Зацврстување на соработката со училишта во Уганда

Сподели

Во месец октомври и ноември 2024 година, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандуми за соработка со организации и училишта од Уганда. 

Чест ни е што имаме пријатели и соработници во стручните училишта од Кабале регионот:

  1. „Drucilla Balaba Vocational Training Institute“
  2. „Hosanna Vocational Training Institute“
  3. „Shalom Vocational Training Institute“
  4. „Work Uganda“
  5. „The Kabale Shepherd Centre“

Целта на меморандумите е соработка во активности поврзани со претприемништво како и заеднички проекти за економско и социјално јакнење на локалните заедници.

Овие меморандуми ќе овозможат организирање на уште 7 обуки  за 120 учесници до април 2025 година во Уганда. 

Учесниците на обуките ги изучуваат темите: претприемачки карактеристики, анализа на бизнис идеи, маркетинг план, финансиски план, план на производство и организација, како и околина на бизнисот.

Следните обуки ќе се одржат во ноември и декември 2024 година, а визијата на оваа соработка е да се поттикне претприемачка култура и компетенции кај младите од регионот Кабале, со што ќе се создадат нови можности за економски развој и одржлива иднина.