Вести

Вести

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКА: „Претприемништво преку спорт“

Дали сте заинтересирани за претприемништво? Дали знаете дека можете да научите за претприемништво преку спорт? Доколку сакате да стекнете претприемачки вештини, а во исто време да бидете активни и да се забавувате, ова е вистинската обука за вас.  Во рамки на проектот „Оддржлив развој преку спорт“, ЦЕФЕ Македонија организира интернационална обука за „Претприемништво преку спорт“ која ќе се реализира во периодот од 20.06.2022-25.06.2022 год, во хотел Истатов, Дојран. Работен јазик на обуката ќе биде Англискиот јазик. Ги покануваме сите заинтересирани да се пријават на следниот линк. Право на учество има следнава целна група:  невработени, кои не се дел од образовниот процес во моментот да се на возраст од 20-34 години Да се мотивирани и заинтересирани за активно учлество на обуката Доколку сте заинтересирани за учење на нови вештини, справување со нови предизвици, забава и дружба со учесници од други држави и стекнување на интернационално искуство, слободно пријавете се.  Повеќе информации за обуката, како и за целите на проектот може да најдете во инфопакот Трошоците за сместување и храна се покриени од страна на Еразмус + програмата. Можност за учество ќе имаат 6 учесника од Р.Македонија. Рокот за аплицирање е 15.06.2022. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани преку емаил. Потребни ви се дополнителни информации, јавете се на 071/ 324-959 Благој или на blagoj.t@cefe.mk

Вести

Успешно реализирани обуки за финансиска писменост

Во периодот април – јуни 2022, во Македонија се одржаа обуки за финансиска писменост преку едукација и вештини за штедење. Овие обуки беа организирани од страна на Асоцијација на агроекономисти на Македонија, Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и Македонија. Обуките и работилниците поминаа во одлчина и опуштена атмосфера за учење и дискусии. Имавме вкупно 50ина учесници од Скопје, Кочани, Прилеп, Битола, Струга, Куманово, Радовиш, Струмица, Тетово, Охрид, Дојран и други градови од Македонија, што укажува дека онлајн рабтилниците даваат можност на сите без разлика на нивната локација. Учесниците кажаа дека покрај интересната методологија на работа и финансиските термини, се запознаа и со дигитални вештини за работа како зоом, драјв и формс. Учесниците на обуките се здобија со: Разбирање на едонставните финансиски концепти како приход, трошок, заштеда, кредит, и инфлација. Изработка, следење и анализа на личен и семеен буџет. Способност да се идентификуваат тековни и идни желби и потреби. Разбирање на целта и придобивките од штедењето. Разбирање на различните форми на штедење, како и разликите помеѓу добри и лоши финансиски институции – ризик, бенефиции и сл. Зголемување на квалитетот на живот на учесниците и нивните фамилии преку подобрена финансиска писменост. Најважно од се е што сите учесници изјавуваа дека имаат одлично исксутво, прекрасно дружење и забавна едукација. Обучувачи беа Елена Гагачева, Валентина Тодороска и Валентина Зафироска (од ЦЕФЕ Македонија). Катерина Мисиркова (од Џуниор Ачивмент Македонија), Ана Симоновска и Ивана Јанеска Стаменковска (од Здружението на Агроекономисти на Македонија). Тие инвестираа во 10 дена обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung Master Trainers. Тие сега се повеќе подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници.

