Клуч до успехот: Обука за деловна комуникација и преговарање

Сподели

Нашиот успех во животот зависи од квалитетот на нашите односи, кои пак зависат од квалитетот на нашата комуникација со нас самите и со луѓето околу нас. Комуникацијата т.е. она што го зборуваме и како го зборуваме претставува основен фактор за тоа дали ние ќе успееме или не.

Замислете си да имате способност за зборувате со уште повеќе возбуда и моќ. Да можете досаден состанок да го претворите во динамичен и продуктивен. Да ги мотивирате вашите соработници да ги исполнат предвидените рокови и да и надминете проектираните цели.

Сето ова зависи од вашата способност за комуникација. Што ние комуницираме, но уште по важно – КАКО комуницираме.

ЛОКАЦИЈА И ВРЕМЕ:

Локација: Земјоделски Факултет Скопје 

Дата: 01 и 02 Февруари 2025

Време: 10:00 – 17:00

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

  • Развивање ефективни комуникациски вештини
  • Разбирање на длабоките аспекти на комуникацијата
  • Подобрување на емоционалната интелигенција
  • Препознавање и управување со манипулацијата
  • Унапредување на лидерските и тимските односи
  • Креирање стратегии за успешна комуникација
  • Промена на некорисни мисловни обрасци
  • Подобрување на личниот и професионалниот успех.
  • Управување со стрес
  • Ефикасно преговарање

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?

  1. Твојата лична карта на личноста – преку интерактивна вежба ќе дознаеш кој тип на личност си и како тоа влијае на твојот стил на комуникација.
  2. Ќе откриеш кој е твојот доминантен комуникациски канал и како да го користиш за да бидеш подобро разбран и поуспешен.
  3. Ќе научиш како рапортот создава доверба и ја отвора вратата за отворена и искрена соработка.
  4. Ќе совладаш техники за давање feedback што мотивира и поттикнува позитивни резултати.
  5. Ќе ги дешифрираш мета програмите – скриените обрасци на однесување кои го обликуваат нашиот начин на размислување и работа. Преку забавна вежба, ќе дознаеш кои се твоите најсилни програми и како да ги искористиш за личен и професионален напредок.
  6. Ќе научиш зошто е важно да го разбереш составот на твојот тим и како да ги избереш вистинските луѓе за врвни резултати.

ЗА ОБУЧУВАЧОТ: 

Ани Спасовска – Амбициозна, претприемчива, динамична, креативна, позитивна и ефикасна личност која креира тимови да работат ефективно. Добитник на значајни домашни и меѓународни награди, меѓу кои и менаџер на годината. Сопственик на компанијата „Вајз Консалтинг“.

Континуирано вложува во својот професионален и личен развој, посетувајќи над сто семинари и обуки во земјава и во странство. Сертифициран тренер по НЛП Методологија и моментално е асистент на НЛП Институтот Slavica Squire во Белград. До сега има над 1,500 h реализирани обуки, работилници, работилници за градење на тим во Македонија и странство.

ЗА КОГО Е ОВАА ОБУКА?

  1. Менаџери, сопственици на бизнис и луѓе на раководни позиции,
  2. Луѓе кои работат во продажба и преговарање,
  3. Професионалци кои работат во регрутација на кадар и во човечки ресурси,
  4. Секој кој што сака да ја подобри комуникацијата со цел остварување подобри резултати,
  5. Секој кој што е посветен на сопствен развој и мотивиран да ги надоградува своите вештини.

ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ?

  1. Работен материјал.
  2. Практични вежби и алатки кои веднаш можете да ги применувате во Вашето работење.
  3. Сертификат за присуство и стекнати знаења.
  4. Континуирана поддршка за времетраење на обуката.
  5. Оброк, кафе и освежување за време на обуката.

Надомест за учество*: Вие имате единствена можност за само 8.888 денари** да учествувате на висококвалитетна обука!
Инвестицијата во себе е најисплатливата инвестиција.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

Пријавете го и регистрирајте го вашето учество со пополнување на електронската форма за учество до 27 јануари 2025 година.

  1. Извршете уплата на сумата на сметка: 

ЦЕФЕ Едукација и Тренинг

210-0749054201-96 

НЛБ Банка АД Скопје

Цел на дознака: ИМЕ ПРЕЗИМЕ (на учесник) 01 БизКом

Или

Цел на дознака: ИМЕ НА ФИРМА 01 БизКом

  1. Со вашата уплата ви испраќаме потврда за регистрација и ги отпочнуваме подготовките на материјали за вашето место. 

* Надомест за учество на обука – политики и промоции на ЦЕФЕ Македонија:

  • Цена за учество на 1 претставник од организација е 8.888 денари. Бројот 8 означува сила, успех и богатство. Ги симболизира разните можности кои стојат пред нас, а ги претставува континуираноста на нештата, нивното повторување и кружење. Со други зборови, повикува на упорност и повторување кои водат кон успех. Овој број укажува на одлучноста да се постигне нешто и притоа да се стане побогат, не само во смисла на материјални нешта.
  • Промотивна цена за учество на 2ца претставници од иста организација е 15.500 денари. 
  • Промотивна цена за учество на 3ца претставници од иста организација е 21.500 денари.
  • Уплатата се врши пред започнување на обуката.
  • Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надоместот за учество доколку лицето одсуствува на дел или целосната обука или е претставник од непрофитни органзиации. 

** Реалната цена на чинење на оваа обука изнесува 13.000 денари, по учесник. Соработката меѓу ЦЕФЕ Македонија и Вајз Консалтинг ви ја доставуваат по промотивни услови со цел да им се овозможи поголемо учество на претставници од микро и мали фирми, како и индивидуалци кои сакаат да инвестираат во себе и да напредуваат во својот личен и професионален живот.

За повеќе информации околу начините на учество, пријавување и организација, јавете се на нашите советници за обуки и учење: