Вести

Вести

Овозможивме платена пракса за 50 млади во Косово

Среќни сме да објавиме резултати од практичната работа и кариерниот развој на 50 млади во Северно Косово. Ве периодот јануари, февруари 2018 година, ЦЕФЕ Македонија обучи 50 млади од Косово, со вештини за вработување и задржување на работното место. За да ги зајакне нивните компетенции и да придонесе кон нивно вработување ги поврзавме со 30 бизниси од Северно Косово, каде што младите извршуваа платена пракса во периодот април, мај и јуни. Бизнисите беа од секторите производство и услуги и тие назначија свои ментори кои што ги подучуваа младите луѓе за да станат квалификувани вработени во нивната професија. Праксата се одвиваше во Косовска Митровица, Жубин Поток, Звечан, Лепосавич и други места во Северно Косово. За извршувањето на праксата, ЦЕФЕ Македонија обезбеди месечен хонорар за секој практикант од 150 евра, бруто износ. Мултиетничноста на практикантите (Срби, Албанци, Бошњаци и Роми) доведе до размена на културни вредности и предзвици кои ги направија младите свесни и компетентни да работат во мултикултурна средина. По завршувањето на праксата околу 10 практиканти останаа да работат на позициите на кои што беа, 2 практиканти си отворија сопствени бизниси а останатите се мотивирани и активно се вклучуваат на Косовскиот пазар на труд. Вкупната оценка од учесниците за задоволството од практичната работа, изнесува 4.85 од 5, што ја покажува важноста на праксата во кариерниот развој на младите. Оваа можност е остварена во рамки на проектот Млади, Вработување и Вештини (Youth Employment and Skills – YES), кој  што е имплементиран преку Германско – Косовската Соработка и ГИЗ Косово (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH). ЦЕФЕ Македонија, како подизведувач во овој проект, придонесе за остварување на целта: зголемување на вработливоста на младите меѓу 15 и 35 години во Косово, преку остварување на обуки и пракса за зацврстување на нивните технички и меки вештини. Во рамки на овој проект ЦЕФЕ Македонија организираше: Обуки за меки вештини за 50 млади од Северно Косово Настан за вмрежување и мечирање на барачите и понудувачите на работа Тримесечна пракса за 50 млади во компании во Северно Косово. Фотографиите и подкастот од успешните приказни од практичната работа може да ги погледнете на нашиот Фејсбук пејџ.

Вести

Средба меѓу различни генерации на семејните бизниси

ЦЕФЕ Македонија и Националниот Младински Совет на Македонија после завршетокот на работилниците за наследници на семејни бизниси, организираа средба меѓу различни генерации на семејните бизниси. Целта беше да се најдат на едно место, младите наследници и нивните родители, односно претходната генерација на наследници и да се обучат за решавање на конфликти во компаниите, да разговараат за носењето на стратешки одлуки за продолжување на бизнисот, како и да се запознаат и разменат идеи со останатите семејни бизниси. На средбата учествуваа околу 30 наследници и 10 тековни сопственици на бизниси од Радовиш, Скопје, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Тетово, Штип, Струмица. Настанот го водеше искусен ЦЕФЕ обучувач, Зоран Витанов, кој спроведе искуствени методи за постигнување на целите на работилницата. Дополнителна вредност на оваа средба беше што тековните сопственици на бизнисите да се запознаат со она што досега нивните наследници го имаат научено за како правилно да го спроведат процесот на наследување на бизнисите. Препораките на некои од тековните сопственици и наследниците беше да се здружат во организација која што ќе ги застапува интересите на фамилијарните бизниси, како и ќе нуди доедукација во зависност од потребите на тековните или идните сопственици.

Вести

Како успешно да се наследи семеен бизнис?

Во периодот мај – јули 2018, тимот на ЦЕФЕ Македонија и Националниот Младински Сојуз на Македонија организираа три работилници за околу 40 наследници на семејни бизниси од Македонија. Целта на обуките беше да се оспособат и информираат младите наследници: Како да се изведе процесот на предавање на бизнисот? Кога е правото време за предавање на бизнисот на следната генерација? Дали наследникот треба да остане во фирмата или да замине да работи за друга компанија за да се стекне со дополнително искуство? Дали фирмата треба да се постави член од семејството како извршен директор или да се назначи надворешен управник а семејството и понатаму да управува со фирмата? Кои се предностите и недостатоците на семејните бизниси? Обуките се одржуваа во Стопанска Комора на Македонија, Скопје. Главен обучувач беше Зоран Витанов, а соработници обучувачи беа: Цанка Велкова и Виктор Атанасов. Впечатоците и препораките на учесниците се дека се среќни што увидоа дека и останатите наследници имаат слични предизвици и дилеми околу семејните бизниси, се вмрежија и остварија контакти за соработка, разменаа различни искуства во справувањето со определени проблеми, се здобија со материјали и алатки за онлајн учење и поврзување со други учесници од земји од јужна Европа. Обуките се дел од проектот ФАБУСС (Успешно Наследување на Фамилијарни Бизниси), кои се спроведува во периодот 2017 – 2019 година во Италија, Грција, Бугарија, Кипар, Португалија и Македонија. Координатор на проектот е Атинската Стопанска и Индустриска Комора. Проектот е кофинасиран од Еразмус + програмата на Европската Комисија. Ги покануваме сите заинтересирани да се пркиклучат на проектот со испраќање на емаил на info@cefe.mk

