На 08 и 09 Април во организација на АИЕСЕК Прилеп, се одржа Семинарот за Лидерство (Leadership Inspirational Seminar) во просториите на Економски факултет Прилеп. На овој семинар беа присутни студенти и средношколци за да ги научат чекорите за постанување на лидер кој е потребен на денешницата.
Беа опфатени повеќе теми на дискусија, а како дел од нив беа превземање на ризик, лидерство во теорија и пракса, креативност и иновации, кариерна компетентност, управување со време и водење на тим, комуникациски вештини, претприемништвото како клучен фактор во самовработувањето, Преку пракса до искуство и стратешко планирање. Голема благодарност и оние кој беа дел од семинарот како предавачи и го пренесија своето знаење на една ентузијастичка група на учесници.
Како предавачи се појавија: Јован Сталевски, Михаил ТемелкоскиДворчанец, Доц. др. Моника Ангелоска-Дичовска, Христијан Божиноски, Ангела Реловска, Цвете Станојоска, Огнен Јанески, Борче Василевски и Влатко Шејкероски генерален менаџер на Tilla за сесијата за успешна приказна.
Јован Сталевски зборуваше за мотивите и придобивките да се биде претприемач како и важноста на превземањето на ризик како една од важните претприемачки каактеристики.
#LIS#DARETOLEAD
[Best_Wordpress_Gallery id=”12″ gal_title=”Ekonomski AISEC Prilep”]

