Социјално претприемништво за млади“, финансиран од Еразмус + Програма на Европската комисија, одржа состанок со Миндаугас Данис, долгорочен експерт за проектот „ Поддршка на социјалните претпријатија “во Македонија, финансиран од Европската унија. Проектот SE4You се фокусира на поддршка на млади луѓе кои сакаат да научат и растат, како професионално, така и на лично ниво, грижејќи се за другите и за нивната околина. Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ има поширока перспектива за воспоставување структура за поддршка на постојните и потенцијалните социјални претпријатија / претприемачи преку воспоставување на Тим за поддршка на социјално претпријатие и мрежа на локални точки за поддршка, истовремено обезбедувајќи местата низ целата земја да функционираат и да им обезбедува решенија за одржливост. Потенцијалната соработка ја гледаме како промовирање на социјално претприемништво, споделување методологии, материјали за обука, целни групи, ментори, обучувачи, комуникациски капацитет и канали. Исто така, целната група во Македонија може да има корист од можноста за 10 стипендии за студенти за еден или два месеци за работа во рамките на локалните социјални претпријатија и финансиски грантови за постојните или новите социјални претпријатија.

Вести

Светски курс за претприемништво

Професор Michael Goldberg од Case Western Reserve University (CWRU) , во соработка со Американската амбасада во Р. Македонија и ЦЕФЕ Македонија, организираат група за курсот „Надвор од Силиконската долина“ кој ќе се оддржи од 12 до 28 јануари, 2021 година, за учесници од Р.С. Македонија. Професорот Мајкл Голдберг за првпат го започнува овој курс во април 2014 и привлекува повеќе од 175 000 студенти од 190 различни земји во последните 5 години. Курстот „Надвор од Силиконската Долина“ е преведен на 16 јазици (повеќето на платформата Coursera), вклучувајќи го и македонскиот.   Во 2018 година, професор Голдберг организира група на учесници од Сирија во соработка со група студенти од CWRU. Главниот фокус на групата бил креирање на препораки за поефикасна поддршка на пост-конфликтните стартапи во Сирија, од страна на сирискиот претприемачки екосистем. Студентите понудиле препораки до УНДП, а овде можете да погледнете кратко видео од соработката. Слични курсеви и соработка со студенти има организирано со студенти од Венецуела, Колумбија и Јужна Африка. Ги повикуваме сите заинтересирани на темата за поддршка на развојот на претприемништвото да се вклучат во овој онлајн курс. Можност да се вклучат имаат претприемачи, инвеститори, студенти и бизнис лидери. Студентите ќе ги следат онлајн видеата од „Надвор од Силиконската Долина“ и за време на курсот ќе учествуваат на дискусиите во живо преку платформата ЗУМ за да дискутираат на различни теми со гости говорници од целиот свет.  Дискусиите во живо ќе се реализираат во вторници, среди и четвртоци од 18.00-19.00 часот (12.00 – 13.00 EST) почнувајќи од 12 јануари и завршувајќи на 28 јануари, 2021 година. Исто така, две сесии ќе бидат одржани во саботи ( 12ти и 23ти јануари,2021) Сесиите ќе бидат снимени за студентите кои нема да бидат во можност да ги следат во живо. За да го извлечат максимумот од курсот, очекуваме македонските студенти да ги завршат задачите од курсот паралелно со студентите од CWRU и да посетат што е можно повеќе сесии во живо.  Доколку сте заинтересирани за учество, пополнете ја пријавата за учество.  Професорот Голдберг, Американската амбасада во Скопје и ЦЕФЕ Македонија ќе ги селектираат учесниците во групата. Крајниот рок за поднесување пријава за учество е до 15ти декември, 2020 година.