Вести

Повик за трета работилница за наследници на фамилијарни бизниси

На повидок е трета, последна работилница наменета за наследниците на фамилијарни бизниси, која е во рамки на проектот ФАБУСС, финансиран од Еразмус + Програмата на ЕУ, каде како национални имплементатори и партнери во Македонија се ЦЕФЕ Македонија и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ. На претходните две работилници, преку 40 учесници се здобија со нови теоретски и искуствени знаења на следниве теми: Разбирање на предностите и недостатоците на семејните бизниси; Транснационални разлики и градење на компетенции на идните наследници; Стратегии за раст на семејни бизниси;  Лидерство на следната генерација. Последната работилница ќе биде одржана на истото место каде што беа одржани и претходните две, односно во просториите на Стопанска Комора на Македонија, на 22.06.2018 (Петок) со почеток од 09:00 часот. Обучувач ќе биде повторно Зоран Витанов, а ќе бидат обработени следниве теми: Ефективно управување и одлучување; Комуникација и справување со конфликти Овие две теми се круцијални за градењето на здрава микро средина и добри односи како во кругот на семејството, така и во бизнисот. За таа цел ќе биде одржано коктел дружење помеѓу сите учесници – млади наследници и нивните родители односно првата генерација на наследници – тековни наследници на семејни бизниси. Тоа ќе биде можност да можат и тековните сопственици на бизнисите да се запознаат со она што досега нивните наследници го имаат научено за како  правилно да го спроведат процесот на наследување на бизнисите. Воедно ова ќе биде и одлична можност, да во една релаксирана и пријатна атмосфера, учесниците разменат искуства, се вмрежат и подобро се запознаат со целите на проектот. Доколку сте или сте потенцијален наследник на фамилијарен бизнис и имате од 18 до 35 години, пополнете ја он-лајн апликацијата и потврдете го вашето учество со клик на следниов линк. За повеќе информации за обуката контактирајте не на е-маил адресата: info@cefe.mk или пак на телефонскиот број: 078 201 854. Последниот рок за пријавување е 21.06.2018

Вести

Учество на ЦЕФЕ Македонија на Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации

На 30.05 и 31.05.2018 во ТЦЦ Гранд Плаза беше одржана годишна конференција на „ИПА2 Механизам за граѓански организации“. Панел-дискусијата беше со цел да се поттикне дебатата и соработка меѓу актерите кои се вклучени во процесот на пристапување во ЕУ, како државни така и недржавни, преку подобрување на меѓусебните партнерски односи во искористувањето на европските фондови. На првиот ден од конференцијата, учество зеде и ЦЕФЕ Македонија чиј претставник беше Јован Сталевски. Ставот и излагањето на ЦЕФЕ Македонија за поттикнување на инвестиции и конкурентност на македонската економија и земјоделство на годишната конференција на ИПА2 механизмот за граѓански организации беше следнииов: 1. Зголемување на финансиската писменост на населението. 2. Флуктуирачки курс на денарот заради стимулирање на меѓународната трговска размена. 3. Претприемачки компетенции на сите економски актери за креирање претприемачко општество. Во рамки на конференцијата беа одржани повеќе панел сесии – паралелни сесии по групи на најразлични теми и беа дадени препораки за градење на структурен начин на соработка помеѓу Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор и граѓанските организации, како и заклучоци од работата на панел сесиите.  

Вести

Повик за втора работилница за наследници на фамилијарни бизниси

Првата обука во рамки на проектот ФАБУСС, која беше одржана на 18.05.2018 во просториите на Стопанска Комора на Македонија привлече 40 претставници на семејни бизниси од Скопје, Прилеп, Битола, Радовиш, Кавадарци, М. Брод, Велес, Охрид, Ресен и други делови на Македонија. Целта на првата работилница беше да наследниците се стекнат со вештини со кои би ги научиле  родителите како да им го предадат бизнисот и беа обработени следниве две теми: Разбирање на предностите и недостатоците на семејните бизниси. Транснационални разлики и градење на компетенции на идните наследници. Следната 2-ра обука е закажана на 07.06.2018 со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанска Комора на Македонија. Обучувач повторно ќе биде господинот Зоран Витанов, а ќе бидат обработени следниве теми:  Стратегии за раст за семејни бизниси (ќе научите за дефинирањето, избирањето и реализацијата на стратегијата за раст, стратегија која нема да биде афектирана од генерацискиот јаз)  Лидерство на следната генерација (ќе научите за стиловите на лидерство, емоционалната интелигенција, водењето со пример и планирањето и спроведувањето на сукцесијата). Свое излагање на тема „Семејните динамики во организациските системи“ на оваа работилница ќе има и Марина Анчевска, која после долгогодишно учење од најдобрите тренери за личен развој, меѓу кои и Тони Робинс и Далај Лама, успева да креира еден поинаков, холистички пристап кон бизнисот, кој сам по себе претставува револуција во обуките за личен развој. Доколку сте потенцијален наследник на фамилираен бизнис, имате од 18 до 35 години и барате одговор на овие прашања, пополнете ја онлајн апликацијата и потврдете го вашето учество со клик на следниов линк. *Напомена: Крајниот рок за пријавување е 06.06.2018. Оние што веќе беа дел од првата обука не треба повторно да се регистрираат.