Годишно собрание на ЦЕФЕ Македонија и усвојување на Акциониот план за 2026 година

Сподели

ЦЕФЕ Македонија го одржа своето редовно годишно собрание, на кое се собраа дел од членовите на организацијата со цел заедничка дискусија и донесување одлуки поврзани со идниот развој на ЦЕФЕ.

Во фокусот на состанокот беше Годишниот акционен план на ЦЕФЕ Македонија за 2026 година, со посебен акцент на долгорочниот институционален развој, јакнењето на организациските капацитети и стратешката насока на делување во наредниот период. Преку отворена и конструктивна дискусија, членовите разговараа за приоритетите, програмските активности и визијата за одржлив раст и зголемен општествен импакт.

Годишниот акционен план за 2026 година беше едногласно усвоен од сите присутни членови на ЦЕФЕ Македонија, со што се постави јасна рамка за имплементација, следење и понатамошно унапредување на активностите на организацијата.

Во рамките на собранието, беа свечено доделени сертификати на новите Национални ЦЕФЕ обучувачи и советници, со што дополнително се зајакнува ЦЕФЕ мрежата на обучувачи и се обезбедува континуитет во квалитетот, менторството и професионалниот развој.

ЦЕФЕ Македонија продолжува да гради силна, одговорна и одржлива заедница, насочена кон претприемништво, едукација и позитивни општествени промени.