Вести

Вести

Имате бизнис решение за некој социјален проблем или потреба?

Овозможуваме пет дена во Литванија со покирени сите трошоци! На настан во Вилнус, кој ќе вмрежи и зајакне социјални претприемачи од Исланд, Кипар, Италија, Грција, Литванија и Македонија? Чувствувате дека имате бизнис решение за некој социјален проблем или потреба? Увидовте можност на пазарот преку која ќе има добивка и заедницата?  Креирајте ја бизнис идејата која ќе има најголемо влијание на заедницата и одржлив развој. Како? Пријавете се и учествувајте програмата која се состои од: „Курс за социјално претприемништво и развој на бизнис идеја“ 🚀 „Менторство за креирање на бизнис концепт“ „Презентирање и селекција на бизнис концепт со најголем потенцијал за импакт врз општеството“ Во програмата ќе имаат можност да земат учество 15 млади луѓе кои веќе работат или имаат замислено идеја за социјален и одржлив бизнис. Истите ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за социјален бизнис пред стручна жири комисија. Двајца учесници со најдобри идеи ќе учествуваат на платена петдневна мобилност за социјално претприемништво во Литванија, во мај 2022 година. Курсот ќе се реализира  на 16,17 и 18 февруари 2022 год. во Скопје, а локацијата ќе биде дополнително објавена. Изборот на бизнис концептите со најголемо влијание ќе бидат презентирани една недела подоцна. Ги повикуваме сите млади и перспективни социјални претприемачи заинтересирани да учествуваат во програмата да го пријават своето учество најдоцна до 10.02.2022 на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd6Qw3HuezFJY-nEs18rkdzVAuFj4uI6KDiRIkzg9LdcXPhTQ/viewform Програмата се одвива преку проектот SE4Y (Социјално претприемништво за млади). Тоа е проект, финансиран преку Еразмус + програмата, кој има за цел да ги поддржи младите луѓе кои сакаат да учат и растат професионално и лично преку грижата за другите и грижата за нивната околина. Доколку имате дополнителни прашања за обуката, контактирајте не на blagoj.t@cefe.mk или на 071324959 (Благој)

Вести

Повик за учество на состанок за креирање на Стратешки план на ЦЕФЕ Македонија

ЦЕФЕ Македонија организира онлајн средба со заинтересирани учесници за: Презентација на активности и производи од SE4Y – Социјално претприемништво за млади ( 18.00 – 18.30 часот) Креирање на Стратешки план за тековните и идните активности на ЦЕФЕ Македонија – интерна средба со ЦЕФЕ Обучувачи (18.40 – 19.30) Онлајн средбата ќе се одржи во среда, 26.01.2022 година, со почеток од 18:00 часот, на платформата ZOOM. Учесниците на првиот дел од средбата ќе имаат можност да се запознаат со SE4Y проектот, со тековните активности, резултатите и бенефитите за општеството кои ги нуди овој проект. На вториот дел од средбата, заинтересираните ЦЕФЕ обучувачи ќе имаат можност да дадат свои предлози и идеи за креирање на Стратешкиот план, а исто така и да се запознаат со тековните активности и производи на кои моментално работи ЦЕФЕ Македонија. Сите заинтересирани можат да го пријават своето учество на следниот линк: https://forms.gle/EiUCEugH7BxKBVPC9. Ќе добиете дополнително линк за онлајн средбата на вашиот емаил.

Вести

Успешно спроведена работилницата Theory of Change

На 14 и 24 декември, тимот на InCARE од Министерство за труд и социјална политика и Црвен крст на Република Северна Македонија ја спроведоа работилницата Theory of Change која беше фокусирана на елаборирање на визијата за долгорочна нега и нејзин развој во земјата. Модератор на оваа работилница беше Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија кој заедно со тимот на InCARE ќе креираат Theory of Change Map која ќе биде наменета за услугите за долготрајната нега во Македонија. На работилницата присуствуваа 23 лица кои ги претставуваат националните и локалните власти, институции, истражувачи, невладини даватели на услуги, негуватели и корисници на долготрајна нега. Работилницата беше одлична можност за мултидисциплинарна размена и заедничка работа. Учесниците беа вклучени во пленарни и вонредни дискусии. Главните точки од работилницата беа имплементирани во Theory of Change Map која беше финализирана во текот на вториот ден, на 24 декември во онлајн формат. На самата работилница беа покренати голем број прашања поврзани со достапноста и квалитетот на услугите за долгорочна нега низ целата земја, вклучително и подобрување на работните услови и мотивацијата на негувателите. Постигнат е важен напредок во текот на изминатите неколку години во воспоставувањето социјални услуги засновани во заедницата, но има долг пат кој треба да се оди. Соработката меѓу социјалните и здравствените сектори е важна и треба да се зајакне. Мнозинството учесници го препознаа потенцијалот на „копчето за итна помош“ (пилот-проектна компонента) како дополнителна услуга за социјална грижа за пополнување на празнините во обезбедувањето на долготрајна нега, притоа почитувајќи ја строгата регулатива за здравствена заштита. Theory of Change работилницата беше искористена и како можност за ширење информации за проектот и тековната анкета.

