Во рамки на проектот ВИРТУАЛ (јакнење на дуалното образование во туристичкиот сектор преку виртуелна и огментирана реалност). https://www.virtual-erasmusproject.eu/ , ЦЕФЕ Македонија организираше обука за 10 експерти и професори од областа на туризмот, како и преставници на наши партнерски организации.
Обуката се спроведе во период од 30.09 до 04.10.2024 во Европскиот Универзитет Тирана кои беа домаќини на истата како организација дел од проектот.
Целта на обуката беше запознавање на учесниците со дидактички алатки за едукација преку примена на виртуелната и огментативната реалност, со цел да се зголеми квалитетот и можностите за едукација на студентите и учениците, а индиректно да придонесе во развој на туристичкиот сектор во нашата земја.
Проектот ВИРТУАЛ има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0.