Вести

Повик за учесници на обуки: Финансиска писменост преку игри за штедење

Април – мај 2022 |онлајн, македонски јазик Здраво! Ви благодариме за вашиот интерес за обуките кои имаат за цел да ги откријат предностите, целта и добивките од штедењето.  За што се работи во програмата? Во текот на оваа програма, ќе учествувате во игра која е натпреварувачка и предизвикувачка. Играта се состои во управување на буџет од страна на едно семејство. Управувајќи со буџетот на вашето семејство, ќе се обидете да ги надминете сличните домаќинства во однос на финансиската писменост и заштедите – со цел да го достигнете највисокиот квалитет на живот. Ќе му помогнете на семејството во секојдневните избори додека минуваат низ различните важни фази од животот. Со оглед на тоа што секој член на семејството има индивидуални интереси, на вас како група зависи да одлучите што е најдобро за семејството за да го зголемите квалитетот на животот на семејството како целина. Како ќе се одвива обуката? Главната методологија е искуствено учење преку симулации. Централниот дел на работилницата е игра конструирана да личи на типична ситуација во домаќинството. Како семејство, ќе бидете предизвикани да ги балансирате приходите и трошоците во семејното домаќинство, да одлучите како ќе го трошите вишокот и како да се справите со неочекуваните настани што можат да влијаат на вашиот буџет. Се состои од три рунди. Една рунда (круг, етапа) наликува на 5-7 години од животот на некое семејство. По секоја рунда од играта, ќе добивате повратни информации и ќе ги анализирате перформансите на вашето семејство во однос на другите семејства. Програмата се состои од 2 компоненти: Самата игра за заштеда, каде што ќе управувате со вашето семејство во текот на 3 круга-рунди, од кои секоја претставува околу 5-7 години во реалниот живот 3 едукативни сесии, кои ќе ве информираат за различните аспекти на штедењето. За кого е наменета оваа обука? Концептот на штедење веројатно веќе им звучи познато на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите заинтересирани. Студенти, вработени, невработени, претприемачи од 14 години до 70 години. Единственото нешто што ви треба е: мотивација за учество; (запомнете дека нашата единствена цел на оваа планета е да учиме), десктоп или лаптоп компјутер со инсталирана апликација ZOOM; и интернет конекција. Што ќе добиете од обуката? Зголемена финансиска писменост во смисла на штедење; Потенцијален квалитетен живот за себе и вашето семејство; Дневни навики за заштеда на пари; Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество); Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели; Работен јазик: македонски Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10 дена обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung Master Trainers. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници. Елена Гагачева, (економист, национален CEFE тренер); Валентина Тодороска, (проект менаџер, Национален CEFE тренер); Ана Симоновска (вонреден професор, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје); Ивана Јанеска Стаменковска (вонреден професор, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје); Катерина Мисиркова (канцелариски асистент, Јуниорски достигнувања Македонија, претседател на Алумни клуб ЈА Македонија); Валентина Зафировска, (наставник, Национален ЦЕФЕ тренер); Кога и каде ќе се одржуваат обуките? Сите работилници ќе бидат онлајн, преку платформата за состаноци ZOOM. Начелните датуми за работилниците се: Тренинг 1: 19-22 април 2022 година (од 16 до 19 часот секој ден) Тренинг 2: 26-29 април 2022 година (од 16 до 19 часот секој ден) Тренинг 3: 06-09 мај 2022 година (од 16 до 19 часот секој ден) Тренинг 4: 27-29 април 2022 година (од 15 до 19 часот секој ден) Тренинг 5: 04-06 мај 2022 година (од 15 до 19 часот секој ден) Тренинг 6: 01-03 јуни 2022 година (од 15 до 19 часот секој ден) Како да се пријавите и да учествувате? Погледнете ги предложените датуми и видете во вашиот календар кога сте слободни. Потоа, пополнете го формуларот за пријава на следниот линк, и изберете за која од предложените датуми се пријавувате. Откако ќе се пријавите, ќе добиете известување од нас дали и за кој датум сте примени на обука.  Треба да знаете дека изборот се врши по принципот прв дојден – прв услужен. Што значи, не чекајте премногу за регистрација. Само проверете ја вашата достапност на датумите за работилниците и инвестирајте 3 минути и пополнете го формуларот за пријава. За резултатот од изборот ќе бидете информирани од координаторите и организаторите на обуката од ЦЕФЕ Македонија неколку дена пред почетокот на обуката. За секоја обука ќе избереме најмногу 15 учесници. Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија како партнерство на: Асоцијација на агроекономисти на Македонија, Junior Achievement Macedonia и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија. Контакти за прашања: г-дин Јован Сталевски / Телефон: +389 78 437 267 / Е-пошта: info@cefe.mk г-дин Благој Трајков / Телефон: +389 71 324 959 / Е-пошта: blagoj.t@cefe.mk Sparkassenstiftung für internationale Kooperation E.V. е заеднички ентитет на Финансиската групација на штедилниците во Германија. Од своето основање во 1992 година, Sparkassenstiftung ги поддржува финансиските институции во земјите во развој, новите и земјите во трансформација, кои го промовираат економскиот и социјалниот развој во нивните земји нудејќи финансиски услуги ориентирани кон потребите. Sparkassenstiftung ја следи целта да го подобри професионализмот на своите партнерски институции, овозможувајќи им на своите клиенти постојан пристап до финансиски производи. Германскиот Шпаркасен повеќе од 200 години дава доказ дека е можно одржливо и успешно микрофинансирање, но за тоа е потребна ефикасна организација и високо ниво на професионализам. Sparkassenstiftung ги пренесува овие основни фактори на успех на своите партнери во проектот. Денес, Sparkassenstiftung е една од најголемите приватни институции за развојна политика во Германија.

