ЦЕФЕ Македонија како органзиација и Јован Сталевски, како тренер, учествуваше на Меѓународниот форум за тренери во Вајмар, Германија, организиран од International Youth Work Trainers Guild – IYWT.
Форумот обедини тренери, младински работници, истражувачи и претставници на организации и професионални мрежи кои работат во областа на европските младински програми, неформалното образование и развојот на тренерската професија.
Во рамките на настанот, беше претставен и престојниот тренинг за ЦЕФЕ тренери, како и ЦЕФЕ методологијата, нејзиниот искуствен пристап кон учењето и можностите за нејзина примена во претприемништвото, младинската работа, зелената економија, циркуларната економија и развојот на компетенции.
Главната цел на учеството беше воспоставување нови професионални контакти и идентификување точки за поврзување меѓу европските мрежи на тренери и глобалната ЦЕФЕ заедница. Особено значајна е можноста за развој на идни партнерства, заеднички проекти, размена на тренери и поврзување на европски организации со ЦЕФЕ партнери од земји надвор од Европа.
За време на Форумот беа претставени и бројни бесплатни ресурси, алатки и практики за личен и професионален развој на тренерите, зелени компетенции, квалитет во меѓународната младинска работа, безбедност на учесниците и одржливост на тренерската професија. Дел од овие ресурси ќе бидат споделени и со мрежата на тренери на ЦЕФЕ Македонија.
Учеството на Форумот претставува уште еден чекор кон поголема меѓународна видливост на ЦЕФЕ Македонија и кон создавање нови можности за соработка, проекти и професионални ангажмани за нашите тренери.
ЦЕФЕ Македонија ќе продолжи активно да гради мостови меѓу националната, европската и глобалната тренерска заедница, со цел размена на знаење, развој на квалитетни програми и создавање поголемо влијание во заедниците.














































