30 ученици учествуваа на обуката Микро Бизнис Игра – игри за финансиска писменост

Сподели

Обуката ја реализираше професорката Мирјана Лозановска, во СОЕУ Јане Сандански во Битола на 8ми и 15ти април.

Учениците преку board gamе, симулациска игра, беа ставени во улога на сопственици на продавница за цедени сокови и се натпреваруваа меѓу себе. Тие носеа одлуки за предвидување на продажбата, правеа набавки, пресметуваа трошоци и приходи, управуваа со финансии и вработени и правеа биланс на состојба и биланс на успех за својот бизнис.

Оваа обука е многу атрактивна кај младите поради методологијата на работа, која е забавна и ги ангажира учесниците активно да се вклучени за време на целата обука.

ЦЕФЕ Македонија продолжува активно да работи на својата мисија за зголемување на финансиската писменост кај младите, и очекувајте уште вакви обуки.