Вести

Изграден мост меѓу социјалните претприемачи од Балкан и Кавказ

На 14 декември 2021 година заврши 3 годишниот проект „Старт ит ап – Кип ит ап“, кој помогна да се креираат и зајакнат капацитетите на 25 ментори за социјални бизнис од Македонија, Бугарија, Грција, Хрватска, Турција и Азербејџан. Менторите за социјален бизнис добија 3 обуки со врвни професионалци кои се одржаа во Хрватска, Македонија и Грција. Благодарение на нивните менторски капацитети тие помогнаа да се развијат и менторираат идеите за социјален бизнис на преку 50 претприемачи од наведените земји. За сите кои имаат визија да придонесат во развој на социјалното претприемништво, овој проект креира и материјали и прирачник за ментори за социјални бизниси кој е преведен на 6 јазици и може да се најде на официјалната веб страна – www.startitupkeepitup.com Значајно е да се каже дека фондовите од Еразмус+ програмата, преку кои се финансираше проектот, придонесоа за културна и бизнис размена меѓу учесниците и партнерските организации со што нови партнерства, идеи и мрежи се развиени за поддршка на социјалните претприемачи. Од 08ми до 11ти декември 2021 година, партнерите од проектот се состанаа во Банско, Бугарија, на состанок на кој што ги сумираа резултатите и се коментираа научените лекции. Со ова, тимот на ЦЕФЕ Македонија, јавно им се заблагодарува на координаторите на проектот – Националното Здружение на Малдински Организации од Р. Азербејџан (НАЈОРА), како и проектните партнери соработници, координатори, ментори, експерти и тренери од Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска и Турција за придонесот во промовирањето и надоградувањето на екосистемот за поддршка на социјалните претпријатија.

Вести

Како до вештини за успех во време на глобални промени?

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС 2 (Глобална Размена и Тренинг за Услуги за Младинско Вработување) ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и бизнис планирање. Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за успех преку бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис. За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени. Најважно – на обуките ќе им се даде предност за учество налица со помалку можности! На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини за решавање на проблеми, генерирање и селекција на идеи, организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање и креирање на бизнис план.  Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење. Теми кои ќе се разработат на обуката се: Лични претприемачки карактеристики Генерирање и селекција на идеи Поставување на цели и менаџирање на околина Организација и производство Маркетинг и истражување на пазар Финансиски менаџмент Бизнис планирање После оваа обука вие ќе бидете способни да: Го препознаете својот претприемачки капацитет; Воспоставите мрежа на бизнис контакти; Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање; Ги разберете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија; Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот; Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа; Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата; Ги пресметате основните средства; Изготвите биланс на состојба; Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање. Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се: Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста Изработена СВОТ анализа Увид на пазарот Финансиски предвидувања Разработена бизнис идеја Обуката е дизајнирана да се реализира во пет дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање. Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори за претприемништво кои ја користат ЦЕФЕ методологијата .  КОГА ќе се одржува?  12/13/14/27/28 Ноември, 2021 година. Рабтилниците и сесиите ќе траат 6 часа дневно, или вкупно 30 часа. Дополнително ќе биде утврден  временскиот распоред. Сесиите ќе се одвиваат во пладневните часови.  КАДЕ? Штип (Хотел Изгрев) и Охрид (дополнително ќе биде определено местото) ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници по обука, или вкупно 50 учесници. Приоритет ќе се дава на учесници со помалку можности (млади невработени лица, студенти, лица кои потекнуваат од рурална средина, млади лица со ниски примања, лица кои се соочуваат со социјална дискриминација, лица со физички или ментални бариери итн) ***Сите капацитети каде ќе се изведуваат обуките работат согласно протоколот и препораките на владата за заштита од КОВИД 19 Што добивам дополнително? Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; Освежување, кафе и храна за време на обуката; Што треба да инвестирам за себе? Време, посветеност, активно учество Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава најдоцна до 07.11.2021 Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Благој Трајков 071/324-959,  blagoj.t@cefe.mk  ;  * – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). – Нецелосните пријави ќе се разгледуваат последни. Организаторите го задржуваат правото на промени на датумите или локацијата со најава на учесниците. Организаторите го задржуваат правото на комбинирање на групите заради хомогеност или хетерогеност, во зависнот од целите на обуките. Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3451847588194597 https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3475862765793079 https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk Еве што кажаа дел од учесниците од претходни обуки:  

Вести

Успешно реализирана обука за обучувачи во Турција

На 29.09.2021 година заврши 14-дневната обука за Обучувачи по ЦЕФЕ методологија која се одржа во Сакарја, Турција и на која учествуваа обучувачи од Венецуела, Македонија, Турција, Бугарија, Филипини и Уганда. Во текот на обуката учесниците имаа можност детално да се запознаат со ЦЕФЕ методологијата, како и самите да организираат и симулираат вежби и алатки од истата. Обуката беше во рамките на проектот GET YES 2 – “Global Exchange and Training for Youth Employment Services 2”, а како мастер обучувачи беа Јован Сталевски од Македонија, Juan Jose Moyà и Laura Gayoso од Венецуела. Во периодот што следи обучувачите ќе имплементираат локални обуки за млади во своите матични земји под менторство на мастер обучувачите. Задоволството од реализираната Обука за обучувачи беше на високо ниво, а истата заврши со свечена церемонија на која се доделија Сертификатите за учесниците. Оваа обука има за цел да создаде компетентни обучувачи и лидери за претприемништво кои ќе користат ЦЕФЕ Методологија за обука и ќе помогнат во градењето на претприемнички општества низ целиот свет, што ќе им овозможи на младите луѓе да ги реализираат своите идеи и професионални планови. Проектот GET YES2 е финансиран од Erasmus+ програмата и во него учествуваат 6 партнерски ограницазии, ЦЕФЕ Македонија, ADFEC (Филипини), DEM (Турција), Drucilla (Уганда), Cefe Venezuela, ITTI (Бугарија).