Јакнење на иднината на туризмот: Ученици од Македонија ја истражуваат моќта на виртуелната реалност

Сподели

Како дел од проектот ВИРТУАЛ  https://www.virtual-erasmusproject.eu/, чија цел е јакнење на дуалното образование во туристичкиот сектор преку виртуелна и проширена реалност, ЦЕФЕ Македонија организираше мобилност за 10 ученици и студенти од наши партнерските училишта,  СОУ Коле Нехтенин Штип, ДСУ РЦСОО Коле Неделковски Велес и ОСУ Ацо Русински Берово.  Мобилноста се спроведе на Универзитетот за Бизнис и Технологија во Приштина, Косово, во периодот од 10 до 11 октомври 2024 година. Целта на оваа мобилност беше да ги запознае учесниците со моќта на технологијата и можностите за едукација преку виртуелните технологии и дидактички алатки, конкретно преку виртуелна и проширена реалност. Оваа иницијатива има за цел да го зголеми квалитетот на образованието за учениците и индиректно да придонесе кон развојот на туристичкиот сектор во нашата земја.

Проектот ВИРТУАЛ е дизајниран за подобрување на компетенциите, вештините и можностите за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот), особено во областите на угостителството и туризмот. Тој се фокусира на интегрирање на иновативни технологии, како што се виртуелна реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори, во ВЕТ институциите низ Западен Балкан, поддржувајќи ја пошироката концепција на Образование 4.0.