Меѓународна обука Family Matters во Измир, Турција

Сподели

Во периодот 8–14 март, во Измир, Турција, се одржа втората меѓународна обука во рамки на Erasmus+ проектот Family Matters, која ги обедини 25 младински работници од Естонија, Малта, Турција и Македонија.

Оваа обука претставуваше клучен чекор во развојот на проектот – премин од креирање кон практична примена на иновативните алатки за работа со млади и нивните семејства.

Во текот на обуката, учесниците:
🔹 ги тестираа и искусија 15-те развиени алатки базирани на методи од семејна терапија
🔹 работеа директно со експерти и психолози за нивно унапредување
🔹 развија практични вештини за фасилитација и примена во реални услови
🔹 креираа јасен план за пилотирање во своите земји

Следниот чекор е пилот фазата, во која младинските работници ќе ги применуваат овие алатки со:
120 млади лица и нивните семејства (по 30 во секоја земја – Естонија, Малта, Турција и Македонија)

Целта е да се постигнат конкретни позитивни промени кај младите:
✔ подобрена комуникација во семејството
✔ зголемена самодоверба и емоционална стабилност
✔ намалување на конфликти
✔ развој на вештини за донесување одлуки и решавање проблеми
✔ поддршка во личниот и кариерен развој

Оваа обука уште еднаш покажа дека преку соработка, иновација и споделување знаење можеме да создадеме силни алатки кои имаат вистинско влијание врз животите на младите.

Продолжуваме со имплементација и со нетрпение ги очекуваме резултатите од пилотирањето!