Обучувачи од ЦЕФЕ Македонија ги реализираат обуките за самовработување на АВРМ и УНДП

Сподели

Катерина Кимовска и Јован Сталевски се дел од тимот на обучувачи, ангажирани од УНДП Македонија да ги реализираат обуките за бизнис вештини и бизнис планирање од проектот „Креирање на можности за вработување за сите“.

Проектот е партнерство помеѓу УНДП, Министерството за Труд и Социјална Политика (МТСП) и Агенцијата за Вработувае на Република Македонија (АВРМ) и се стреми кон ефективно осварување на националниот оперативен план и активните мерки за вработување на Р. Македонија.

Програмата за обука се заснова на практични вештини и алатки за учесниците да се здобијат со потребното умеење за предизвиците на водењето на бизнис и ќе направат нацрт бизнис план и маркетинг план. Обучувачите се ангажирани да ги покријат сите делови од развивањето на успешен бизнис план: од развој на бизнис идеја, финансиски стратегии за мали бизниси, клучни маркетинг совети, па се до препораки како да се пребродат типичните потешкотии на пазарот.

Секој обучувач работи во тим и ќе реализира по три обуки, кои траат по четири дена. Се одржуваат во Битола и Прилеп во Центрите на Агенцијата за вработување на Македонија.