Вести

ЦЕФЕ Македонија стана заштитена трговска марка

Денеска живееме во време каде што деловната заедница се повеќе се глобализира и бизнисите и светот се дигитализираат со брзо темпо. Пазарот станува се повеќе натрупан, па доколку сакате да останете компетитивни, мора да понудите квалитет, кој се повеќе се цени денеска. Иновацијата отсекогаш била клучот за успехот во компаниите и останува извор на енергија на економијата базирана на знаење која е предизвик на секоја земја. Насекаде каде што има голема конкуренција, еден од начините на привлекување на купувачи е персонализацијата на производот. Ние во ЦЕФЕ Македонија на различни начини се трудиме и инвестираме во оддржувањето и подобрувањето на нашите услуги. Еден од тие начини е да го изградиме ЦЕФЕ Македонија во заштитена трговска марка и да го потврдиме позитивниот углед. Преку ова сакаме да ги осигураме нашите клиенти дека од ЦЕФЕ Македонија добиваат услуга во која ќе имаат доверба и на чиј квалитет ќе можат да се потпрат. Една од главните наши услуги е консалтингот во сферата на промоција на приватниот сектор преку обука, обучување и менторство на луѓето да станат претприемачи или да го подобрат нивниот бизнис преку ЦЕФЕ Методологијата која користи пристап со искуствено учење насочен кон акција и методи на учење со цел да се развијат и зајакнат менаџерските и личните вештини на претпримачите кои потоа ќе овозможат одржлив економски развој. Нашата методологија се покажа како успешен пристап во промоција на претприемништвото. Тимот на ЦЕФЕ Македонија гледа долгорочно на работите, и цврсто веруваме дека тоа е единствениот начин да останете компетентни на пазарот денеска.

Вести

СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НЕ Е КВАНТНА ФИЗИКА

Присутните на настанот се уверија дека идеите за социјален бизнис не се квантна физика туку препознаени потреби или предизвици со кои се соочуваме во секојдневното општествено живеење. На 11.03.2022 во Хотел Панорамика во Скопје се оддржа настанот за вмрежување “Поддршка за социјални претприемачи“ во организација на ЦЕФЕ Македонија. На настанот присутсвуваа повеќе од 40 луѓе меѓу кои имаше социјални претприемачи, едукатори од формалното и неформалното образование и млади луѓе кои што се заинтересирани во областа на социјалното претприемништво. На настанот беа презентирани Прирачникот за основање на социјален бизнис во 10 чекори и Прирачникот за обука за социјално претприемништво за едукатори и обучувачи кои што произлегоа од самиот проект SE4YOU. Доказ дека социјалното претприемништво има светла иднина кај нас се младите и потенцијални идни претприемачи кои учествуваа на обуката реализирана минатиот месец. Дел од нив ги презентираа своите социјални бизнис идеи, по што беа избрани двете најдобри од страна на жири комисијата. Победниците ќе имаат можност да учествуваат на петдневен настан за Социјално претприемништво во Вилнус, Литванија. На сите учесници на крајот на настанот им беа доделени и сертификати за учество на обуката, додека на обучувачите беа доделени благодарници од страна на ЦЕФЕ Македонија. Овој настан беше одлична можност за вмрежување и размена на идеи поврзани со социјалнo претприемништво. Проектот „Социјално претприемништво за млади“ е поддржан од Еразмус + програмата на Европската Унија во рамки на КА205 – Стратешко партнерство за млади, а е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија и партнерските организации Einurd (Island), Tavo Europa (Литванија), Enoros Consulting (Кипар), Prism (Италија) и Organization Earth (Грција).

Вести

Повик за настан за вмрежување „Поддршка за социјалните претприемачи”

Чест ни е да Ве поканиме на настан за вмрежување и забава „Поддршка за социјалните претприемачи” , кој ќе се одржи на 11-ти март 2022 година во хотел „Панорамика“ во Скопје (ул. Тодор Александров бр. 57), со почеток од 16 часот. Целта на настанот е присутните да се вмрежат, разменат мислења и бизнис идеи за развој на социјално претприемништво во Македонија, промовираат свои добри пракси, како и да се запознаат со производите што ЦЕФЕ Македонија ги нуди за развој на социјалните претприемачи. Поканети сте сите поддржувачи на социјалното претприемништво во нашата земја, како и едукатори од формалното и неформалното образование, што е  одлична можност за вмрежување и соработка на луѓе од различни сектори. На настанот ќе бидат презентирани досегашните резултати од проектот „Социјално претприемништво за млади“ со посебен осврт на Прирачникот за Основање на социјален бизнис во 10 чекори и Прирачникот за обука за социјално претприемништво, наменети за обучувачи и едукатори Дополнителна вредност ќе бидат презентациите и фидбекот на социјалните бизнис идеи на учесниците на обуката за социјално претприемништво која беше реализирана во февруари 2022 година. Проектот „Социјално претприемништво за млади“  е поддржан од Еразмус + програмата на Европската Унија во рамки на КА205 – Стратешко партнерство за млади, а е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија  и партнерските организации Einurd (Island), Tavo Europa ( Литванија), Enoros Consulting (Кипар), Prism (Италија) и Organization Earth (Грција). Агендата за настанот можете да ја видите на: SESE- Agenda-2022(Mk version).docx .docx Пријавување за учество на линкот, најдоцна до 08 март 2022. Контакт лице: Благој Трајков (071/324-959), blagoj.t@cefe.mk